Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Heaven can wait (1943)
Долго време се мислев помеѓу овој филм и The Ghost and Mrs Muir, каде едната единствена заедничка алка им е Џин Тирни во главна женска улога, која е еднакво привлечна и како замаскирана сребрена лисица.
Пресудни беа нејзините прекрасни зелено-сини очи, во чија длабочина може да се пропадне и ужива единствено ако се прикажани на филмското платно во боја.
Филмов е приказ на животописот на Хенри (Дон Амичи), раскажан во прво лице еднина, кој во судниот час се соочува со една специфична проблематика: каде ќе отиде неговата душа по неговата смрт.
Животопловот на приказната започнува од неговото најрано детство, кога бил опиван со љубов и внимание, неговата младост, каде е тврдоглав, мрзелив и бунтовен. А пресекот на свoеглавоста и созревањето се случува кога ја запознава младата Марта (Џин Тирни) и таа станува центарот на неговиот универзум.
Преломот во неговиот живот се случува доста касно, откако ќе почине Марта и ќе ја пронајде книгата преку која она цело време се обидувала да го направи среќен, дури и во последните мигови од нејзиниот живот. Со таа книга започнува нивната (хронолошки) прва долгометражна сцена.
Приказната постепено се забрзува, но како старее Хенри, така и приказната започнува да губи на кондиција.
Лесно гледлив филм од златната ера на Холивуд, без тешки расплети и заплети, диманична и сензитивна приказна за еден живот на еден најобичен смртник.
Се надевам дека ќе ви се допадне!