FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да не се повторувам дека ме нервираат старовремските филмови со сета нивна вештачка глума, сетинг и слично.

Убаво почна филмов, имаше некоја интересна жичка на хумор што убаво одговараше на текот и ситуациите во кои се наоѓаа ликовите. Не дека се смеев нешто, далеку од тоа, ама сепак океј беше, поготово за тоа време. Негде на средина односно во втората половина ми скурчи скроз и ми изгуби на внимание. Не ми е интересно и не ме привлекува вакво нешто. Не се у тек со времето ваквите старовремски филмови и затоа ми сметаат.

Таа французинката нели беше иста со оваа Марта бе? Исти ми беа и двете.

Горе доле, тој ми е впечатокот, не глеам старовремски филмови и тешко дека некој филм од тоа време ќе ми остави некој јак впечаток.

Мех.
6ка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Небото може да почека (1943)

Филмовите на Лубич се главно романтичарски и заради тоа секогаш добро поминуваат кај гледачите. И овој филм не е исклучок. Имаме љубовно-брачни перипетии во високата класа со типични ликови за жанрот од тој период.

Убава приказна со стереотипен хумор, кој рака на срце е многу подобар од мнозинството денешни филмови. Актерите беа ок, музиката исто, иако студиски и камерата и сценографијата на ниво, сето одлично спакувано и амбалажирано. И со тоа не се издвојува многу од останатите слични наслови од тој период.

7/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Heaven Can Wait (1943)

Одличен feel good филм. Уживав додека го гледав, цело време ме држеше фокусиран, дијалозите знаеа да бидат смешни и досетливи, некои од ликовите доста стереотипни и одлично вклопени во цел тој амбиент. Хенри имаше посебна харизма како лик и не беше можно да не се има симпатии кон него. Баш онаа сцената со татко му и дедо му на почетокот додека сеуште беше млад кога разговараа дека иако е таков, сепак му даваат пари, беше одлично доловено за каков лик всушност се работи.

Џин Тирни веќе ја имав(ме) запознаено баш од клубов преку Лаура. Ако добро се сеќавам, овде беше предложен. Беше уште подобро да се гледа во боја. Каква само убавина имала. :love: Амичи од друга страна изгледа како татко на Бред Пит да му е. :D

Хуморот беше допадлив, посебно што беше малку суптилен и не толку in your face ниско интелегентен хумор како што имаме во модерните комедии, иако кај мене не предизвика до толку смеа, освен со дедото и неговите реплики, како и со родителите на Марта кои беа типични стереотипни намќори од Канзас, а сепак добри луѓе. Сцената на масата и батлерот кога комуницираа преку него беше hilarius. И Алберт беше стереотипен лик на богат, паметен човек, а сепак без посебна харизма и отсекогаш ствараше некоја одбивност кај луѓето.
Тоа што успеаа ликот на Хенри да го прикажат како Казанова со само 2-3 лоши бакнежи (типични за тоа време) е одличен приказ со каков квалитет пленеле филмовите тогаш. Денес да беше снимен ќе го направеа како 365 дена...

Право освежување беше во клубов. А, и од она што успеав да забележам од моето долгогодишно учество овде е што нема ниту еден лош филм кој е утка. А некако, сеуште постојат стереотипите каде што старите филмови не се гледаат или намерно се изоставаат.
Па, се надевам дека и во иднина ќе имаме повторно некој предлог од овие времиња.

8
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Heaven Can Wait (1943)
Старовремски филм во боја техниколор за тоа време врвна технологија ,нешто како аристократија
као тетарска престава ми личше немаше многу различни сценографии,глумците непознати ,од 19 век родени една млада глумица лепотица ,црнец слуга ,дешавки хумор суптилен ,содржината не ја разбрав многу оти каснеше звукот на јутуп ,просецен од времето на црно бели филмј во боја. оцена 6.0
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Heaven Can Wait
Го репризирав и се потсетив. Му имав ставено 8/10 сега 7.5/10
Првата третина ми беше многу поинтересна затоа што имаше многу повеќе хумор. Потоа како што старееше Хенри ми беше помалку интересно.
Многу добро напишан со јаки дијалози.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
148. HEAVEN CAN WAIT (1943)

1651439475083.png

Го фатив последниот воз за Heaven Can Wait. Инаку, јас бев свесен за постоењето на филмов одамна, зашто имам за цел да ги изгледам во животот сите филмови номинирани за Оскар за најдобар филм, па така и овој ќе дојдеше на листата кога-тогаш. Но бидејќи постои уште еден филм со наслов Heaven Can Wait, од 1978, во режија на Ворен Бити и Бак Хенри, а Ворен Бити ја игра и главната улога, бидејќи немав ништо прочитано за овој од 1943, а имаше ист наслов со другиот кој ми е гледан, некако како да претпоставив дека се работи за римејк на истиот филм. Но се испостави дека сум бил во страшна заблуда. Heaven Can Wait (1978), исто така одличен филм, исто така номиниран за Оскар за најдобар филм и плус уште во 8 други категории и освојувач на Оскар за Production Design, е фантастична драма / комедија кој буквално нема една допирна точка со овој филм. Препорака од мене да го ѕирнете.

Овој - супер филмче! Убаво напишан, одлично режиран, убаво одглумен. Мене не ми сметаше театралноста во глумата тука, очигледно тие кои замеруваат за тоа тука, не се со нас уште од самиот старт и го немаат гледано All About Eve. Многу забавен филм, пролета времето додека го гледав. Омилен лик - дедото. Кој цар беше типот! Девојкава што ја глумеше Марта само втор пат ја среќавам на филм (по Laura) - преубаво суштество! Би сакал да видам што друго има одиграно. Одличен предлог генерално. 8/10 и од мене.

___________________________________________________________________
Тука завршуваме со Heaven Can Wait (1943). Го гледаа 13 души и му дадоа средна оценка 7,5. Го испуштија:

@Gazpapir , @Комита Ултрас и @__Vita____ - на сите прв неизгледан.

___________________________________________________________________
Сега имам една ваква ситуација за која ми е потребна консултација: последниот филм во овој круг веќе ми е познат, треба да го предложи @The Cooler King . Тој треба да трае од утре, 02.05 до 15.05.2022. Што значи новиот круг би започнал на 16.05.2022. Но, во деновите 12.05-17.05.2022 нема да бидам во можност да напишам ништо на форумов, а не па да отворам нов круг, зашто имам испланирано патување. Размислував за неколку опции како да го изведеме тоа, па еве барам совет од вас која од нив да ја одбереме:

А. Да тераме со последниот филм како што е предвидено 02.05-15.05, па неделата 16.05-22.05 да направиме пауза, а новиот круг, со сите салтанати, да го започнеме на 23.05.
Б. Да направиме сега пауза од една недела, нека биде ова недела во која секој од нас би изгледал по еден пропуштен филм од клубот, а со предлогот на @The Cooler King да почнеме од 09.05-22.05, а новиот круг да почне на 23.05.
В. Да тераме со последниот филм како што е предвидено 02.05-15.05, а новиот круг да започне на 18.05 (среда), и првиот предлог, кој секако ќе биде мој, ќе трае 2 дена пократко од останатите.
Г. Некоја друга, ваша идеја?

Секако имаме време до утре попладне, оставам најдоцна до 20:00 да одлучиме како ќе продолжиме. Отворам и анкета горе каде ги очекувам вашите гласови по предлозите, па како ќе одлучи мнозинството, така ќе постапиме.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Со оглед на тоа дека на еден куп серии ми испаднаа нови сезони/епизоди, баш би ми годело таа една недела пауза за да го изгледам Heaven Can Wait.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Одбирам опција В
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Со било која идеја сум океј, таман да ги изгледам пропуштените.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Предлог A
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас сум за третата опција: не значат многу тие неколку дена подоцна ако почне наредниот круг
 

Kajgana Shop

На врв Bottom