Spacewalker
И јас малце доцнам, па решив освен тековниот, во неделите што следат да изгледам и по еден од пропуштените. Првиот пропуштен - Spacewalker беше ОДЛИЧЕН! Браво
@devilko за филмов, големо браво! Е сега, прво да реплицирам на некои нешта од погоре, па после ќе допишам што преостанало.
Освен германски и холандски превод за оваа верзија немаше на друг јазик.
И јас го симнав истиот BDRip. Сликата џам, ама превод ни за лек. Симнувам еден: касни 3 секунди, го подесувам, тече сцената, ОК е, почнува нова сцена, превод нема. Леле, од такт ме вадеше. Симнувам друг, преводот скока, ко божем го имаа одново монтирано филмот и измешано сцените. На една сцена се појавува ОК превод, другата сцена е со превод на некоја од подоцна, па овој претходниов се појавува отпосле... Хаос. Шекнав. Симнав се што можеше да се симне. Освен англиските, ги пробав и српските, и хрватските... дури и еден бугарски, и тоа од вкупно 4 сајта за преводи. Не бе, џабе! Сите фалични. А да симнувам друга верзија на филмот, не ми се симнуваше. И на крај, се појави, на Subscene мислам, еден за некоја 3D верзија на филмов, го симнав него, каснеше 5-6 секунди, ама го подесив, и guess what? Полн погодок, конечно!
Најјака страна на филмов би рекол дека беа звучните ефекти.
Можеби, да, одличен звук и монтажа на звучни ефекти, но мене нешто што прво ме импресионираше кај филмов, и за кое сметам дека му е најјака страна, е кинематографијата. Боже, каква фотографија! Просто, занемев на некои кадри. Плус, сето тоа е потпомогнато и од оодличните визуелни ефекти... Ова е дефинитивно првиот руски филм со толку голема и толку добра употреба на визуелни ефекти. Еве, за да илустрирам, сликнав нешто што ми беше права бонбона:
Плус и кадри од сцената во која се враќаа на Земјата, па на почетокот од филмот, кога скокаа од авион... Филмов предизвика прав eyegasm за мене! Преубаво!
Добро, помагаше и тоа што појма немав каква била судбината на двајцата космонаути и бев во исчекување.
Исто, потполно исто. Впрочем, и единствената замерка која ја имав за филмов е тоа што во сите сцени во кои се очекуваше некаков исход, мислам дека постоеше хиперболизирање на suspence моментите. Дефинитивно не било така реално и сето тоа беше само за да се постигне драмски ефект. Но мене ми беше претерано. Буквално: се случува се што може лошо да се случи, за да си помислиш дека буквално тоа е крај, за на крај сепак да се спасат. И тоа не еднаш, туку 3-4 пати. И тоа навистина ми сметаше. Ептен ми делуваше холивудски и евтино. Но, имаат среќа што баш како и
@moongoses поим немав што навистина се случило со астронаутите, па затоа ми го задржуваше вниманието. Да ја знаев приказната, ќе ми изгледаше ко непотребно лигавење сето тоа.
И на крај, што да додадам. Ептен ми се допадна, навистина. Не трепнав, буквално. Ќе заборавев: и флешбек сцените во кои малиот Љоша оди да види дали навистина гнездото е домот на птицата, сам, сред ноќ, без да се исплаши, иако неговиот „подвиг“ ги плаши неговите блиски ми беа одлично вклопени и во приказната, и во текот на филмот. Не само што разбиваа монотонија, туку и ја надополнуваа прикзната за возрасниот Љоша. Плус, и визуелно ми беа едни од најубавите.
Штом го изгледв, му дадов 8/10, но вака, по еден ден од гледањето, откако легна малце (вчера не можев да пишам оти баш тогаш форумов крена температура, почна да кашла и замина на лекар, па го немаше едно време), некако се чувстувам ко премногу да ми влезе во умот и пре-импресиониран сум, па затоа би сакал и да ја зголемам оценката за 0,5 некаде, што значи 8,5/10, но бидејќи не давам половинки оценки, ќе заокружам на
9/10 и јас. Давајте уште вакви!