Конфузно. Прво портокаловиот го подјебаваше Кристон, по што си продолжија по патот... за подоцна Дејмон да прави што год да беше тоа со Рајнира... за во истиот момент да избие курцшлус во кој не се инволвирани ни Дејмон ни Рајнира туку портокаловиот и Кристон... за потоа венчавката која требаше да се одржи по 7 дена да се одржи на лице место и тоа не ни видовме дали си рекоа да... за на крајот стаорец да пие крв, што треба да е некаква симболика ваљда...
Чудна секвенца во секој поглед, а и не е прва во серијава, исто така чудна сцена беше пред неколку епизоди кога Рајнира и Ланистерот зборуваа нешто што не може да се нарече дијалог, по што овој ја измерка од глава до пети и ја испофаќа во мислите како напален тинејџер... друга чудна сцена што ми текнува е кога и се нудеа сопрузи па тоа детето почна борба со типот што го провоцираше, за оваа да си замине ладно и да ги остави да се испозаколат наместо да им нареди сместа да прекинат...
Инаку ми се допаѓа економичноста во серијава, наместо да плаќаат црнец и хомосексуалец го направија црнецот хомосексуалец, значително заштедувајќи ресурси
Добро, да не какам многу, чекам да тргне некако серијава. Ајде можеби кога ќе и направат фаст форвард со новите актери ќе почне вистинската серија, затоа што до сега гледаме само дворски интриги кои можеа во две епизоди да ги одработат.