Game of Thrones

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Малце може Емилиа не била подрасонета, па си го заборавила кафето. :D

Се виде дека апсолутно делот со Ноќниот е завршен и нема да добиеме никакво објаснување понатака. Чим е креација ко карактер на овие двајцава, не ме ни чуди дека цел тој дел со него нема врска со пишувањето на Мартин и изгледа глупаво, трапаво и недовршено. Алал нека им е, топ.

И двеве кралици ги мрзам. Еднава повеќе, па сакам некако меѓусебно да се испотепаат, трудни или нетрудни, цело тоа мерење на полови органи од две неспособни ме нервира многу. Џон ни малце не е за владетел материјал, Тирион е три сезони безгласна буква, јас не знам ни што бара во серијава више, едино Санса ми е симпатична.
Битно Сем не го убија ради тоа што не може второто дете на Гили да е опет сираче. Дем ит.
Ај, ќе издржиме уште две епизоди.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.191
Поени од реакции
19.275
Луда е де, не мора да ја прават како таква, гледаш дека единствено нешто што ја засега е тронот, не е ништо поразлична ни од Серсеј (и таа само за децата се грижеше во животот и за тронот).
Јас ја мразам кучкава и искрено се надевам дека ќе ја избоди некоја стрела и неа и змејот.
Не се согласувам, е опседната со тронот но тоа не ја прави луда, повеќе оди накај обсесивна. А тоа е затоа што уште од дете е индоктринирана дека тронот е нејзин и сите работи кои ги правеше од сезона 1/2 беа за да го земе тронот. Сеа кога е толку блиску до него очекувано е од неа да ја фаќаат кризи особено кога загинаа Висерион, Раегал, Џора, Месиндаи и нејзините советници плус Санса коваат завера да го стават Џон наместо неа.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тоа со давањето кецови пред премиера и јас го приметив е максимално ретардирано, дефинитивно има тренд-хејтање овие последни епизоди, никој не може да ме убеди во спротивното, не дека епизодата е за 9-10 но ставање најниски оцени пред гледање не знам што треба да постигне.

Е сега за нелогичностите оваа епизода.

За мене огромен пропуст е тоа што кажуваат дека Серси е трудна а не и се познава стомак, при што поминаа сто години од кога дознавме дека е трудна, во меѓувреме ликови отидоа од Драгонстоун до преку ѕидот, па се вратија во Винтерфел и пак во Драгонстоун. Во меѓувреме се урна ѕидот, дојде НК до Винтерфел, го победија, во исто време Јурон го преполови пола свет и пак се врати во КЛ. Колку месеци поминаа?
Е каде е логиката тука, не е тоа мал пропуст, огромна глупост е.

Второ, она што сите го коментираат, како никој не виде цела флота бродови позади карпата, немаат ли извидница, Денерис лета на чисто небо со змеј слепа ли е, образложението дека заборавила на флотата на Јурон е ретардирана теза, ако заборавила она има уште десет советници да ја потсетат. Овие ги потопуваат бродовите, сите се на ист брод, само Мисанде ја заробуваат. Плус Јурон е усидрен близу брегот, нема ли војска на Драгонстоун што би го забележала па да им сигнализирана на Денерис и екипата. Безвеза сцена, иако смрта на змејот беше добар момент и ќе беше одличен потег да беше поразработена сцената.

Трето, Тирион се шета до портите на КЛ, преговара со Серси, ја убиваат Мисанде, се спремаат за битка, десет метри позади е Денерис со змејот и малку војска, и сега Серси наместо да ги реши со сите тие балисти на ѕидот ги пушта да си одат, многу витешки од нејзина страна ама тоа некако не е ликот на Серси.

И на крај, Тормунд решил да ги носи дивјаците назад преку ѕидот, иако пет сезони приказната беше како сите тие бегаат од другата страна, битка водеа за да преминат, им беа ветувани замоци и земја за да се борат со Џон, и реално северниот дел од Северот е празен и опустошен, таман за тие да се сместат. што кур ќе бараат пак преку ѕидот, па не бегаат само од ВВ, бегаа и од суровата зима, ама некако Нед Старк како и за многу работи погреши и за зимата, зимата дојде ама ептен блага испадна, никој не се плаши од истата, во Винтерфел заврна малку снегче, во КЛ како да е пролет, дивјаците мака немаат на најсевер ќе им биде убаво во наводната сурова и долга зима.

Сега сфатив зошто ми била чудна епизодата, се се случува пребрзо, ликовите менуваат расположение, менуваат страна у секунда, Денерис за 15 минути стана лудачка, Варис во една сцена страна најголем предавник, НК го решија за пет секунди, се е како на фабричка лента.

Знам дека сум досаден со таа теза но сите проблеми произлегуваат од тоа да се заврши серијата во седумипол сезони, затоа и се делува неприродно и чудно.

Иначе мене мене лично ми се допаѓа приказната и однесувањето на Санса, сметам дека е логично да не и верува и да не ја сака Денерис, сепак ниеден Старк не видел добро од Таргеријанците и од владетелите во КЛ општо.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.724
Поени од реакции
9.759
Изгледа само јас наопаку - отсекогаш ми беше сеедно за Дани како карактер, ама последнава епизода ми стана симпатична. Жртвуваше се што можеше и имаше во "војната" против мртвите, можеше и таа да си седи како Серсеи...на крај и попаметно ќе и беше, и така семоќни се Старковите и сами ќе се одбранеа. Но наместо тоа покажа дека не и е битен само тронот...за наредната епизода тоа гоблинот и кобилата Санса да јадат гомна и да прават ујдурми.

Дани изгуби најмногу и на пат е целосно да го изгуби и Џон поради смрдлине, така да жари пали ич не се замарај, нека ги сече шо ги ебам.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.658
Ми текна на видеово. Изи лажњак ни продаде hbo? :cautious:
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Мораше да се испочитува и фан базата со дебилниот форс за Брон со замоците. Влегува лабаво и вика "вети ми дупло од тоа што Серси го ветува и ве оставам на мира" и Тирион мочкото "ок баце хајгарден е твој." Во ред, фала чао пријатно. Една од најлошите сцени во серијава.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Еден краток „рекап“ на епизодата од мене:
- Епизодата почна фантастично, доста емотивно, последен поздрав со загинатите пријатели и соборци. Особено моментот кога Санса го стави тој Старк пин на телото на Тион.
- После тоа сите почнаа да пијат и да идат да се дупат. :D Имаше интересни моменти тука, Сандор беше во посебен свет, со единствена цел - брат му. Арја го остави Гендри на френдс вит бенефитс. :D И секако, лудилото што почна да ја фаќа Денерис, кога гледаше како Тирион се дружи со брат му, Џон со Тормунд и останатите, а таа сама...како што веројатно и ќе се случи на крај и некој ќе ја убие.
-Не ми се свиѓаше што не го прикажаа моментот кога Брен и Џон им кажуваат на Арја и Санса за вистината за Џон. Како и да е, иако Денерис пробуваше да го убеди, дел од карактерот на Џон (што го научил од вујко му Нед) е да биде искрен. Санса во тоа препозна прилика да ја тргне Данка. Можеби еден од најдобрите карактери е Санса. Како се трансформираше од Little Bird во тоа што е сега низ годините. И јас би сакал таа да седне на тронот на крај, доколку не е Џон.
-Сцената со заседата на Euron е чудна. Како тоа змејовите ( и Данка) не ги видоа бродовите, ама они ги гледаат нив? :D Ајде нека го ставиме тоа на страна, смртта на Регал беше како ништо да не се десило, али Данка полуде и тргна сама против 10 бродови кои имаат балисти. (Инаку, читателите на книгите знаат за поинакви дејствија со Euron, така да верувам воопшто не им се допадна сцената.) Па на крајот и со балисти ги разрушија бродовите. Прашањето што се поставува тука е: Дали Јурон е мастермајнд и ОП капетан па три пати ги фаќа во заседа или кај Данка има шпион? Ако е второво, мојот пик е на Варис - 95% сигурност.
-Варис секогаш гледал за доброто на луѓето, но по можност владетелот да биде Таргеријен. Самиот препознава дека Данка почнува да заликува на татко и', така што информацијата која ја добива од Тирион за тоа кој е Џон е можен пресврт во неговата лојалност. Затоа му вика на Тирион дека чим толку луѓе знаат, веќе не е тајна, туку информација.
-Сцената пред ѕидините на КЛ беше малце комична и малце ископирана од Return of the King, пред битката кај Black Gate. За момент мислев Серсеи ќе нареди да го убијат Тирион, што ќе беше во склоп на нејзиниот карактер. Мислам крај краева, она му нарача на Брон да ги убие двајцата и за возврат да го добие Риверан. И да, Данка доаѓа со 50 души и змеј (кој е изнемоштен и ранлив на балистите, како што видовме) и и' вика на Серсеи „предај се“. :D :D
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Јас би ја оценил епизодава помеѓу 8-9
И да не замара членот Trolejbus како ние сме ставале намерно кецови што реално никој од форумот не ми се верува да и има ставено кец на епизодата.
Со 20 луѓе Дени и оди на Серсеи и бара да се предаде :cuc: Не и треба на неа Џон да го чека си има 1 змеј.
Јас сакав НК да останеше само он на крајот. Ама бидејки умре прерано сега 90% сум сигурен дека Џон ке седне на тронот. Најреално и он најмногу заслужува од живите на крај па плус ке си има хепи енд за фановите.
И да колку од овие што ставиле 10ка се реални? Толку колку што се и овие кецовите така.
Прегледај го приврзокот 208609
Пробував да објаснам за кецовите и десетките ама не си ме прочитал. Тој што става 10-ка е нормално затоа што е супер фан, одвоил време од својот живот и го посветил на серијата и го има секое право. Од другата страна ако нешто ти е за кец тогаш од тоа треба да ти се лоши а не да чекаш секоја недела нетрпеливо за да гледаш и после да сереш и да ставаш кецови. Нешто што ти е за кец не го гледаш брале разбираш? Тоа сте вие wanna be cool критичари... Тоа сте вие интелегентните над просекот, што се фаќаат за некоја ситница и прават слон.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Мораше да се испочитува и фан базата со дебилниот форс за Брон со замоците. Влегува лабаво и вика "вети ми дупло од тоа што Серси го ветува и ве оставам на мира" и Тирион мочкото "ок баце хајгарден е твој." Во ред, фала чао пријатно. Една од најлошите сцени во серијава.
Мене пофан сцена ми беа Бриен и Џејми.
Значи знаеме дека овој бил и ќе и биде потрчко на Серси секогаш, не може тој против таа токсична врска која ја имаат. И сврте грб само ради као ќе се борам јас за живите, али дека ќе си остане тој со Бриен на Северот, немаше шанса. Никогаш не требаше да се спојат двајцава, платонското им беше многу подобра варијанта.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Да ја објаснеа стапицата на Јурон со некаква магија или нешто слично, ќе беше сцената фантастична.

Првиот пола саат од епизодата ништо не се дешаваше, сите пијат, јадат, се ебат, тоа е тоа, некогаш има време за такви сцени, ама нема врема за најбитните сцени да се развијат како што треба.

Затоа втора епизода е најдобра сезонава, се се одвиваше органски и без форсирање.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Да ја објаснеа стапицата на Јурон со некаква магија или нешто слично, ќе беше сцената фантастична.

Првиот пола саат од епизодата ништо не се дешаваше, сите пијат, јадат, се ебат, тоа е тоа, некогаш има време за такви сцени, ама нема врема за најбитните сцени да се развијат како што треба.

Затоа втора епизода е најдобра сезонава, се се одвиваше органски и без форсирање.
Интересно што спомна магија, ако не ги читаш книгите никогаш (јас можеби ќе ги читам ама не ми беше проблем да дознаам некои работи), прочепкај на нет за ликот на Јурон во книгите. :D[DOUBLEPOST=1557159685][/DOUBLEPOST]
Ми текна на видеово. Изи лажњак ни продаде hbo? :cautious:
Нема да ме зачуди да има твист во таа приказна. :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Пробував да објаснам за кецовите и десетките ама не си ме прочитал. Тој што става 10-ка е нормално затоа што е супер фан, одвоил време од својот живот и го посветил на серијата и го има секое право. Од другата страна ако нешто ти е за кец тогаш од тоа треба да ти се лоши а не да чекаш секоја недела нетрпеливо за да гледаш и после да сереш и да ставаш кецови. Нешто што ти е за кец не го гледаш брале разбираш? Тоа сте вие wanna be cool критичари... Тоа сте вие интелегентните над просекот, што се фаќаат за некоја ситница и прават слон.
А, ако си супер фан, ама ти се слоши од последната епизода и решиш да не гледаш повеќе? Тогаш може кец?
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
А, ако си супер фан, ама ти се слоши од последната епизода и решиш да не гледаш повеќе? Тогаш може кец?
Може ама треба стварно до крај да не гледаш, а не пак да дојдеш тука и да дискутираш.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Беше смешен еднаш, не мора да форсираш на секое.

Во епизодава никаде не се спомна колку време патуваа. Додека пак во претходната сезона имаше ситуации кога некои ликови за пола дена одеа од север на југ и обратно иако се знае дека за да се помине таа дестинација е потребно една недела или повеќе на пример.
Џон Сноу нека се враќа од Кингс Лендинг на север три епизоди ако сака, ама ако дејствитето во тие три епизоди се одвива во само 2 дена според нивни тајмлајн тогаш не е реалистично покажано и заслужува хејт. А доколку има тајмскип во кој не се потенцира дека поминале толкава дистанца за пола ден како во епизодава на пример тогаш нема никаков проблем.
Ах, бре друже...
Овој пост е најголемо губење време на форумов, до сега. Овие пет минути што си ги потрошил за постот, си можел да гледаш низ прозор, повеќе аир ќе си видел.
Не можеш ти со еден пост да елиминираш години и години натрупано глупоќа. Таа е како црна дупка.[DOUBLEPOST=1557161532][/DOUBLEPOST]
Озбилен сум брале режисеру.
Јасно е дека си озбилен. Нема фрка. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom