House of the Dragon

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

За кој тим сте во војната наречена „Танц на змејовите“?

  • Тимот на ЦРНИТЕ - Кралицата Ренира I

  • Тимот на ЗЕЛЕНИТЕ - Кралот Егон II

  • Неопределен


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Предобра е серијава, а и прејака беше епизодава.
Многу сплетки се десија на крај од кои што може да произлезат доста пиздарии во иднина.
Како на пример можноста за уште толку да се створи омраза према куќиве Таргеријан и Валеријан доколку дознаат дека оваа е ебана или можноста на Даемон да им ебе матер на сите зашто очигледно осеќа нешто повеќе према Рајнера зашто ја побара да ја мажи, иако во серијата беше прикажано дека мотивот поради бракот му е тронот.
Ќе биде интересно да се види и дали ќе има нов Hand of the King и како тоа ќе се одрази врз Ото.
Тие се тие half truths во универзумов што предизвикуваат секакви можни последици од постапките на карактерите.
Одлична епизода која може да се служи како добар темел за се што ќе следува во иднина.

Имаше и прејак цитат во епизодава, земен од францускиот писател Густав Флоберт (појма немав дека е негов цитатов, кога изгуглав ми излезе).
"The truth does not matter, Rhaenyra. Only perception."
 
Глејте го трејлерот за 5та епизода.

Се крчка причава, ќе се десат пиздарии изглеа. Овој Ото ме потсеќа на Petyr Baelish (Littlefinger).
 
Предобра е серијата засега, држи внимание цело време. Одвратна ми е целата приказна со инцестите ама невермајнд, серијата нема мана.
Гледајќи го фамилијарното дрво, Дејмон со Ренира деца ќе имаат, од сам старт се знаеше дека ќе завршат заедно
 
Воопшто не е добра, мрдна малце со последната епизода, покажа знаци на живот.

Change my mind.
Па за да ти го променат мислењето, треба прво да кажеш што не е добро во серијата, односно што тебе не ти се свиѓа во серијата?

Вака од кај да знаеме што мислиш, за да ти го промениме мислењето? :D
 
Па за да ти го променат мислењето, треба прво да кажеш што не е добро во серијата, односно што тебе не ти се свиѓа во серијата?

Вака од кај да знаеме што мислиш, за да ти го промениме мислењето? :D
Никој не сака предизвик веќе.. :D

Најмногу ми пречи кастингот, неспоредливо полош од ГоТ, дали има 3-4 актери што се истакнуваат. Другото е се еднолично, бледо, анемично...

Другата работа е темпото, се што се случува во Кингс Лендинг е бавно и досадно, надвор од Кингс Лендинг наеднаш битки и војни, прескокнување месеци и години а само што започна серијата.

Трета работа се дијалозите кои потсетуваат на ГоТ кога им заврши материјалот од книгите.

Тоа е накратко, а ќе видиме како ќе биде кога на сред сезона ќе менуваат актери. За мене барем една од основните работи во гледање серии е поврзување со ликовите и со актерите. Кога имаш млада и постара верзија од ликот, или остави ја младата една сезона и потоа турни го дејството напред, или прикажи ја младата верзија на ликот 1-2 епизоди и пред да се поврзе публиката премини на трајната верзија.
 
Daaaaamn Daemon е ѕвер (y), јака 4-та епизода, а и општо до сега ми се допаѓа серијата.

Не ми се допаѓаше многу тоа што во втората епизода или третата, не знам која беше, веќе како да скокнаа 2 години наеднаш унапред, ама како и да е, се на се, топ ми е серијата до сега.
 
Солидно засега, те држи пред екран но ништо спектакуларно. Дијалози слабо, баш како од последните сезони на ГОТ.

Рајнира е слатка, Ото ми е ок, исто и кралицата. Кралот е ептен глуп сурат. Дејмон ми е иритантен. Ликот има потенцијал но глумецов ми е ептен одбивен.
 
Daaaaamn Daemon е ѕвер (y), јака 4-та епизода, а и општо до сега ми се допаѓа серијата.
Што беше ѕверски, тоа што сакаше да ја дупи внука му? Или тоа што брат му го поштеди иако требаше да го утепа.
 
Што беше ѕверски, тоа што сакаше да ја дупи внука му? Или тоа што брат му го поштеди иако требаше да го утепа.
Општо како лик во целата серија е доста не нормален, интересен лик ми е. Во ГОТ се изнагледаме инцести, па сега
Даемон шо а напали Реинира само и а остави после друг да а ебе ќе се потресујме..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom