Тапа, не ми лежат британски филмови. И лани чинам гледавме еден и тој тапа ко овој. Не ја можам цела оваа британска сцена од тие години. Имам некоја одбивност. А, филмов ништо конкретно не понуди, патетика од почеток до крај. Ликовиве тотален промашај, а дијалозите мех... у парк на фонтана иам чуено боље муабети.
Withnail & I
Енглески филм црн хумор двајца џаболебари млади незнат шо во живото ,проци алхохол дрога,сепак оваа култира и кај нас е ма,етната кроз музичка сцена панк рок мадчестер битолси боемски живот рокерски ,interesen auto vozea jaguar mk2 ne bas zacuvan toa ne eni tolku bliska nas amgloskasonskiot way of life iako se obiduva nekoj da go kopira toj lifestyle kaj nas i izgledat poglupo od ovie dvajca. 5.4
Случајно видов дека филмов е на тапет. Заљубен сум во истиот. Гледан ми е можеби 5 пати во животов и секогаш ми бил топ
Не е за секој (иако ова звучи клише) ама навистина не е за секој.
Хуморот знам дека ми беше одличен. Целата таа пригушена англиска атмосфера исто. Впрочем секогаш сум имал некој фетиш да живеам во тие тмурни англиски попладниња, а по можност во времето на Шерлок и компанија, со кочии, ова она (заминав малку )
Иако не сум активен во темава ради немање време кое го посакувам, ќе улетам со 8-ца и тоа силна.
Дефинитивно еден од најдосадните филмови кои сум ги гледал во животот. Единствените поинтересни сцени, кои некако се издвојуваа, беа онаа кога пробуваа да зготват кокошка и онаа кога пробуваа да уловат риба во реката со пушка. Обично таквите сцени поминуваат крајно незабележливо во било кој просечно интересен филм.
Можеби имаше врска со егзистенцијализмот, ама интензитетот на приказната беше премонотон. Стагнација од прва до последна сцена.
Ако мора да издвојам нешто добро, нешто позитивно, тоа беше музиката.
Мене супер ме возеше филмот, ептен смешни сцени имаше, ама сепак беше повеќе character-driven. Ме потсети многу на моите авантури со другарка ми, со тоа што јас сум 100% Витнал. Ми се допаѓа мене овој думерски, егзистенцијален хумор кога има доза поезија во него (ве молам не ме додавајте во doomer humor групи со спонџ боб мемиња, фала <3), бтв Витнал ми беше маченце ептен, на моменти излегуваше неговото пош потекло во полн сјај иако сакаше да избега од него. Другиов, Ај, некако комплетно немеморабилен, ништо не ми текнува за него освен дека постоеше во филмот. А да, да не го заборавам вујкото, и со него имаше смешни моменти, ама за мене сепак Витнал беше носител на дејството и шармот на филмот.
Бонус поени што филмов многу ме потсеќаше на Розенкранц и Гилденстерн.
Прочитав дека го планирале Даниел Деј Луис за улогата на Витнал ама одбил. Најдобрата одлука за луѓето околу него
Од прва знаев дека не е my cup of tea и впечатокот не ми се подобри до крај. Немам ни трошка емпатија за саможивници особено ако се од ваква кревка група на потценети, измачени актери како Витнал. Тука ќе запрам зашто ќе треба да препишувам од Анон.
Последните десет минути ми беа многу добри + оценка повеќе за all along the watchtower = 5ка
Пола го гледав пред паузата, пола денес. Два ванаби уметници, живеат во хаос, се пијанат од прва до последна сцена уште чим се разбудат сабајле. Потсевсно не можат да се поднесат еден со друг и во заедница се една канцер средина. Монти ко појава ме вадеше од такт, интересни тро од тро фармериве ко заминаја кај него во село на викенд.
Крајов беше втф ?
Едино нешто шо успеа да ме задржит во вилмов да го догледам беше 70ти-80ми англиски сетап и Hendrix.
4/10
Еве не назад! За Withnail & I, иако имавме повеќе од месец, само 11 души го гледаа, и му дадоа средна оценка 5,3, што е најслаба во кругот до сега, и израмнување со најслабата оценка воопшто по рестартот на Клубот.
Следен предложувач е @Corvus која нестрпливо чека да ни соопшти кој е нејзиниот предлог, најдоцна до утре вечер во 20:00, по што ако не, јас ќе ви кажам кој филм го гледаме следен.
Досаден, монотон, филм без никакво дејство. „Комедија“ во обид. Ми се допадна вујкото, како освежување од целата монотонијата. Единствена светла точка ми беа вујкото и музиката
Британскиот црн хумот едноставно не ми лежи. И која беше целта и поентата на филмов побогу? Патетиките на двајца џеболебари и ништо.
Добредојдовте драги стари, нови, и дезертирани филмофили и филмофилки во новата сезона на „О не! Кај го најде баш овој филм??“. Се надевам се одморивте летово, зашто јас апсолутно не се и ментално сум на Ибица. Без многу да ве давам со работи што апсолутно не ве интересираат, одиме да се позанимаваме малку со причината за која што сме сите тука.
Со оглед на мојата бескрајна љубов за лето, плажи и високи температури одиме да се прошетаме до Брааааааааазиииииииил!
NOT!
Одиме во Аргентина. За да ја гледаме најубавата жена во историјата на постоењето на жени. Мунгусот пред неколку години го предвиде овој предлог, и сега многу ќе ме пцуе кога ќе види дека пак ќе репризира филм од клубов, ама се надевам дека барем малку шармот на Рита ќе го освои да биде нежен со рецензијата.
А сите останати, дозволете ми да ве запознаам со жената која што сите жени сакаат да бидат:
Гилда е почеток, крај, и се измеѓу! Се надевам ќе уживате, ако не во филмот, тогаш барем во нејзината убавина, харизма, и целокупна персона.
Добредојдовме назад во клубот дечки и нормално, ви посакувам пријатен престој во мојата чајџилница следниве две недели, каде што, како што знаеме се служат исклучиво црни чаеви.
Среќа имам малце послободен петок, па ми текна дека останав должен рецензија за мојот предлог.
Withnail & I
Убаво кажаа погоре дека филмов не е за секој, јас и очекував ваков исход ( како и за сите мои предлози ). Дијалозите се врв. Поетични, со огромна доза на британски сарказам. Како ова ви е мех?
I:
Ugh. What about what-his-name?
Withnail:
What about him?
I:
Why don't you give him a call.
Withnail:
What for?
I:
Ask him about his house.
Withnail:
You want me to call what-his-name and ask him about his house?
I:
Why not?
Withnail:
Alright. what's his number?
I:
I've no idea - I've never met him.
Withnail:
Well neither have I. What the fuck are you talking about?
I:
Your relative with a house in the country.
Withnail:
Monty? Uncle Monty?
Мене не ми беше потребна поента во филмов, супер вожња имав. Обожавав сетапот и ликовите. Глумата беше одлична и од двајцата, посебно на Витнаил. Му немам многу филмови гледано на Ричард, можеби треба да дадам шанса на неколку оти во филмов беше маестрален. Ај многу добро ја изглуми и ни ја долови паранојата што вриштеше во него. Ова од Ај...
We are, indeed, drifting into the arena of the unwell, making an enemy of our own future.
Првпат кога го гледав филмов, помислив дека Витнал е заљубен во Ај. Сега на втор пат, приметив еден детал што не сум го приметил на прво гледање. Кога Ај му кажува дека добил главна улога, Витнал нема љубомора во неговите очи, туку страв, страв дека ќе го изгуби едниственото нешто што беше до него и го држеше колку толку во живот, не би рекол дека е пријател, не би рекол дека е љубовник, мислам дека е сламка спас. Мислам дека Витнал го гледа Ај како сламка спас, дека Ај е тој што може да го извади од безнадежноста, очајот и само уништувањето.
Последната сцена е една од најтажните сцени што ги имам гледано... Кога двајцата се разделуваат, глумата на Витнал е за ежење и ми го распарчува срцето. За секунда Витнал се размислува дали да биде свртен и да го испрати Ај со поглед, но одлучува да продолжи со своето само уништување и да сврти грб.
Музиката е одлична, не само Џими, туку доста добри песни има во филмов. За тие што сакате еве ви две
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.