Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

:raz: "Да се заборави Херострат" - мислам дека ваа беше, едно 3-4 месеци не сум била у театар не за друго не работше :( ама ај кај и да е треба пак да почнат со претстави :zlo:
 
Комшилук Наопаку ја гледав пред некој ден. Вреди.
 
Комшилук Наопаку ја гледав пред некој ден. Вреди.
Ја гледав вчера у склоп на Денови на комедија. Повеќе современа драма отколку комедија, ама вреди да се види.
 
Само што се вратив од "Грофот Миливој"
 
Ја последна ја гледав “Комшилук наопкау и стварно е јака, доста емотивна и поучна претстава шо ќе те натера да размислиш:uvo:
 
комшилук наопаку супер е само што моето друштво повеќе уживаше во претставата отколку јас може не ми е денот

комедија а длабоко во пеиказната е скриена целата трагедија со која се соочува градот скопје па и земјава
 
пред некој ден ја гледав "Народен пратеник"
 
Завчера ја гледав “Демонот од Дебар Маало“ .
Претставата е лудница. Има се... одличен хумор, интересна приказна и јасна порака. Обавезно да се гледа!
 
денес т.е вчера ја гледав „Сомнително лице“ (МНТ центар) уф колку добра претстава со одлични глумци стара гарда а пред две недели „Големите очекувања“ исто така многу убава претстава со нови млади глумци ме воодушевија двете претстави...
 
Пред некој ден ја гледав “Касапски кучиња“ aka "Reservoir dogs" од Бојан Трифуновски. Интересна замисла морам да признаам, да се преработи филмот на сцена, само... ако смеам да искоментирам, не успешно. Барем јас, како аматер во рецензирање претстави добив впечаток, дека американските холивудски и Тарентино финти не успеваат на македонска сцена. "Who the fuck is Toby" додека трае муабетот за "Like a virgin" едноставно не може да се префрли на македонски. Имам забелешки на глумата исто така. Се доби впечаток како претставата да не е доработена. Како некој да барал од актерите да го знае текстот идеално и прецизно, па често се грешеше на одредени зборови. Премногу викање и онаму каде нема потреба, пцовки кои исто така на одредени места немаат потреба (Океј во филмот палат, ама сцена е сцена), и она што секогаш забележувам кога се работи за македонски претстави, филмови, серии... литературниот говор во претстава каде се кажува 100 пати “Ебате“ не може да постои, освен ако со него некој нешто сака да потенцира или направи штос.
Од друга страна го запознав Бојан Трифуновски на кратко... прекрасен млад човек. Мора да признаам. Се надевам дека ќе продолжи со она што го работи, и се надевам дека еден ден ќе има одлично подготвена претстава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom