Gilda
First things first:
Колку е јака сценава од 1 до сценава?
Сценава.
Можам докторска дисертација да напишам за овие три минути од филмот, од говор на тело, преку дијалог, до гримаси и гласовна интонација. Не случајно ми е омилената сцена од сите филмови секогаш. Но нема сега тоа да го правам зашто искрено сцената сама за себе зборува.
Гилда. Кога се дискутира за некаков presence, секогаш мислите ми одат кон Гилда. Нема сцена што не ја украде и дијалог што не го издоминира. Фем фатал над сите фем фатали, алфа и омега на тоа што една жена треба да биде, и поим за интимидација. Сите погледи и потези би и ги украла, се што е таа, би била јас. Додека крадев од неа заборавив дека треба да застанам кај сентименталноста, затоашто нејзината пропаст за малку ќе беше предизвикана од тоа колку таа го сакаше Џони. Џони секако, не заслужи да биде сакан од жена како Гилда, но за тоа подоцна. Гилда е олицетворение на се она што модерните феминистки го мразат, а тоа за мене е таман па доволно да ја воспевам до бесконечноста и назад. Додека зборуваме за Гилда, не може да ја заборавиме и жената што и вдахна душа - Рита Хејворт. Несомнено една од, ако не и најубавата жена во Холивуд, единствената причина што ја немам досега објавено во темата наменета за тоа, е што не сакав да ја спојлам пред да го предложам филмов. Рита е нешто што нема никогаш да му се повтори на Холивуд. Сите денес можат да бидат згодни и убави, да научат да глумат, и да рецитираат линии. Но не секоја може да има таква харизма, шарм, и присуство какви што на Рита и се, претпоставувам, вродени. Тоа не се глуми, или го имаш, или го немаш, а денес се помалку го гледаме. Рита е неповторлив коктел на физичка убавина, самодоверба, и харизма и ќе умрам на овој рид ако треба. Секој поглед и потег измерен и пресметан, а истовремено толку природен и спонтан. Воопшто не изненадува фактот што никој не знае каде завршува Гилда, а каде започнува Рита. А тоа ме носи до друг ролмодел - Џесика Рабит. Рита е Џесика Рабит онолку колку што Хенри Кавил е Џејмс Бонд односно Гилда е Џесика Рабит, онолку колку што Наполеон Соло е Џејмс Бонд. Не знам колку од вас го разбраа ова ама не ми е гајле, морав да го споделам овој хот тејк. Она што не ми се свиѓаше кај Гилда сепак, е нејзината гореспомената сентименталност. Колку и да беше бедес, колку и да беше фатална и опасна, никогаш не избега од канџите на Џони, му го остави задоволството да ја малтретира и казнува, а тоа е големо но-но за вакви скоро па совршени ликови, јас да се прашував на крај ќе ги испуцаше и двајцата или ќе ги предадеше на симпатичниот детектив што делеше животни совети наоколу. Но, ќе замижиме малку на двете очи и ќе речеме дека несовршеностите во ликот се дел од нејзиниот шарм. Уживав во сцените со неа, уживав да ја гледам, и го мразев Џони со цело битие. Тоа е влијанието на Рита врз мене, симп сум, признавам.
Мажите. Нема да спомнувам мажи што не вреди да се спомнуваат, затоа еден шаутаут до симпатичниот детектив и грижливиот Ото. You the real MVPs.
Приказна. Се е кажано, голем дел од споредните ликови потсетуваат на голем дел од споредните ликови во Казабланка. А и самиот сетинг и приказна не се многу далеку од тоа. Последната сцена мене ми вришти на Казабланка. Углави малку на крај стварно со оној адвокатот во Монтевидео.
Музика. Put the blame on Mame и Amado Mio се песни што ги знам многу порано од филмот и бев скоро па шокирана кога сфатив дека оригинално потекнуваат од тука. Тоа само додаде на мојата импресија.
Што заборавив? Костими. Нема тука збор за аутфитите на Гилда, далеку попаметни луѓе од мене имаат кажано многу повеќе, особено за црниот фустан што го носеше кога ја изведуваше Put the blame on Mame, кој е инспириран од Портретот на Мадам Х, за којашто сосем случајно ме заинтригира една статија пред некое време и којашто и самата била заводничка и срцкршачка во високите паришки друштва пред многу години.
За крај, или барем за оние што издржаа да ја прочитаат до крај оваа турлитава од зборови такоречи рецензија, фала ви што ми го изгледавте предлогот, и што издвоивте 2 часа од вашиот распоред да ме испочитувате, appreciate it a lot <3
9/10
А, да. Сакав ова да го споделам со вас, уживајте!
Johnny is such a hard name to remember and so easy to forget.