Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Комшилук наопаку во вторникот у драмски...а ми се иде на Касапски кучиња незнам коа ке ја има на репертоар пак
 
Е сега, мора да искористам нов пост, бидејќи никој нема да го прочита ова заедно со претходниот.
Денес ја гледав “Демонот од Дебар маало“. Знам доцна, но ете. Немам оправдување.
За разлика од претходниот мој пост, Унко покажува “олд скул“ режија. Но нема потреба да кажувам колку ми се допадна она што вечерва го видов. Ќе кажам само дека покрај беспрекорната глума, фантастично склопената сценографија и одличната режија секој просечен Македонец треба да ја види, а секој Македонски “буџован“ МОРА да ја види. Претставата е бунт во вистинска смисла. Против системот, владата, народот и светот, се` заедно. Но пред се` против општеството наше македонско и транзиционо. Против срањата кои ни се случуваат секојдневно а сите се прават дека не гледаат. Претстава за Скопјани, за оние кои го сакаат градот, кој го почитуваат стариот дух на Скопје, на Дебар Маало и на скопјани како група и како институција (бидејќи скопјанец како таков Е институција).
Фантастична претстава... се` на се`.
 
пред месец-дена ја гледав `мме кој прв почна` - фантастична изведба, а сеа у петок се токмам да идам да ја гледам `бегалка`...
купив и карта веќе... :)
 
сеа у петок се токмам да идам да ја гледам `бегалка`...
купив и карта веќе... :)
добро е шо си купив карта порано, пошо ептен беше гужва!
али претставата беше ФЕНОМЕНАЛНА!:vozbud: :vozbud: :vozbud:

по втор пат доживеав катарза на претстава, после мме...
 
Kомшилук наопаку. И Демонот од Дебармаало.
 
Последно гледав предпремиера на "Од кол на кол" од Коле Ангелоски претставата е лудница:D:D смееејне до дрт:) иначе се игра во Прилеп во народниот театар Војдан Чернодрински.
 
Еј во последно време ич немам ојдено на театар.Порано одев редовно и ги имав сите претстави во Бт гледано.А баш ми се оди на театар.
 
Небо без рамка..И тоа оддамна..Ич не сум по театарот:wink:
 
Откако отидов на КУПИДОНА ми се изгуби желбата да одам на драми, а сакам, само страв ми е да не налетам пак на таква грозотија.
На што личи тоа лигавење, фаќање, штипење...ууххх грозно, ми надојде на повраќање.
Ако може некој да ми предложи добра драма да гледам, слободно :), и така сега имам повеќе слободно време.
 
Posledna so ja gledav bese "Krvavo crveni cevlicki" germanska predstava bese u dramski pred nekoe vreme....
 
Откако отидов на КУПИДОНА ми се изгуби желбата да одам на драми, а сакам, само страв ми е да не налетам пак на таква грозотија.
На што личи тоа лигавење, фаќање, штипење...ууххх грозно, ми надојде на повраќање.
Ако може некој да ми предложи добра драма да гледам, слободно :), и така сега имам повеќе слободно време.
Ни мене не ми се допаѓа Купидона баш. Ради Лилиќ ја глеав до душа... Не ме воодушеви воопшто.
Во Драмски... Демонот од Дебармаало мора да се гледа. Јас малку подоцна отидов, ама вредеше и те како. Прекрасна е.
Комшилук наопаку исто, задолжително. На Жугиќ изведбата...
mysmilie_163.gif
Уште ми стои сликата во глава. Ладало, не баш.
Диво месо е фантастична, мојата омилена. Ако ти прави проблем фаќање, штипење и слично, да знаеш, има една сцена и овде... Ама тоа си е до режијата, што мене ни малку не ми пречеше, страшно добро е спакувано. Малку поинаку е... Не е поентата да ти кажувам, како и да е, одлична е претставата, вреди да се погледне. :)
Македонски рулет е добра. Борче Начев имаше улога колку што се сеќавам. И оваа е за гледање.
МНТ... Буре барут. Меѓу моите омилени. Болва в уво - не.

Не знам на репертоарот што има сега, ти кажувам дел од тоа што јас сум гледала, а ми се допаднало. Ако начекаш нешто од ова, обавезно да гледаш. И Јонадаб не е нешто посебно. Ама не знам каде ја гледав таа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom