LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    290

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
It's going to be you!

Друго време е тоа. И мислам дека беше нешто у стилот, лично мислење на Саид. Јас мислам дека намерно го форсираат Џек као кандидатот, за на крајот не остават со отворени вилици. Еден мал горчливо-сладоок мајндфак.
Епа нема смисла Соер да е кандидат, бидејќи ради него умреа Саид, Сан, Џин и Лапидус. Тој индиректно ги уби. Единствено Харли може да му парира на Џек.

Инаку, за тој што пиша дека мисли дека МИБ е добар, тоа што им намести бомба не ти е доволно?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.809
Инаку, за тој што пиша дека мисли дека МИБ е добар, тоа што им намести бомба не ти е доволно?
:)
И јас сакам да видам дали уште има оптимисти што тврдат дека Флок е добар...
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Чисто промашување ќе биде ако Лапидус биде новиот Џејкоб... барем тоа е мое мислење. Јас мислам дека Соер ќе биде новиот Џејкоб, обично секогаш е така, оној на кој најмалце се надеваш, тој е... :)
Aко тргнеме од твојава претпоставка на тоа кој би не изненадил најмногу, тогаш Хуго е најдобриот избор. :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Aко тргнеме од твојава претпоставка на тоа кој би не изненадил најмногу, тогаш Хуго е најдобриот избор. :)
Не... Хуго „зборува“ со Џејкоб, Хуго верува во остворот...
А Соер е бунтовник, не сака да остане на островот... :)
Или друга претпоставка, на крај го убиваат фЛок, Џек станува Џејкоб, Соер фЛок :)
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
41
Поени од реакции
0
Не... Хуго „зборува“ со Џејкоб, Хуго верува во остворот...
А Соер е бунтовник, не сака да остане на островот... :)
Или друга претпоставка, на крај го убиваат фЛок, Џек станува Џејкоб, Соер фЛок :)
Така би било многу логично Соер да стане новиот MIB а Џек новиот Џејкоб и на крај последнта сцена е Џек и Соер на плажата некаде далеку во иднината и Соер му вика на Џек "Do you know how badly i wanna kill you doc? " :vozbud: бидејќи Соер е некако проколнат да остане на островот,иако најмногу сака да си оди исто како MIB и Соер сака да си оди дома а Џек како Џејкоб верува во островот сега па би била монументална сцена да се стави таа на крај
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Нели само кандидатите можат да го заменат Џејкоб. Од кај сега Лапидус?!
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
41
Поени од реакции
0
Нели само кандидатите можат да го заменат Џејкоб. Од кај сега Лапидус?!
Да така е мислам дека и самиот Џејкоб и рече на Илана дека има само 6 останати или пак Илана им рече дека и кажал
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Не... Хуго „зборува“ со Џејкоб, Хуго верува во остворот...
А Соер е бунтовник, не сака да остане на островот... :)
Или друга претпоставка, на крај го убиваат фЛок, Џек станува Џејкоб, Соер фЛок :)
Не мора тоа ништо да значи, дали верува или не. И Лок веруваше во островот. :)

Него, не можеме да кажеме кој би можел да биде новиот Џејкоб, или новиот Флок. Можеби никој нема да биде ни Џејкоб ни Флок бидејќи како што видовме, островот е потонат. Мора да има некоја поврзаност со тоа што беше во првата епизода.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Јас мислам дека на крајот сите ке умрат во оригиналната верзија само Џек ке остане како протектор на островот а во алтернативната верзија сите среќно ќе си живеат!:smir:
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
:)
И јас сакам да видам дали уште има оптимисти што тврдат дека Флок е добар...
Да јас. :smir:
Тоа “добар“ го земаме условно нели. Мислам дека се сложивме дека ни Џејкоб не е добар.
Цело време ни сервираат дека островот треба да опстане за доброто на човештвото а јас мислам дека треба да се уништи за да биде подобро. :toe:
Не треба да има нов Џејкоб, и островот (вирусот) треба да се уништи.
Џек се заеба кога му рече на Лок дека е цврсто решен да остане на островот. Лок несмее да остави никого на островот, а не смее да ги убие самостојно па им ја смести бомбата. :toe:
И нели моментално Џејкоб е “во“ Дезмонд? Мене така ми личеше.
И уште нешто. Од каде знаеше Лок дека не умреле сите? Очекуваше нешто да се деси кога сите кандидати ќе умрат? Знаеме дека може поинаку да почувствува бидејќи не “почувствува“ дека Дезмонд е сеуште жив кога Саид го излажа.
До 24 мај нема да сме начисто што е и како е, па да се стрпиме уште малку. :smir:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Така би било многу логично Соер да стане новиот MIB а Џек новиот Џејкоб и на крај последнта сцена е Џек и Соер на плажата некаде далеку во иднината и Соер му вика на Џек "Do you know how badly i wanna kill you doc? " :vozbud: бидејќи Соер е некако проколнат да остане на островот,иако најмногу сака да си оди исто како MIB и Соер сака да си оди дома а Џек како Џејкоб верува во островот сега па би била монументална сцена да се стави таа на крај
Дефинитивно ќе биде најјакиот можен крај ова. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.809
До 24 мај нема да сме начисто што е и како е, па да се стрпиме уште малку. :smir:
Ти не си начисто јас сум начисто со тоа одамна :pos2:, а за трпение ќе се стрпиме.

Нема никакво сомневање одамна дека Флок е лошиот. Незнам што уште те буни, ама тоа чудо има цел да замине од островот, и сите да се испоубијат меѓу себе. Нема никаква виша цел, не го прави тоа за ничие добро и никаде не вика така. Единствена цел му е да кидне :)

Што гледаш ти добро и возвишено во сето ова? :)
 
Н

'Никола'

Гостин

Мене не ми е јасно, што кога ќе замине?? Што ќе прави, ќе тероризира, ќе убива, ќе живее како обичен човек, ќе се кандидира за претседател?? Или пак има некоја посебна цел што е така запнат да ја кидне од островот.
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Така би било многу логично Соер да стане новиот MIB а Џек новиот Џејкоб и на крај последнта сцена е Џек и Соер на плажата некаде далеку во иднината и Соер му вика на Џек "Do you know how badly i wanna kill you doc? " :vozbud: бидејќи Соер е некако проколнат да остане на островот,иако најмногу сака да си оди исто како MIB и Соер сака да си оди дома а Џек како Џејкоб верува во островот сега па би била монументална сцена да се стави таа на крај
Јас мислам ни го расипа крајот на сите.... И заврши на друг начин не верувам да биде толку добро како што напиша во постов.:vozbud:

Инаку Лапидус е мала шала... Се сеќавам барем јас прв пат слушнав за Кандидатите кога Илана му нареди на некој од нејзините,кога прв пат дојдоа на островот, да го земат и Лапидус со нив бидејќи можно е да е Кандидат (или е кандидат) и тоа така ептен го запаметив и ми остана....:smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.809
Мене не ми е јасно, што кога ќе замине?? Што ќе прави, ќе тероризира, ќе убива, ќе живее како обичен човек, ќе се кандидира за претседател?? Или пак има некоја посебна цел што е така запнат да ја кидне од островот.
Па штом го чуваат на островот, кој изгледа посебно за тоа и служи... изгледа дека е јако опасен. Многу е глупаво некој што го претставува злото фа го чува тој што го претсавува доброто затворен на некој остров. Ќе го убие и ај здраво, тоа му е работа на злото, да го убива доброто. Обратното има секаква логика: Доброто го чува злото да не се рашири.

Ќе добиеме поконкретни одговори се разбира, ама јасно е и тоа одамна, кој на која страна е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom