FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Не сум дел од клубот, ама да го кажам моето мислење за Never Look Away: филмот е долг ама добар е, не е досаден, и не е само романтика, си има своја приказна која си тече. Не ни забележавме по дома дека минале 3 часа (го гледавме минатата недела). :)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.312
Поени од реакции
3.282
Network - 7/10

Океј филм. Можеби ликовите имаа неколку добри монолози, ама приказната во позадина досадна некако. Исто испадите на главниот лик на почетокот беа досадни. Да правиме реално муабет никој не би го гледал, а не па нагло да му рипа рејтинг. 7 му давам чисто заради 2-3 сцени и квалитетната снимка. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.138
Поени од реакции
10.065
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.312
Поени од реакции
3.282
Да се поправам јас, 1 е на летербокс, тука еве нека биде 3ка for the sake of the club :D
И на тој претходниот 4ка, мислам дека не пишав оцена.
Абе со оваа сценографија и режија 3ка е минимум што може да му дадеш. Вака на ремек делово ќе треба во минус оценка да дадеш. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.164
Поени од реакции
35.030
И на тој претходниот 4ка, мислам дека не пишав оцена.
Пиша, 6.
Автоматски споено мислење:

Еве ја конечно анализата (тоа значи дека имам лаптоп :P ): The Constant Gardener го гледаа 12 души, 3 помалку од претходните 2 филма, и му дадоа средна оценка 6,6 што е втора најслаба по рестартирањето на клубов. Го испуштија:

@Setsuko , @Corvus , @wot , @grande-juve , @Shawn Spencer и новиот член @Violetova (официјално добре дојде и од мене со првиот спам-таг :P ) - на сите прв неизгледан
@ManUtdChampions - втор неизгледан (жолт картон)
@Erich Zann - трет неизгледан (црвен картон, оди на дното од листата предложувачи.

Листата на членови во клубот е update-увана.
Letterboxd листата исто така.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.281
Поени од реакции
57.486
За оценка ќе почекам некој ден да видам до кај ќе ми иде паметот, мада не верувам дека ќе е поголема од 5.
Значи назад ми се вратил паметот. :D

На летербокс 2 му дадов, чисто ради првиот саат од филмот и плавата Елизабет, иначе чист 1 ќе добиеше у некој нормален надвор од клубов период.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Zlatikevichius одма сум со минусно салдо? :D
The Constant Gardener симнат ми е, ќе го гледам, ако може да го менувам со Network во не-гледање? :)
п.с. За Never Look Away - 8 од мене (да не стојат прашалници) :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
The Constant Gardener, темата е ОК, инспирирана од вистинска приказна, глумците си играат ОК, ама камерманот зошто така направил, очи ме заболеа од толку „немирна“ камера. На моменти само слушав, морав очите да ги одморам гледајќи во ѕидот дома :(
Не е во најдобрите гледани, не е ни во најлошите, и иако има високи оценки на Rotten Tomatoes, од мене само 5. :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Network

Кога цел филм размислуваш колку грозни заби има Фаје тогаш не е на арно. Добра глума али што беше тоа у устата не знам, ми стоеше ко да има комплекс цел филм и многу ретко може и ич не се смееше со заби. Али добро изглуми, она и Питер беа одлични.
Досаден ми беше, од време на време добри дијалози/монолози али не ми беа доволни за да ми ја подобри целосната слика.
Романсава помеѓу Макс и Дијана ама баш ич не ме допра, ни малце. Ако би морал да издвојам еден момент од филмов, тогаш со сигурност тоа ќе биде монологот на Џенсен.
Последниве пола саат од филмов ме воспалија. Поарно да продолжев да си нуркам и копкам по карпите у Subnautica.

5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.281
Поени од реакции
57.486
Кога цел филм размислуваш колку грозни заби има Фаје тогаш не е на арно. Добра глума али што беше тоа у устата не знам, ми стоеше ко да има комплекс цел филм и многу ретко може и ич не се смееше со заби.
:pos:
Не ми текнува дали беше у Бони и Клајд или у Chinatown ама памтам дека и се гледаше железо у забите. Протеза не беше, сеа дали носела некој мост или кајкурзнам што беше тоа ама дефинитивно не беше убаво за гледање. :D
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
:pos:
Не ми текнува дали беше у Бони и Клајд или у Chinatown ама памтам дека и се гледаше железо у забите. Протеза не беше, сеа дали носела некој мост или кајкурзнам што беше тоа ама дефинитивно не беше убаво за гледање. :D
Па и камерава не и беше пријателски настроена, цело време у фаца и беше и зумирана у забите.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom