Искрено ми се допадна епизодата. Иако малку досадна и еднолична, сепак си имаше некои прави ГоТ елементи.
Суштинска грешка на Ренира што гледајќи дека татко и е пред умирање, таа е на милион километри оддалеченост. Ова е онака почетнички, како Нед што мислеше дека после смртта на Роберт лесно и мирно ќе ја однесе власта до вистинскиот наследник и никој ништо нема да му каже.
Однесувањето на Егон ме асоцира како на мало дете кое не сака да прави нешто/одбива да оди некаде, но кога тоа фактички се случува, едноставно го понесува атмосферата и ги согледува бенефициите.
Братот како крал се замисли како ќе ја ебе секоја што ќе му излезе пред очи и како ќе гледа детски борби сред собата на тронот. Неговата мисла, неговиот товар дека татко му не го назначи за наследник на тронот туку таму ќе заврши заради сплетки, е тоа бреме кое што веројатно ќе го поттикнува уште полошо и подеспотски да владее. Тој товар, тоа самознаење дека не треба да биде на тронот, го имаше и Џофри во ГоТ, што покрај неговата природна забеганост силно го мотивираше да биде гнасен, перверзен и злобен.
Она со змејот беше јако, иако малку нејасно ми е како за неколку минути успеа да оди до драгон пит и да го јавне.