- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.092
- Поени од реакции
- 31.655

House of the Dragon, a.k.a. Game of Thrones: House of the Dragons е првата од десетиците планирани спин-оф серии на популарната Game of Thrones (2011-2019) на HBO, и веројатно една од ретките планирани до сега која ќе ја види светлината на денот. Креирана од авторот на A Song of Ice and Fire серијалот на книги по кој беше снимена Game of Thrones, Џорџ Р. Р. Мартин и Рајан Кондал, за HBO. Всушност е prequel на GoT и е базирана на делови од романот Fire & Blood на Мартин. Дејството е сместено 200 години пред случувањата во GoT и го следи почетокот на падот и пропаста на куќата Таргарјен, односно случувањата кои водат кон војната за наследството на тронот позната во ASOIAF канонот како „Dance of the Dragons“.
House of the Dragon (HotD) беше нарачана од HBO во октомври 2019, додека кастингот започна во јули 2020, а првата клапа падна во април 2021 во Велика Британија. Премиерата на првата сезона од 10 епизоди е закажана за 21 август 2022, односно за помалку од месец дена од денес.
Во серијата ќе глумат:
*Патрик Консидин како кралот Висерис I Таргарјен
*Ема Дарси како принцезата Ренира Таргарјен, првородената ќерка на Висерис I.
*Мет Смит како принцот Демон Таргарјен, помлад брат на Висерис I.
*Оливија Кук како лејди Алисент Хајтауер
*Стив Тусан како лорд Корлис Веларион, познат како „Sea Snake“, глава на куќата Веларион и најпознатиот морепловец во историјата на Вестерос
*Ив Бест како принцезата Ренис Веларион, јавач на змејови и жена на Корлис Веларион
*Фабиен Франкел како сер Кристон Кол
*Соноја Мизуно како Мисариа, танчерка и сојузник на Демон Таргарјен
*Рис Ифанс како сер Ото Хајтауер, татко на Алисент, the Hand of the King.
и др.
Меѓу „контраверзиите“ кои следеа особено по објавувањето на трејлерот, и особено кај нас се отстапките од канонот и заради популарното diversity, вклучувањето на црни актери во улоги кои според канонот би требало да бидат белци. За жал ние не можеме ништо против тоа, и колку и да сме против или да зборуваме како да е тоа најлошото нешто што можело да се случи, ништо нема да се промени, затоа замолувам да се фокусираме на коментирање за самата серија, за дејството, ликовите, кинематографијата, музиката, сценографијата, костимите, режијата, глумата... и се останато освен изборот на актери со ваква или онаква боја. За жал, во такво време живееме и повторно за жал, мораме да го прифатиме тоа како нешто што нема да се смени и да се навикнеме на тоа.
А, да, и да не заборавам: со оглед на тоа што голема е веројатноста темава да стане следната epic тема во Серии подфорумот, да се потсетиме на правилата:
1. Забрането пишување на спојлери! Ако знаете што се случило во книгите, задржете го тоа за себе, пренесување спојлери од книгите е најстрого забрането!
Секој останат спојлер ставете го во
спојлер
спојлер.
Во спротивно може да бидете избришани, да добиете казнени поени или бан од темата.
2. На темава влегувате на своја одговорност. Или на македонски: ако не сте ја изгледале последната емитувана епизода, голема е веројатноста да налетате на спојлери. Затоа мој предлог е да ја посетите темава откако ќе ја изгледате епизодата.
3. Под спојлер се подразбира информација за дејството во следните епизоди или сезони. Вашите теории за што може да се случи не се спојлери, ако при тоа не ги земате книгите како извор.
4. Љубителите на книжевноста можат да си прават муабет ОВДЕ. Темава е за серијата House of the Dragon.
5. Уште еднаш: замолувам да се фокусираме на коментирање за самата серија, а не на изборот на актери во ваква или онаква боја, за политичка, расна или било каква коректност или некоректност. Имате теми во кои може да дискутирате за тоа.