FILM CLUB (КРУГ 5) (201. The Dreamers: 16.09-29.09.2024)

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.135
Поени од реакции
8.208
пуштете си некоја пара за нетфликс бе, сте се стиснале...
зш да платата кога имаш 30дена фрее

ја за 10мин ке го имам на дриве кој го сака нека пише на пп, 8гб е филмов блуреј 1080 англиски превод.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.621
Поени од реакции
59.841

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
Го има онлајн и на Kissasian, се разбира во 720p. Ете, ако некој му треба алтернатива и не му изгледа доволно античка (читај 2012) снимка може да го помине и таму. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.621
Поени од реакции
59.841
Ееее, ок ја сфаќам дека азијциве се малце извртени и им ги поштувам мистериите и плот-твистовите, стварно се многу јаки и шокантни голем дел од нив што имам изгледано.

Ова Secret-oв ми беше чиста глупоштина и филм без поента. Ми е гајле за музиката, не знам да слушам класична музика и све тоа ми звучи исто, мада ок рака на срце беше пријатно да се слуша таа позадинска музика, звучеше убаво и мирно, па и овие што свиреа на пијаното. Ок во целина, не смета иако не е ни некој саундтрак што ќе го памтам и барам да го слушам пак.

Тематски филмот ми беше глуп, првиот саат време гледав чисто тинејџерско заљубување за кое неам намера да влагам во објаснување и анализирање на нивните постапки. После се деси плот-твист каде приказната малце мрдна од мртва точка и за момент ми стана интересно, ме заинтересира да видам што се десило, а сето тоа траеше едно 20 минути за на крај тотално да потоне филмот и да отиде у курац и да заврши крајно без поента.

Би рекол евтина тинејџерска романса со ванаби јак плот твист.

Беше симпатично тоа девојчето Реин.-Најдена и адната на инстаграм во меѓувреме. :D
Таа другата Скај ми личи на онаа што беше у Дупер што лупаше на бубњеви, забораив као се вика. :D

ааа, и што кур бараа у филмов тие двајцата глупаци, немирните другари, ме интересира? хахахаха

4/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
зш да платата кога имаш 30дена фрее
За регистрација за тие 30 дена фри, бара бројот на картичка да се внесе, немало да повлечат пари. Дали знаеш, или некој друг ако знае, вистина ли е дека нема да повлечат? :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.721
Поени од реакции
27.695
За регистрација за тие 30 дена фри, бара бројот на картичка да се внесе, немало да повлечат пари. Дали знаеш, или некој друг ако знае, вистина ли е дека нема да повлечат? :)
Ако го прекинеш до 29 ден, нема да повлечат.
Се сомневаш во факинг Нетфликс?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.742
Поени од реакции
2.558
Го имам овој, 4 гига, се симна за 10-15 минути.
Secret 2007 BluRay 1080p DD5.1 x265

Имам верзија и од 20 гига.
Secret 2007 1080p BluRay REMUX AVC DTS-HD MA 7.1

Кој сака нека пише пп за која да му пуштам торент.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
И јас го доживеав филмов како крајно лигав, а од друга страна и чиста копија на филмови од Корејска и Јапонска кинематографија.
Првиот дел беше крајно чизи романтичен филм, типичен за азискиот дел, нешто во што не се пронаоѓам и не ми е интересно за гледање. Посебно тој чизи хумор со рамантични тинејџерски моменти ми е тешко сварлив.
Порано имавме мислам овде еден таков предложен филм, Корејски, Саси Грл. Мислам Гранде го предложи и беше далеку поквалитетен од овој.
Знам дека таму се "биг тинг" оваквите филмови, по тоа што сум гледал како другарка ми од таму ги има доживувано.

Вториот дел, повторно клише, веќе многупати видено во Корејски и Јапонски филмови претходно, што повеќе не ми претставува ништо ново.
Ќе го споменам овде anime-то Your Name кој имаше исто така јак плот твист, но далеку подобро изведен.


И јас не сфатив која беше поентата на тие "лошковците" и зошто нивните карактери постојат.

Музиката беше добра, па уживав да ја слушам. Тоа беше голем плус.

Се на се, 4.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.461
Поени од реакции
28.736
Secret

Се прашувам дали ова е најлошиот филм што сум го гледал, или па малку лоши филмови имам гледано и затоа ова ми е на дното. Највеќе што мразам се вакви тинејџерски љубовни филмови. Кој курац беа овие бе, ја не бев волку патетичен у основно на симпатијата коа и праќав пораки на 10 јазици дека ја сакам. Филмов се на се вредеше едно 10 минути коа се дешаваше плот твистот. Ок и симпатичната Реин.

Музиката ни да ме такне. Дали свирел некој продиџи, Моцарт, Шопен или некој кафанџија на сајзер немаше ни да познаам. Позадинската музика не беше wow, ама инстантно е заборавена. Визуелните ефекти не ми се допаднаа, а и колор грејдинот ми беше многу депресивен. Од актериве не можам да кажам дека некој одглумил одлично, пошто немаше што да се глуми.

Првиот саат од филмот вака го доживеав



@bobipp No hard feelings, се осеќам тапа коа коментирам вака ама стварно не е мој тип овој жанр и ужасен ми беше филмот.

2/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.742
Поени од реакции
2.558
Secret (不能說的·秘密, 2007)

Убава замисла, ама многу лоша реализација. Почетокот развлечен до половина филм па и повеќе. Имав впечаток како некои сцени да не се довршени и по грешка останале во крајната верзија. На пример таа сцената кога свиреа во училницата. Апсолутно ништо не придонесе ниту за приказната ниту за ликовите. Џабе беше ставена. А такви имаше неколку.
Режисерски ептен слабо. Не изгради никаква емпатија кон ликовите, немаше никаква цел кон која се стреми приказната, затоа и пресвртот беше очекуван, прашање беше само каква форма ќе има. Тука малку се размрдаа работите, значително доби на гледливост, но крајот пак го развлече. Многу сцени непотребно се повторуваа во флешбек, демек да не потсети на клучните моменти.
Фотографијата убава, многу живописни пејсажи и архитектура. Музиката убава, но премногу ја имаше, исто така многу непотребно. Заради тоа го немаше потребниот ефект кога требаше.

Не понуди филмов ништо ново или невидено, ниту некаква нова обработка на веќе видените ситуации, а се препознаваа повеќе филмови. Напр. фотографијата на крајот идентична со „Сјаење“.

Го изгуглав режисеров кој истовремено е и главен глумец и сценарист. Излезе дека е многу популарен музичар и ова му е прв филм, што во потполност го објаснува ова погоре. Најверојатно и на неговата популарност се должи и тој некаков успех на филмов.

6/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
The Constant Gardener (2005)

Го гледав уште вториот ден кога беше предложен, но некако не ми остави некој впечаток и не знаев ни што да напишам. Филмот, како што кажавте е просечен и кај мене не предизвика никаква емоција. Дури еве после 2-3 недели од гледањето речиси и ја заборавив содржината. Повеќе го паметам романтичниот дел, љубовната приказна на Рејчел и „Волдеморт“ отколку политичкиот трилер момент. Интересни ми беа флешбековите со нивното запознавање, но некако не ме допре главниот мотив на филмот, aктивизмот и борбата за животите на оние заборавените врз кои се вршат експериментите. Имаше некоја непотребна мистерија околу тоа, ко стравот од големите корпорации да беше побитен од пораката што требаше филмот да ја пренесе. И борбата со таквите корпорации од старт ја поставија песимистично, ако се буниш - ќе ти летне главата. Знам дека Рејчел се обидуваше да го заштити сопругот криејќи го активизмот од него, но сето тоа ми беше премногу хаотично и конфузно прикажано.

Сепак добар избор беше фрагментираната нарација, ако ја тераа хронолошки сигурно двојно повеќе ќе се досадував. Но, нешто ми фалеше во сценариото за да сум поемпатична и за смртта на Рејчел и за Африканците тортурирани од големите „страшни“ компании. Можеби во книгата тие моменти се многу подлабоко и поубаво напишани, но во филмот беа бледи и површни. Ако ни ги претставеа работите од перспектива на барем еден Африканец, наместо колективната нивна злоупотреба можеби ќе бевме далеку поемпатични.

Сѐ на сѐ ми се чини дека ваквите теми заслужуваат многу поголемо внимание и поинаков пристап. Од мене 7/10.

Network (1976)

Некој на Letterboxd имаше искоментирано - Black Mirror од 70-тите. И да, сѐ е исто и денес, веројатно ќе биде и во иднина, желбата за публицитет е еднаква, само медиумите се разликуваат. Порано телевизија, денес социјални мрежи. Па така ја имаме реалноста во која заради тикток предизвици тинејџери си ги одземаат животите „по грешка“. И затоа ми е безвезе кога вината паѓа врз телевизијата/интернетот кои демек се демоните, а не човекот и неговиот слаб карактер. Као ТВ индустријата е безмилосна и она е инструментот што ги прави луѓето нечовечни до степен што ќе убијат човек заради гледаноста. А можеби тоа ни е некoja иманентна особина, само го менуваме инструментот.

Ми се допаѓаа сцените со двата клучни говори, а и репликата I live here. I’m real. You can’t switch to another station. Тоа што дозволуваме да бидеме заблудени во медиумска/виртуелна (не)реалност се должи на нашата немоќ да се соочиме со секојдневието на нашите животи.

Филмот влегол во листата топ 100 американски филмови, а ко што рече и Corvus истото чувство го имав, ко да му фалеше нешто за да биде врвен. Не можам да покажам со прст што. Додека го гледав на моменти ми беше досаден и предвидлив, но сега кога помина некое време сфаќам дека ме натера да размислувам доста за овие теми, па затоа ми се чини дека е филм за кој треба да помине некое време додека „легне“. 7/10 и овде.


Secret (2007)

Интересна идеја стварно, ама штета што остана само на тоа. Жанрот фантастика not my cup of tea, но не само тоа, ми сметаа клишеата и непотребните сцени кои никако не придонесоа за приказната. Музиката беше преубава ама после piano battle-от се заситив и од неа оти ја имаше на претек.

Првата половина пред плот твистот со мистериозниот флерт имаше некој шарм, но тоа толку се раздолжи што ја изгуби смислата. А сепак врската помеѓу нив двајца не се разви доволно за публиката да ја почувствува хемијата и да се поврза со нив. Непотребни ликови ми беа двајцата што се вклопија во бед бојс хај скул клишето, па уште и типчето мислеше дека астма е спортска повреда. А и зошто беше „причата“ со астмата воопшто?

Можеби требаше да му се даде некоја позадинска приказна на пијаното како инструментално чудесно, предмет кој дозволува патување низ времето и сето тоа да добие некаков поемотивен набој. Можеше да има некоја легенда околу него, па навистина да добие целосна функција.

Се гледа дека многу се труделе да не биде патетично и да ги избегне клишеата, ама некако не се издигнаа над тоа. Веројатно заради немањето режисерско и филмско искуство на младиот актер, кој изгледа е пред сѐ музичар. 5/10 овде.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.721
Поени од реакции
27.695
Secret
Иииии каков мајндфак xD и колку тензичен крај, хахах, зш не го апришиејтнувате бе?
не, сериозно, не беше така лош филмов
очекував да има повеќе клишеа и лигавење ама 6/10
за малку дури и ќе му даев 7 да не беа оние двајцана рагбисти џеј и сајлент боб или како и да се викаа и да пробуваа ова дуо да внесе комик рилиф
+2-3 сцени релативно солиден си џи ај
 

Kajgana Shop

На врв Bottom