Епизодата имаше добри моменти измешани со стандард дупките во пишувањето. Мене што најмногу ми засмета се дежа ву моментите, како оној кога Тирион застана пред портите на Кингслендинг пробувајќи да ја фати Серси на истата фора како претходно. Знам оти си арна, оти има добро во тебе, трудна си, мисли на детето...
Мислам дека истиов дијалог беше искористен во некоја претходна епизода од минатата сезона, чинам кога ја убедуваше да им се придружи во борбата против Најт Кинг. Тогаш го извиси и излезе глупав. Вториот пат ако целта му беше да го потврдат тоа, притоа да го прикажат како очајник...веројатно му успеа. Мене лично не ме импресионира.
Евидентно е дека со Најт Кинг заврши и приказната за доаѓањето на зимата и целата приказна која што се градеше околу него се сруши во две секунди, сега гледаме второстепен заплет со извесен разочарувачки расплет.
Повеќе не се ни прогнозира за тоа кој ќе седне на железниот трон, ликовите кои што преживеаа ја изгубија комплексноста на нивните карактери, веќе владее индиферентност за тоа кој ќе преживее.