I'm Alive, I'm Alive!
Овојпат имав дури 10 филма на ум. Бидејќи не можев да се одлучам кој да биде, решив да го изберам по пат на рангирање. Поточно, ги рангирав десетте филма според 4 критериуми:
1. IMDB оценка
2. LB оценка
3. Колкумина од моите LB пријатели го гледале, при што највисоко беше рангиран тој кој не го гледал никој, а најниско некој кој многумина го гледале
4. Моја оценка
Потоа, според сите 4 критериуми им дадов на филмовите бодови од 1 за најниско рангираниот и 10 за највисоко. Збирот на тие бодови ми го даде конечниот ранкинг, и во следните 2 недели ќе го гледаме филмот кој освои најмногу, 36 од можните 40 бодови.
Многу бев изненаден кога видов на LB дека само 1 од моите пријатели го гледал, и никој од вас тука. Но, во ова второво се сомневам, сигурно повеќето сте го гледале како деца, ама не ви текнало да го рангирате овде. Ако е таква ситуацијата, сепак мислам дека сите ќе се радувате што ќе го гледате пак. Малку жанрови останаа што не сме ги чепнале тука. Меѓу нив и овој. И баш кога барав некој таков филм, од жанр што не сме го гледале, налетав на еден од моите омилени филмови во детството, веројатно првиот филм во животот на кој сум плачел. Станува збор за една прекрасна, колоритна, традиционална американска анимација на Ранкин-Бас двоецот која во мое време ги освојуваше срцата и на децата, и на возрасните. Јас се надевам ќе ни ги освои срцата и денес, и дека оваа прекрасна бајка не ја прегазил забот на времето. Може има и такви кои не се сеќаваат на филмот, но ќе се сетат на насловната нумера од саундтракот, која исто така беше популарна во 80тите и 90тите:
Драги мои, ве враќам малку назад во времето, во светот на бајките и фантазијата, со
The Last Unicorn. Уживајте!