FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас тоа го сфатив дека намерно им ја блокираа мрежата локално, има такви уреди :)
Да, така рекоа, дека ја блокираат мрежата. Што е многу логично да се направи ако сакаш да го забошотиш тоа што се случува.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
El Bar

Едно големо класично ништо од филм. Не е ни трилер, не е ни психолошки, не е ни комедија, нема ни добро изреализирано сценарио. Претпоставувам дека замислите и идеите се лошо инкорпорирани на дело, затоа можеби има логички дупки на секоја втора сцена, при крајната визуелизација.

Не знам ни што да пишувам, искрено, за филмов! Дури ни пуканките не можев да ги дојадам поради забите на Израел.

Единственото нешто кое ми се допадна е Елена. :love:

4/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
147. EL BAR (2017)
1650034987036.png

El Bar мене ми беше многу забавен филм. И покрај милионите клишеа и безбројните филмски грешки (ве читав, не се тука само гаќите на Елена, кошулата на Начо и телефонот кој не се стопил во пожарот пошто беше покриен со една метална тацна, туку милијарди други: ај телефонот, ама полначите за телефон што останале нестопени? А Трини нели си ја содра кожата од рацете кога се залепи на капакот (една од најгадните сцени) - е па како тогаш на крајот од филмот кога го држеше пиштолот кошата мистериозно и се врати? Изгледа од тоалетната се регенерира. После: кога влегуваше Елена низ дупката во канализацијата нели си ја содра кожата и и течеше многу крв. Е па додека беа долу, во канализацијата, немаше ни повреди на кожата, ниту крв на облеката и по неа. Крвта се врати дури откако излезе надвор. Имаше уште мнооооогу вакви необјасниви сцени). Но ми го задржа вниманието од почеток до крај, се смеев ко луд на некои сцени, а најголемото изненадување беше откако се појавија credits, кога видов дека Начо бил Марио Касас (Tres metros sobre el cielo, Contratiempo, The 33). Немаше шанси да погодам. Колку брадата менува нечиј лик, навистина е неверојатно. Плус /ми изгледаше и ко да се здебелил, не само брадата. Ова ќе го паметам како филмче во кое уживав. 7/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
El Bar

Иако млаку ме одврати почетниот опис на филмот овде, кога видов за што се работи, очекував бар дека ќе биде солидно - интересен филм.
Но, после самиот почеток одма дојде до разочарување кај мене.
Не добро изработени ликови со лоши одлуки, без можност да се соживееш со некои од нив.
Поради тоа и немаше никаква тензија, ниту пак очекувања за како ќе заврши.
Рамна линија...

Дамблдор многу убаво го опиша филмот со тоа што не знаеше што да опише за него. И комплетно се сложувам.

4
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.962
El Bar (2017)

Немам што многу да кажам за филмов. Интересно почна, проба да биде некоја мистерија со веќе видена идеја, куп луѓе затворени во еден простор без да знаат зошто. Барем да имаше некоја поголема цел и смисла тоа. Ниеден од ликовите не ми беше особено интересен за да навивам за него. Многу гадни сцени и многу дупки во сценариото. Еве нека е 6/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
The Bar
5.5/10
Поприлично очаен обид за комедија, хорор, трилер, мистерија или што и да се обидуваше да биде. Ми беше горе-долу интересен се додека не се симнаа долу. Ликовите просечни и средно-лошо одглумено. Имаше некои глупи fade to black што ме нервираа. Генерално лошо напишан и режиран филм.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
The Bar
Филмот почнува како real life nesto секојдневие во бар женска влегува во бар на кафе , си мислиш ќе тера така дешавки гости на улица случки нешто ,едно време се претвора во хорор бездомник иди ,па тука се претворат у зомби еден по едн и се убиват и останува женската на крај не е pulp fiction или како јагода у супермаркет филмот нешто сценарио слично , некоја симболика не гледам јака филмот почнува со бактерии нешто микроорханизми на почеток ,или сака да кажи дека по барови ноќни клубови се случват вакви работи тепачки убиства ,шпански филм и толку.
Score 2.5
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
El Bar (2017)

Од старт знаев дека ќе биде тотален промашај. Првите 5-6 минути одлично почна, брзо темпо, хаотична ситуација, најава за кул мистерија со рандом ликови затворени во кафуле. Знаев дека не може од тука да оди по иста или нагорна линија. Од тука се отиде надоле, а највеќе ми сметаше клишето у филмов. Не знам кој е режисер ниту би знаел нешто за него, ама ова беше ко сценарио од некој тазе дипломиран. Дај у приказнава една лепотица, еден лудак што ќе шири страв со некој мадафака цитати од библијата што можеби се точни, а можеби и не, друга жена или газдарица што нема страв од ништо, се она сама тепа пошто чисти со избелувач и сите ја почитуваат, а да и таа небитната коцкарка што е најнебитен лик во приказнава ама нели ќе се шлепа до крај и секако каде без класичен хипстер, наочара, брада, трегери и на прва тепачка со рацете преташе ко пиче некое, ама нели после тоа научи да се тепа и изиграваше главен фраер у маало.

А, од старт знаев дека ќе биде нешто поврзано со зараза/вирус пошто секако у такво брзо темпо како што почна филмот нема у кадар да дадат дебел лик што кашла ко да умира и наеднаш го снемува коа се дешава пукањето. Апла беше дека ќе игра он некаква битна улога у целава дешавка. Грешките со облеката, раните, телефонот здрав прав на таков пожар нема ни да ги коментирам.

Кога би го тргнал се ова на страна, глумата и музиката беа супер. Не знам исто у кој жанр спаѓа филмов, ама мистерија или трилер секако не е. Хуморот го немаше нешто многу, ама Израел ме насмеа неколку пати и покрај тоа што беше гаден лик.

Се на се, филмов вети многу, а ништо не испорача. Имаше потенцијал.

6/10
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
El Bar

Гледлив, на моменти забавен (претежно на почетокот), ама севкупно нападен(главно поради режијата и монтажата), со недопадливи ликови, се изгуби во сите жанрови и полн со нелогичности.. Една од поентите претпоставувам му беше да ја покаже психологијата на луѓето при екстремни ситуации во холивудски забавен стил, ама сѐ што успеа беше да ми отвори желба за реприза на The Treasure Of Sierra Madre.
Среќа женската што беше убава за гледање.

Филм што се заборава, 5,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
Следен предложувач е @Dumbledore . Ќе ви каже до вечер кој е филмот, а ако не - тука сум јас.

Анализата за El Bar, подоцна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom