FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
The Constant Gardener

Со цел да не упаѓам у туѓи, одлучив мојот термин да го искористам за рецензија и на овој предлог-филм на @Leo Bonnie кој заради извесни околности не успеав да го изгледам на време.

Немам многу што да кажам, па ќе бидам кратка. Филмот е релативно просечен во својот жанр, како и во британската кинематографија. Се занимава со тема која своевремено изгледа била актуелна, бидејќи јас сега скоро го гледав и Beyond Borders, филм од раните 2000ти кој имаше слична премиса и идеја - да го покаже тешкиот живот во Африка како сетинг за романса помеѓу главните ликови. Ништо посебно не ми беше ниту тој филм, ниту овој. Не ме палат мене нешто особено вакви репортажни филмови за затуцани места на Земјата, што као треба да ми ги отвори очите - Еве што им прави западниот човек на послабите од него! Романса-wise, еех, премногу трагично и срцепарајуче за мој вкус, а истовремено и премногу англиски студено. Не почувствував некаква хемија, паров ми беше премнгу дистанциран и ладен. Жена му на Бонд премногу шејди во текот на целиот филм, а овој шефот на Бонд малку ко мутав и изгубен, божем имаше некоја огромна љубов меѓу нив, ама јас не ја осетив. А и Волди не ја осети, па требаше братучедов да му каже she loved you rotten. Временските скокови малку ме губеа исто така и ептен се израдував кога филмов го стигна тековното дејство па не мораше веќе да се чудам дали сцената што ја гледам е ретроспектива или не. Кастот супер, случајот што го расплетуваа и откриваа исто така интересен, што ги нивелира негативниве работи па на крај секако некој просек - ни лош, ни добар може да се извади.

6/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.908
Поени од реакции
23.598
Следен на програмата ќе биде Arkansas (2020)

Барав малце подетално да понудам филм кој никој го нема гледано, и едвај успеав овој наслов да го издвојам.
Речиси сите топ предлози кои ги имав, беа изгледани од најмалку двајца а одредени од буквално сите. Стварно е невозможно да се понуди нешто ептен квалитетно а да го нема никој гледано.
Како и да е, идеме со neo-noir crime thriller во кој двајца младичи влегуваат или барем пробуваат да влезат во криминалниот свет.
Да не должам многу, коментарите ги оставам на вас.


1621232278618.png
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.908
Поени од реакции
23.598
Хеј, бај д веј, проверете си, не знам дали е во Македонија исто, ама тука е достапен на Нетфликс.
Торенти не проверив, ама не би требало да е проблем.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Хеј, бај д веј, проверете си, не знам дали е во Македонија исто, ама тука е достапен на Нетфликс.
Торенти не проверив, ама не би требало да е проблем.
Го нема на Нетфликс, сега проверив
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Филмов ми е реприза после 10тина години мислам, така да релативно се имав заборавено..
Имаше материјал за многу подобар филм, интересно позната тема со фармацевтско-дипломатски заговори и мафии зачинето со состојбата у Африка и романсава...
ме заинтересира посебно кога почна Ралф Фајнс да истражува и тој аспект најмногу ме држеше иако си имаше некои наивни моменти, ама многу ме вадеше од филм неусогласеноста, ко да имаше неколку различни тонови филмов, со монтажа која многу ме нервираше..

Делот со романсата не ми беше по вкус, делчињата за Африка беа ко од документарец.. севкупно една не така лоша 6,5ка
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Arkansas
6/10
Not bad, not terrible.
Но филм што до утре ќе го заборавам. Ништо особено уникатно не ни даде.
Имаше интересен шмек, ветуваа овие двајцава, солидно дуо беа но... воопшто не ме интересираше минатото на Винс „Жабата“ Вон.
Шознам.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Арканзас 6/10
Го изгледав уште одма, ама не знам баш како да го опишам, освен „уште еден филм за криминалци“.
Приказната е интересно исплеткана, мене ми беше посебно интересно тоа што Фрог на почеток е претставен како легенда, кој можеби и не постои, а потоа дознаваме дека бил обичен човек кој сосема случајно влегува во криминал со дрога. Станува главен заради превара, преварата како карма ќе го стигне, иако момците не планираа да го мамат, барем на почеток, после само се бранеа, и филмот заврши како што заврши.

Некако сè помалку ме привлекуваат филмови во кои се величаат криминалци (како The Irishman на Скорсезе, кој можеби пред 15 години ќе ми беше хит, сега не баш...)

Винс Вон го сакам во филмови, ама овде не го личеше, нема криминална фаца.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Гледај го Brawl in Cell Block 99 да видиш дали нема криминална фаца. Прав насилник.
Не сум го гледала, ќе го гледам :)
Ама мене ми е софт некако, има фаца на „плишано мече“ :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не сум го гледала, ќе го гледам :)
Ама мене ми е софт некако, има фаца на „плишано мече“ :D
Гледај го Lady Snowblood ако сакаш елегантна кореографија со акробации и clean cuts, пример главата да му ја исече па да му летне, или 10 минути да скокаат ваму таму да мавтаат со раце нозе па да му брцне нож у стомак и после 5 минути опроштај со убиецот да почне крв да му тече, и некоја цуца ако има згодна што млати сељаци како јаготка на шлагот супер.

Него Виолетова, сеа ќе ти кажам јас тебе убаво на пп.
Автоматски споено мислење:

Ја су увреѓен, не го гледа. :P
Заш бе? Испоштовај ја Лаура, не мора мене, башка баш бев респектфул :(
ЗА ТЕБЕ СПЕЦИЈАЛНО ЦИВИЛИЗИРАНО СЕ ПОНАШАМ ТУКА УШТЕ И ФИЛМОТ ДА НЕ МИ ГО ГЛЕДАШ, МРШ! :boksix:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Гледај го Lady Snowblood ако сакаш елегантна кореографија со акробации
Кил Бил ми се допаѓа, на пример, па може и овој Lady Snowblood да ми се допадне. А може и не, дека Кил Бил е понов, веројатно со поарна техника снимен?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
@123456 Баш сабајлево се мислев зошто му имам дадено 8-ца на Икиру хахаха, фала што ме потсети.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom