Man Facing Southeast
Мене ова ич не ми се допадна, sorry
@Anon . Прво, ќе почнам од сликата - катастрофична, а гледав некој BDRip (!!!). CAM верзии денес има подобри. И немој некој да ми рекол дека бил од осумдесетите, па затоа - сум гледал филмови од многу порано што се со многу почиста и подобра слика од оваа. Второ - музиката беше ужасна! Не само саксафонот што пиштеше, туку имаше моменти кога се прашував дали како инструмент користеле бронзена чинија и вилушка, и гребеле ко луди. Веројатно тука има многумина што ќе ми замерат за ова, дека љубители на џез, или што ти јас знам што, ама мене ми беше премногу лоша музиката. Трето - приказната. Секоја чест за оригиналноста, пошто ете, они ја смислиле приказната, ама по мое мислење, во случајов преработката е многу подобро обработена и многу повеќе ми се допадна од оригиналот. Вo K-Pax во ни еден момент не знаеш дали навистина типот е вонземјанин или луд. Тука поместуваше чинии со очи, а колку што јас знам, лудите имаат проблем раката да си ја поместат понекогаш, а не да користат телекинеза. Сите тие сцени ми беа ептен вишок. Потоа - сосема ми беа непотребни сите референци од Библијата, па не знам Исус, па филозофии на Кант или што ти знам јас кој... Многу нешта замешаа во филмов, а резултатот - млак. Ова на некој начин ко да ги имаш најдобрите, најквалитетните состојки и зачини дома, ама ги ставаш во едно тенџере, промешуваш, додаваш вода, оставаш да се вари манџата, и испаѓа бучкуруш. И в уста не се става. Четврто - сцената со диригирањето може беше добро сработена, не велам не, ама чуму бе? Мене ми изгледаше ко Кустурица и циганите негови од Бела мачка... да решиле да ја свират Ода на радоста. И настанува хаос! Или ко Бреговиќ и циганските пустошења на ремек-дела од времето на Бебек и Тифа во 2000-тите... Знам, малку споредбиве може ми се неумесни, ама филмов си заслужи и неумесни споредби. Плус, не видов никаква поента во таа сцена, не сфатив што сакал поетот да каже. И уште работи имав да кажам, ама се испозаборавив од што ме успа филмов. И тоа буквално. На пола филм морав да паузирам, па станав, си сварив турско, јако, без шеќер, па така успеав да го догледам. Само 4/10 од мене. Реков, sorry,
@Anon , ама K-Pax ми беше ремек дело во споредба со овој.
P.S. Ако ми се врати меморијата во догледно време, ќе допишам што сакав да кажам.[DOUBLEPOST=1527964376][/DOUBLEPOST]
Музиката отепа со тоа саксофонот, толку популарен во тој период.
Ете! Алал![DOUBLEPOST=1527964493][/DOUBLEPOST]
Мрда радио, чинии, покажува телекинези а у. И веќе си сигурен дека не е од планетава, што не е случај во Пакс.
Е, е! That^^. Ти да не си од K-Pax исто? Баш ова го мислев!