FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
@Shawn Spencer , pole dancing е всушност фитнес вежба која се практикува насекаде во светот, и не мора по дифолт да се поврзува со нешто еротско. Постојат дури и спортски натпреварувања во многу држави во кои натпреварувачите се оценуваат слично како во уметничкото лизгање, на пример. Ти го напоменувам ова, зашто постојаното навраќање на таа шипка во таква конотација во која ја споменуваш, е навредливо. Тоа е слично ко човек кој тренира борење, на пример, да го исмеваш дека личи на педер зашто носи тесни хеланки (или како и да се викаат тие). Затоа и ти беше избришано мислењето, и тоа не е прво такво. Се надевам дека малку е појасно сега? ;)
Нити имаше навредлива конотација мислењето што го избриша, нити имаше еротска констатација или наведување од моја страна.

Дисциплината е позната ко танц на шипка/вртење на шипка кај нас. Има и атлетска дисциплина 'pole vault' што кај нас е скок со стап, па никој не се буни зошто е стап, а не нешто друго.

Примериве со борење нит сум ги помислил сношти, нит сум ги рекол.
Баш ме интересира, ако можеш да ги видиш избришаните мислења да ми пратиш скриншот од последново, да видам кај има навреда или наведување на 18+ муабети. Еве може деменција имам, па не памтам што сум пишал. Да знам да се лечам.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Нити имаше навредлива конотација мислењето што го избриша, нити имаше еротска констатација или наведување од моја страна.

Дисциплината е позната ко танц на шипка/вртење на шипка кај нас. Има и атлетска дисциплина 'pole vault' што кај нас е скок со стап, па никој не се буни зошто е стап, а не нешто друго.

Примериве со борење нит сум ги помислил сношти, нит сум ги рекол.
Баш ме интересира, ако можеш да ги видиш избришаните мислења да ми пратиш скриншот од последново, да видам кај има навреда или наведување на 18+ муабети. Еве може деменција имам, па не памтам што сум пишал. Да знам да се лечам.
Шон Спенсер, јас не го видов мислењето, меѓутоа ќе те замолам повеќе да не ме спомнуваш во конотација со шипка, било на заебанција или не. Доволно ја спамаш темава со невина шега што ја направив пред две недели со член што го сфати и прифати контекстот. Помина тој муабет, готово. Не мора во секој пост упатен кон мене да спомнуваш шипки и клубови, постовите ти се малициозни и офанзивни. Темава е за филмови и филмски рецензии, не е за шипки, кој што прави кога не е онлајн, како се занимава и слично.
@Zlatikevichius ако може дискусијата да ја продолжите на соодветно место, зашто никој не е тука да чита драми.

Фала.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.908
Поени од реакции
23.598
Laura (1944)

Го изгледав вчера, и реално така подолго ми се вртеше во глава што да напишам.
Немам некои големи забелешки за филмов, ама не сум ниту импресиониран.
Не сум гледал премногу стари филмови, но од тие што сум ги изгледал овој е еден од тие што ќе ми остави најмалку впечаток и брзо ќе биде заборавен.

Приказната ќе беше подобро да останеше дека е Лаура мртвата или па ете да се појавеше пред самиот крај за да испадне мистерија. Вака, со појавувањето на сред филм и тоа во сопствената куќа каде е веќе детективот кој во филмов немаше дом каде што не влезе непоканет малце приказната ми доби друга димензија и искрено, не ме импресионираше тој момент.

Актерската екипа ништо посебно, глумата својствена за тој период а приказната видена за овој век. Валдо крајно антипатичен лик, очекувано беше он да е убиецот. Особено кога приказната доби расплет и кога се создаде тој љубовен триаголник, јасно ми беше кој пукал а кога се појави Лаура одма ми светна и дека убиената била на погрешно место во погрешно време. Али тој момент дека никој не знае дека Лаура е жива ми беше катастрофално наметнат. Па со шадган ја пукал бе, не ја запалил. Па уште и шокот на куќната помошничка кога ја виде Лаура. Лелелелејјјјј!
Можеби ете да сум го гледал поодамна филмов ќе ми бил и те како интересен. Од оваа перспектива, ми изгледа како една лоша, подолга епизода на The Twilight Zone.

Оценка му давам 6/10.
Истава изведба и приказна да беше преточена во филм од 2021 ќе беше едно големо дно.
Шестица од мене за годината во кој е сниман и убавината на Лаура. Се друго беше просек а одредени работи дури и под просек.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Laura (1944)

Ова е еден од постарите филмови на Премингер и иако е вешто режиран, не можам да кажам дека по нешто се истакнува или поседува некој елемент по кој би останал запаметен. Горе-долу некоја стандардна романтична мистерија за тоа време. Со ликови од високата класа и без силни женски ликови отстапува од стандардните рамки на ноар стилот, но присутна е опсесијата на детективот кон девојката.

Дијалогот добар, исполнет со досетки, но сценариото баш и не, особено со моментот каде главниот осомничен му се придружува на детективот во истрагата и испитувањето на другите. И ликовите некако се бледи, нема енергија и емпатија меѓу нив. Премногу театрално играат. Кога сме кај театарот, речиси и да не излегоа од студиото, а отсуствуваа и крупни планови.

Гледлив, но ништо повеќе.

6/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.115
За крај, добредојдовте во мојата чајџилница, каде се служат исклучиво црни чаеви.

Уживајте!
Jas pijam isklucivo crn caj.
Ama koga stanuva zbor za filmovi, pijam i ovosni premnogu zasladeni. Superherojski. Zboram za superherojski. :D

Laura

Corvus, mislam deka poslednite 3 predlozi loso ti gi oceniv i bas mi e milo ovoj sto mi legna. 8/10

U vakvi stari mi smeta teatralnosta malku, kako na poveketo, no epten e akcentirana koga e komedija. Tuka imase teatralnost no ne da me izvadi od film, osven mozebi poslednata scena. Dijalozite bea sovrseni, pametni, zakaclivi, naveduvacki... Ednostavno funkcioniraa. I prikaznata bidejki ne se zamarav mi legna, so se twistovi. I sekako preubavata Laura koja milo mi e sto se pojavi u sred film i go razubavi.

Da ne pisam vaka od noga, odlicno si pominav, cuvstvo na dobar film preku vikend a ako mora da najdam zamerka e toa sto ne ja ubi Waldo na kraj. No, toa sum samo jas i e nesto na koe treba da rabotam, umeguvreme cinikot vo mene misli deka prikaznata ke bese poubavo kompletirana taka.

Ta.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Лаура

И по четврто гледање не ми се менува мислењето дека Лаура е одличен филм и спаѓа во кремот на ноарите.

Ја имаме можеби и најфаталната ноар женска, се заљуби детектив во неа, други двајца уште се караат за неа и се тоа додека она е мртва... и ги разбирам, Џин Тиерни е совршена убавица и тешко се трга поглед од неа.. тотално погоден избор.

Најубавата реакција и рецензија би била после првото гледање со оглед на пресвртот, кој се сеќавам ми беше шокантен бидејќи мислев дека Лаура ќе се појавува само во флешбековите.

Уживав во сценариото, убаво снимен, глумата исто добра, би го издвоил Клифтон Веб како Валдо, си владееше.

Од "спорните" моменти, жртвата е слична конституција и застрелана во лице во домот на Лаура, не ми е спорно неколку дена да мислат оти е Лаура.
Детективот истражува заедно со осомничените, невообичаено, ама он така ги ловеше и така откриваше поише за нив, држеше се' под контрола.
Една поголема работа што ми сметаше и ми беше наивна е што откако ја најде пушката детективов, ја врати назад и си отиде со замисла утре да ја земат, а Валдо беше спремен со муниција во џеб и влезе во станот од втора врата која нас ни ја внесоа во игра отпосле колку да можат да го одиграат расплетот на тој начин

Сеуште ме држи и внесува филмов од почеток до крај.. 8,5/10

I shall never forget the weekend Laura died.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Laura

Може многу да се говори за овој филм, почнувајќи од quirk-несот на ликовите, преку дијалозите и сценариото, до твистот, токму по кој повеќето членови ќе го запаметат овој филм, додека на оние поискусните во жанрот, ќе им остави впечаток неговата уникатност. Дело кое несомнено влегува во категоријата на црни филмови, но со себе носи и некоја леснотија и ведрина, што не е толку карактеристично за класичниот ноар.

Почнувајќи од детективот Мекферсон, кој како носител на дејството ја диктира и емоцијата на филмот. Можеби еден од најопуштените и најлибералните детективи со кои што просечниот гледач на детективски филмови ќе се сретне. Дозволува секакви тралалајки да го придружуваат, од местото на злосторството, во барови, па дури и на распит кај осомничени. Првиот пат кога го гледав филмот, памтам дека помислив:„Генијално!“, а и навистина, зошто НЕ би ги држел на око на овој начин, особено што самите доброволно си се пријавија секој чекор да им биде забележан, секоја реакција посведочена. После Филип Марлоу, дефинитивно омилен детектив, особено со онаа негова лажна незасегнатост и незаинтересираност, додека успева се да испроцесира и да го добие тоа што го интересира.

Двајцата главни осомничени, СИМПОВИ на Лаура, нема што многу да ги коментирам, освен што мислев дека стариот е Винсент Прајс (легендарен актер инаку), па испадна дека е младиот, па тоа didn't sit well with me зашто не можам да си го замислам Винсент Прајс како млад женскарош што покрај Лаура оди таму се плетка со некакво бабиште, фуј! Нема потреба да за зборува за овие НЕБИТНИ!

Лаура :love:
Џин Тиерни е според мене една од најпотценетите Холивудски убавици, не се зборува доволно за неа, а нема ни некаков култ кон нејзината убавина, каков што има за некои други нејзини современички и колешки. Можеби совршена за ликот на овој фем фатал. Лаура: преслатка, своеглава, амбициозна и неодолива, успеа дури и „мртва“ да го занесе детективот кој само за неа lost his cool. Единствена друга актерка која би можела да го изведе сето ова, без да изгледа фејк или глупаво е само Грејс Кели. Лаура е goals реално, најреално, секој што мисли поинаку гомна да јаде (се извинувам, не знам што ме спопадна)

Одиме даље на техничките работи. Сценариото глава боли, особено па со таа минутажа, како десерт. Овој филм е десерт. Овој филм е chocolate lava cake кој во средината го содржи најубавото, а во средината - твистот. Твистот мене ми го прави филмов совршен, јас бев во шок кога Лаура се појави, памтам дека ја враќав сцената зашто не ми се веруваше што се случува. Ова е тоа што мене филмов ми го крена неколку оценки погоре од сите други ноари, мене Лаура ми е #1 ноар исклучиво заради твистот и никогаш нема да ја заборавам таа сцена. Таа сцена прва ми се појавува пред очи кога ќе помислам на Лаура. Мене дикцијата во овие филмови ми се допаѓа, и уживам да ја слушам. Многу ми фали во новите филмови, и кога ќе ме спука носталгија, си пуштам црно-бел филм, во којшто сите зборуваат полека, и на уникатен мешан акцент и со совршена дикција. Ја обожавам дикцијата во стари филмови, го носи духот на некое друго време. Дикцијата и овде, како и во други филмови, ми беше уживање да ја слушам.

Лаура кога ја гледав првиот пат и ставив 8ца, меѓутоа со оглед на тоа што Лаура ја гледав релативно одамна, а сеуште ја памтам и препорачувам по толку филмови, сеуште ми буди возбуда и емоции сепак одлучив дека заради успешноста да ме опседне до толку, да и ја кренам оценката.

9/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Laura

Не знам дали дека сум премногу уморен или па до филмот е ама симп ноаров не ми легна баш. Не беше лош, беше гледлив.

Цел филм не знаев кој кого сака.
Мистеријава ама воопшто не ми беше шокатна, овој Лајдекер ми беше fishy лик уште од старт, се пика кај што не му е местото.
Малце очигледно беше дека он е замешан у што и да беше крајниот исход. Ме измеша до душа кога Марк го фати тој дибекот Шелби Карпентер во куќата како ја фаќа пушката, ама сепак, не ми беше шокатно ништо. Ќе беше ако Лајдекер ја убиеше Лаура на крајот и се убиеше самиот, аххххх замисли...Прекрасен крај.
Несфатлив беше потегот на Марк да ја остаи пушката, ама ај, што знам јас за детективски работи.

Обично ја обожавам глумата во постарите филмови, ама тука ми изгледаше некако премногу извештачено. Ликовиве беа ко едвај да чекаат да си ја кажат линијата. Сцената со Лаура и Шелби у ресторанот е чист пример за ова, дијалогов е ко ја коа рецитирав песни у основно за побрзо да ги кажам додека не сум ги забораил. И на крајот од тој дијалог, Лаура му вика да играат овој веќе беше полустанат. Не знам зошто навлегов у сценава и замарам ама е најдобар пример за тоа што сакам да кажам за глумата. :D


Како и да е, гледлив, ништо повеќе, 6/10.
Автоматски споено мислење:

А и да, Џин Тирни е прекрасна.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Го изгледав и сфатив дека веќе сум го гледал, на телевизија, многу одамна. Не по своја воља, него тоа време немаше друго што да гледаш, освен тоа што го има на едниот од двата канала на теве.

Не се занимавам професионално со филм и може некои термини што ги користам и не се баш најточни (а може и се).

Ноар филм со сите неопходни елементи за полесна дефиниција: убиство, фатална жена, мистериозна атмосфера, очај, копнеж... Кога ќе кажеме ноар-филм мислиме на сето тоа кое го набројав, но и на други карактеристики кои се дел од духот на филмското време, а не на жанрот. Претерувањето со глумата и пренгласените карактерни црти на ликовите имале тогаш функција, во духот на тоа време. Ако кажете не ми се свиѓаат овие работи кај филмов, тоа треба да знаете дека помалку или повеќе, се однесува на сите филмови од тој жанр и од тоа време.

Што е функцијата на филмот? Да те забавува? Да те натера на подлабоко размислување, да ти отвори нови перспективи можеби? Да ти држи лекции за социјална правда, како да се однесуваш, кого да сакаш, а кого да мразиш...?

Ваљда одговорот е комплициран.

Тоа е време кога филмот бил првенствено забава и првенствено не покушавал да им држи лекции на гледачите, како да живеат и сл.

Филмот/сценариото ги пренагласувал/о карактерните особини на ликовите, што било проследено со overacting (во филмов, според мене у тој контекст врв е кога Веб глуми како Валдо умира на крај), што одзема на реалистичност, но им помага на гледачите од широката публика полесно да го примат филмот и сценариото. Мене ми е битно што е целиот филм конзистентен околу тоа и сите ликови се такви. Ако сакате да видите како реалистично се однесувале луѓето од тоа време, дали биле вака чизи у понашање, гледајте некој модерен филм кој е сместен тогаш, на пример, Најтемниот Час за Черчил.

Режија – солидна, карактеристична за тоа време, но без експерименти и без изненадувања.

На самиот почеток нема многу монтирање (а и севкупно). Уводниот кадар, при прва сцена, е долг и хоризонтален, во лево и десно, но, потоа воглавно плотот се развива низ театaрски сцени: два-тројца во затворена просторија, пљампаат нешто, па после друга таква сцена, па следнa и така се развива приказната.

Додека дејствието не е развиено, темпото е поспоро, па се труди и камерата таква да биде, на пример во уводната сцена со еден хоризонтален кадар. Како се развива плотот, за да се долови атмосферата која станува понапната, се почесто има монтирање и сечење на кадрите, нели - заради доловување динамика.

Уводната сцена има улога да ги претстави ликовите. Режисерот тука малку нападно настојува уште одма у прва сцена да се утврди точно кој што е (што визуелно, што преку нарација, што преку дијалог). Кадарот е хоризонтален и оди долго на десно, во големиот хол на Валдо, доаѓа до протагонистот Мекферсон и потоа тргнува на лево без сечење. Шетањето на кадарот низ екстарвагантниот хол служи да се долови валдовиот социјален статус, па (камерата во тој еден кадар) шета низ витрини, мермери, артефакти и ексклузивни материјали... се до самиот Валдо на крајот – како цар во своето царство (тука веќе друг кадар има). Но, пред да стигне до него, два пати се задржува на часовникот. Дури и Мекферсон се задржува на часовникот, а и Валдо како наратор се убацува и збори за саатот. Се прашувам зошто баш на часовникот, од толку чуда, слики, артефакти...

Да не сака режисерот да ни потенцира нешто?

Чехов помина низ филмот неколку пати.

Така Валдо ни го претставија, а и он самиот се претстави.

Значи, на почеток имаме визуелни информации, дијалог и нарцисоидна нарација, кои ни кажуваат дека Валдо е некој и нешто, што би рекле. Но кога завршува долгиот хоризонтален кадар низ неговиот хол (што требаше да ни го долови неговиот статус), се појавува Валдо на крајот, но е стар, гол и жгољав и тука више почиње филмов со поопстојно експонирање на морално-етички недостатоци - лажна скромност (“местото кај што живеам е раскошно, али го нарекувам дом”), зајадлива осветољубивост (им пишуе хејт-колумни на тие што не ги сака) и тн. Тука одма веќе почнувам да добивам други вајбови од режисерот, во контекст на тоа, кој е убиецот.

Инаку, на сам старт, малку ме излажа улогата на наратор, која сметав дека го исклучува од списокот на убијци. Али тоа е ефтина финта на режисерот – нараторот да биде убиецот, на која паднав и првично мислев гарант не е он. Али како све повеќе го претставуваа, како дознававме кој е и каков е, почнав да се сомневам.

Потоа, бидејќи режисерот инсистира одма да се утврди кој - што е, Валдо одма у оваа сцена, раскажува за Мекферсон (во дијалог, надвор од уводната нарација). Он можеше да му каже – Еј ти си Мекферсон од тој и тој случај, но не. Мораше (за ние да знаеме уште од прва сцена колку е мадфакр Мекферсон) да каже – Еј ти си Мекферсон, кој пукаше со машинка кон овој и кој го уби оној и кој има олово у нога и кој е мадрфакр и кој бла, бла, бла...? Ти си тој или не си?

Исто и во текот на филмот, ничим изазван Валдо му раскажуе све и свашта на Мекферсон, нешто од тоа има улога да го наведе на погрешен пат, но некои ствари безпричински ги декламира, ваљда ние за да знаеме повеќе.

И така одма установивме дека Мејкферсон е хардмадафкр, кој се пукал со мафија, убивал, има олово у нога and all that shit. Интересно ми е тоа што, он е до толку голем јунак, а нигде после у филмот не му притреба тоа, ниту он имаше потреба да демонстрира некое посебно јунаштво, храброст или што и да е повеќе од регуларна детективска работа. Провалување низ врата и престрелки со мафијаши низ ЊуЈорк триести, не е баш исто. Не најде pay off никаде тој сетап, само требаше да знаеме дека е таков, дека нема трте-мрте со него. Чак не ни пукна ниеднаш.

Друго нешто од техничкиве ствари што приметив, а сум го гледал у филмови од тоа време. На пример, еден начин на сечење кадар. Го приметив у неколку сцени:

Излегуваат од кафана Валдо и Мекферсон. Во кадарот го има влезот/излезот од кафаната, три-четвртински е аголот, тие излегуваат, се раздвојуваат, Валдо се одалечува на друга страна, а Камерата зумира во лицето на Мекферсон и затемнува. Тука гро-планот (како и секогаш) ваљда има улога да насетиме што му се мува низ глава, сумња у Валдо. Неговото лице у тој момент е најбитно и одма брз фејд-аут.

Или пак ова: излегува Мекферсон и уште еден од кола. Камерата исто така ¾, ама повисочко, ја има у кадар и улицата и колата и овие како излегуваат и цепаат кон хоризонтот, право напред, а камерата се спушта и зумира во лицето на рандом лик, кој стои потпрен на улица, до колата и наместо со затемнување, се одјавува со микс - фејд-ин/аут со следната сцена.

Инаку, ми се чини дека севкупно гро-планови тука малку имаше, у споредба со други филмови од овој жанр.

Најинтересни моменти (за мене):

  • Meкферсон го удира у стомак Шелби и овој се витка, а Ен Тредвел го прегрнува, по што овој испушта чуден звук, бацувајќи и ја раката.
  • Винсент Прајс кога вика - у ништо не се разбрам многу, али у све се разбирам помалку.
  • Мекферсон додека ги испрашува другиве, игра бејзбол на handheld конзола (мислам дека беше Game Boy Micro или некое од оние на Tiger или Casio гемчињана), за да смири живци, а другиве тоа ги нервира.
  • Сега никој не знае дека си жива, многу ми е битна твоја сигурност, немој да се јавуеш никому, нити да излегуваш надвор! - Ветувам нема! ; овој си отиде, а оваа буквално одма после тоа се јави и излезе, ни секунда дилема! аутоматски, само што затвори врата на излагање детективот.


Сценариото – функционално, со фалинки. Два плот твиста. Дијалозите не се чизи, паметни се и добро е што тој злокобен overacting, за кој толку се збори, тие пренагласени емоции и карактерни особини, се природно вклопени со дијалозите. Си одговараат. Кохезијата е задржана.

Има уште многу да се збори за карактерите, сценариото, режијата... но ме мрзи више.

Дали е бољи од, да речеме, Малтешкиот Сокол? Веројатно не, но е сам по себе издржан и функционира во тој сетинг. Сум гледал неколку ноари и сите ми се мање више тука негде (со некои разлики секако). Ако сакаш шпагети-вестерн, го сакаш и За шаку долара а и другите.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Дали е ова најдолгата рецензија?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Дали е ова најдолгата рецензија?
Не знам, али знам дека е нецелосна. Фалат ствари.
Автоматски споено мислење:

Абе Просперо не го познав веднаш. Не го очекував толку млад.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Абе Просперо не го познав веднаш. Не го очекував толку млад.
И јас од таму го знам, многу е различен овде од Црвената Смрт, јас не верував дека е тој, после проверував дали се работи за истиот Винсент Прајс, ама тој бил.

По повод тоа, еве еден од можеби најдобрите дијалози евр (заедно со „Do you know how a falcon is trained, my dear?“, ама од него не можев да најдам јутуб видео)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom