House of the Dragon

За кој тим сте во војната наречена „Танц на змејовите“?

  • Тимот на ЦРНИТЕ - Кралицата Ренира I

  • Тимот на ЗЕЛЕНИТЕ - Кралот Егон II

  • Неопределен


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Ф

Флеш

Гостин
Добар беше крајов на последнава епизода ....

Не знам зошо,ама ептен ме потсеќа случувањава и мешањево за наследник на починатиот крал со се на смртта на нашиот Александар Македонски кога починал во Вавилон . Кога рекол на најакиот и следува војна на Дијадосите .... Има елементи .... :LOL:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.493
Поени од реакции
39.337
Ќе го тупеле ова 4 сезони, а втората ќе излезе тек пролетта 2024.:pos::pos:

Овој големиот змеј да им го начука на сите у уста, посебно на таа госпожата од Дрифтмарк.
 
Ф

Флеш

Гостин
Ќе го тупеле ова 4 сезони, а втората ќе излезе тек пролетта 2024.:pos::pos:

Овој големиот змеј да им го начука на сите у уста, посебно на таа госпожата од Дрифтмарк.
Брат ама че треба вазелин ... Толку голем на змејот нема да собере :LOL:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.277
Поени од реакции
18.544
Искрено ми се допадна епизодата. Иако малку досадна и еднолична, сепак си имаше некои прави ГоТ елементи.

Суштинска грешка на Ренира што гледајќи дека татко и е пред умирање, таа е на милион километри оддалеченост. Ова е онака почетнички, како Нед што мислеше дека после смртта на Роберт лесно и мирно ќе ја однесе власта до вистинскиот наследник и никој ништо нема да му каже.

Однесувањето на Егон ме асоцира како на мало дете кое не сака да прави нешто/одбива да оди некаде, но кога тоа фактички се случува, едноставно го понесува атмосферата и ги согледува бенефициите.
Братот како крал се замисли како ќе ја ебе секоја што ќе му излезе пред очи и како ќе гледа детски борби сред собата на тронот. Неговата мисла, неговиот товар дека татко му не го назначи за наследник на тронот туку таму ќе заврши заради сплетки, е тоа бреме кое што веројатно ќе го поттикнува уште полошо и подеспотски да владее. Тој товар, тоа самознаење дека не треба да биде на тронот, го имаше и Џофри во ГоТ, што покрај неговата природна забеганост силно го мотивираше да биде гнасен, перверзен и злобен.

Она со змејот беше јако, иако малку нејасно ми е како за неколку минути успеа да оди до драгон пит и да го јавне.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.493
Поени од реакции
39.337
Суштинска грешка на Ренира што гледајќи дека татко и е пред умирање, таа е на милион километри оддалеченост. Ова е онака почетнички, како Нед што мислеше дека после смртта на Роберт лесно и мирно ќе ја однесе власта до вистинскиот наследник и никој ништо нема да му каже.
Огромна грешка.

Прав Таргеријан ќе го убиеше и онака полумртвиот крал на спиење, и преку ноќ со мала армија ќе ги елиминираше сите опасности и пречки до тронот. Нема никаква суровост во тоа, чиста практичност е, без разлика што и е татко.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Огромна грешка.
Не би рекол, мислам дека кралицата се помири со фактот дека Раeнира ќе биде идна кралица, пред погрешно да ги протолкува последните зборови на Висерис. Тоа може да се заклучи и при нивната последна интеракција.

Од друга страна, советот, тајно се имаше подготвено за крунисување на Егон и за ликвидација на Раенира и нејзините деца. Ако останеше, постоеше реална можност да биде ликвидирана.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.493
Поени од реакции
39.337
Не би рекол, мислам дека кралицата се помири со фактот дека Раeнира ќе биде идна кралица, пред погрешно да ги протолкува последните зборови на Висерис. Тоа може да се заклучи и при нивната последна интеракција.

Од друга страна, советот, тајно се имаше подготвено за крунисување на Егон и за ликвидација на Раенира и нејзините деца. Ако останеше, постоеше реална можност да биде ликвидирана.
Советот немаше да реагира додека кралот беше жив, цел план им беше скован за после смртта. Затоа Ренира требаше да биде чекор пред нив и да го убие татко и на спиење и да почне со чистка.

Хипотетичка ситуација сепак, си правиме муабет со логиката. Ќе си фурат овие по книгата, сите го знаеме исходот веќе на цела династија.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.134
Поени од реакции
10.497
Не би рекол, мислам дека кралицата се помири со фактот дека Раeнира ќе биде идна кралица, пред погрешно да ги протолкува последните зборови на Висерис. Тоа може да се заклучи и при нивната последна интеракција.
Чиста глупост направија со последните зборови на Висерис.
Автоматски споено мислење:

Суштинска грешка на Ренира што гледајќи дека татко и е пред умирање, таа е на милион километри оддалеченост.
Блиску се Dragonsotne и Kingslanding.
Хајтававери се инфилтрираа повеќе во Redkeep и направија пуч со веќе поставени свои луѓе на битни позиции.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.277
Поени од реакции
18.544
До поупатените, колку години поминаа од почетокот на серијата до крајот на 9тата епизода?
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.134
Поени од реакции
10.497
До поупатените, колку години поминаа од почетокот на серијата до крајот на 9тата епизода?
Последната епизода на ХОД е 150 години пред првата ГОТ.
Првата епизода на ХОД е 170 години пред првата на ГОТ.
Плус минус 2 години. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom