FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Не знам зошто ама многу ми е смешен падов и скоков ахахах, човек ќе помисли The Room бил предложен. Баш ради ова си го сакам местенцево
1615231063727.png
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
The Constant Gardener

Ниту покојниот Пит Послвеит
(за кој генијални режисери имаа најдобри зборови) не може да го извади филмов од просечноста која ја вриска громогласно.
Not great, not terrible. Да пробам да погодам 6.9 на имдб со 63к гласови?
Шо знам, не ме заинтересира многу филмот, не беше глуп, не беше особено добар... ме напна малку она рандом жена иде против биг фарма, ќе го спасува светот, ќе ги спасуе црнците у Африка... па сеа овој ќе истражува шо било како било... па лажела, па не го сакала туку само да го искористи, па овој бил вмешан па оној бил вмешан...
Ми се допадна само контрата на размислувањето
„А бе батали ги 1000 црнци сите ќе ги спасуваш???“
- Ама можеме овој еден да го спасиме!

7/10
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.636
Поени од реакции
21.981
The Constant Gardener

Приказна која лично не ме дирна, иако како почна, си реков еве го најдобриот филм од Film Club годинава. Потоа следуваше успорено дејствие и ми спласна еуфоријата.
Иако режисерот имал идеја да не зближи до главните ликови Теса и Џастин, сепак јас воопшто не видов некоја љубовна врска помеѓу нив двајца и некако повеќе ми изгледаше на sex buddies. Оваа многу бргу забремени а откако го изгуби бебето некако како да не беше голема работа сето тоа. Си продолжи овој да си копа во градината а оваа да ја води својата битка. Некако без емоција помина тој момент.
Не ми се допадна и тоа што на многу небитни ликови се посвети толку време. Имаше и една скроз небитна сцена со моторџијата пред школото во Германија. Wtf беше тоа? Имале сто начини како поинтересно и потензично да го доловат тој момент, они се одлучиле за најшабанскиот.
Што ми се допадна?
Сценариото, локациите и кастингот.
Да не се разбереме погрешно, јас издвоив неколку сцени кои не ми се допаднаа но overall беше ок, гледливо филмче.
Не е филм што би го препорачал лично некому како трилер/мистерија, воопшто не го гледам како таков, но е ок за тепање време.
7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
The Constant Gardener

Прво, камерата беше за никаде, ко да се договориле ајде кое е најлошото место за да се постави камерата таму ќе ја поставиме. Почетните сцени дури беа и смешни од што поима немаа како се снимени. Понатаму ајде некако се подобри.

Второ, каде бе со ваков тек на настани? Кои се ликовиве? Се знаеше ли кој јаде кој пие? Еден саат гледав така, колку да помине првиот саат, ништо не ме допра, ништо не почуствував, ништо не ни сфатив. Сите фаци ми беа монотони, се осеќав ко од прва да ги снимале сцениве, па луѓево се смееја уз сред сериозни сцени, а па кога беше сериозно, камерава одлетуваше, не те остава да почуствуваш нешто. Ќе беше мноооогу подобро, барем по мој вкус, да не беше камерава на ауто пилот во поголемиот дел од филмов. Си има време и место за вакво снимање, тука не беше ни местото ни времето.

Трето, како бе да се поврзам со ликовиве кога на овој му умира жената, рандом ликов повраќа и овој го теши, uhmm what? Па и имево е хируршки перфектно, ко што спомна над мене СК, го изгубија детето овој си продолжи да си копка по градината цел филм ахахахах. Детево го губат, а се однесуваат ко клучевите од колата да ги изгубиле хаха. Очекував повеќе од Ралф реално, за мене е сосема добар глумец, можеше барем малце да ме залаже со некоја емоција. Рејчел беше коректна. Дани Хјустон ко теле беше цел филм, тоа може дека и ликов му беше теле у приказнава. Ни ги набуткаа разно разни ликови колку да се пополни квотата од актери.
Пази колку глупа сцена, го прибира девојчево у авионов и овој му вика не може оти така му било наредено, а слетуваат во ПУСТИНА. Па и овој после му се извинуваше оти му викаше да го качат девојчето хахаха. Треба егзорцизам да му се изврши на филмов, стварно можело да испадне сосема добар филм, има материјал. Приказната гледано настрана од се, ми се свиѓа, се осеќам дека книгава уствари би ја сакал. Видов дека било и по вистински случај, али не е нешто ново, нешто што не сме го знаеле до сега.

Добра замисла, лоша егзекуција, 4/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.734
Поени од реакции
2.553
The Constant Gardener (2005)

Верниот градинар е според книга на Џон ле Каре. Ликовите во неговите книги се обично ладни и пресметани, кои неретко играат двојни па и тројни улоги. И ги има многу.
Среќа во овој филм немаше толку многу, но затоа речиси сите беа оперирани од емоции. Исто како и главниов лик, кој згора на тоа беше и малку наивен, барем додека не откри некои детали по смртта на неговата сопруга, кои го натераа да копа и по други работи покрај цвеќињата во градината. Притоа ископа многу повеќе отколку што беше способен да замисли на почетокот. Направи толкава дупка, од која што на крајот веќе не можеше да излезе и остана затрупан под ископаното. Иако не успеа да го смени светот, успеа да се смени себе си и тоа што го направи барем малку придонесе смртта на сопругата да не биде залудна.

Не е ова филм со вратоломии, со неочекувани пресврти, супер јунаци и холивудски крај. Ова е за немоќта на секојдневниот човек, па макар бил и на висока државна функција, да се спротивстави на повисоки интереси водени единствено од парите и потребата да се задржи положбата на моќ по цена на неброени човечки животи. Неброени, дека нели таму некаде нема кој да ги брои мртвите.

Ми се допадна музиката. Од памет ме извади возот кога ми пројде низ соба, прегласни беа тие неколку секвенци со кратки кадри од секојдневието во Кенија. Фино измонтирано.

7/10



Ми се допадна само контрата на размислувањето
„А бе батали ги 1000 црнци сите ќе ги спасуваш???“
- Ама можеме овој еден да го спасиме!
Такво размислување имаше жена му, кога бараше од него да ги превезат братот на девојчето што почина и бебето, зошто имаа 40 км пешки до селото каде што живееја. Тогаш не ја послуша.
Имаше и една скроз небитна сцена со моторџијата пред школото во Германија. Wtf беше тоа? Имале сто начини како поинтересно и потензично да го доловат тој момент, они се одлучиле за најшабанскиот.
Покрај таа имаше слична сцена и со автомобил. Правеа тензија од стравот дека од корпорацијата го следат. За на крај да го начекаат во хотелот. Се согласувам дека можеше и подобро да биде.
Па и овој после му се извинуваше оти му викаше да го качат девојчето хахаха.
Му се извини затоа што му нудеше мито, не затоа што бараше да го качат детето.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.154
Поени од реакции
35.014
THE CONSTANT GARDENER

Го гледав уште минатиот понеделник, првиот ден кога почнавме, но некако останав рамнодушен, затоа дури сега еве пишувам. Се согласувам со сите погоре, особено со @Anon - не беше ова лош филм, ама не мрдна ни малку од просекот. Единствено што можам да кажам - беше гледлив, и толку. Има некоја интересна естетика кај филмовите чие дејство макар малку е во Африка, и сите ми наликуваат еден на друг. Така, ова го гледав и ко sequel на Nowhere in Africa, и на Hotel Rwanda, и на The Color Purple, и на Out of Africa... од кои скоро сите (освен последниот, можеби), се далеку подобри филмови. Би ја издвоил само глумата на Рејчел Вајс, жената дефинитивно растури и со психозите и со налудничавостите... Ралф Фајнс исто не беше лош, како и обично. Музиката беше супер, можеби и таа помогна да биде филмот гледлив ко што беше, но немаше ништо екстра, а можеше да се извлече. Инаку, морам да признаам дека мене од Меирелес и City of God не ми беше ништо посебно. А за The Constant Gardener, веројатно неговата просечност дури и не ми дозволува да додадам нешто екстра, зашто навистина не знам што друго да кажам. 7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Многу ни се чудни оценувањава. За мене лично 7-ца е доста висока оценка. Малце повеќе хејт удрив за филмов од некои од вас ама па вие 7-ци давате ја 4-ка хахаха.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Многу ни се чудни оценувањава. За мене лично 7-ца е доста висока оценка. Малце повеќе хејт удрив за филмов од некои од вас ама па вие 7-ци давате ја 4-ка хахаха.
Немаш гледано доволно лоши филмови чим 4 даваш на ова.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.154
Поени од реакции
35.014
Многу ни се чудни оценувањава. За мене лично 7-ца е доста висока оценка. Малце повеќе хејт удрив за филмов од некои од вас ама па вие 7-ци давате ја 4-ка хахаха.
7 за мене е просек. 6 е просек, накај лош.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Немаш гледано доволно лоши филмови чим 4 даваш на ова.
Сега баш тоа гледав, од 1240 филма од кои имам оценки за 1054. Имам 58 филма со 5*, 68 со 4* , 12 со 3* , 14 со 2* и 4 со 1*. 6-ка сметам за гледлив просек, а такви имам 220. Ова е отприлика 1/3 просек/лоши филмови. Така да може да се каже дека имам неколку лоши гледано :D
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.460
Поени од реакции
5.501
THE CONSTANT GARDENER

Мене во овој филм ми се допадна поинаквиот начин на справување со тагата. Џастин иако се однесуваше како ладнокрвен дипломат смртта на Теса кај него предизвика жалење за премалку поминатото време со неа и тоа што додека беше жива не и посвети доволно внимание па сите негови постапки после смртта беа некакво искупување за тоа што не беше со неа кога и беше потребен. За сцената со помагањето на детето тука се прикажа разликата на пристапот, Теса го гледаше како човек на кој може да му се помогне во моментот а Џастин како бројка, еден од многуте кои имаат иста судбина. Е сега на крајот во сцената со авионот улогите беа сменати, сега Џастин сакаше да спаси барем еден живот но Докторот го гледаше како бројка. Дилемата во филмот е дали да се помогне на еден човек во еден момент иако се знае дека со тоа нема да промени ништо во големата слика, иако ќе го превези тој ден 45км пак детето во иднина ќе мора пеш да ги изоди тие километри. Со просветлувањето на Џастин ни кажува дека иако сме немоќни да им ја смениме судбината на сите но барем со секојдневни мали постапки да се помогни таму каде што можиме. Или како што кажа големиот Гандалф во една прилика The small everyday deeds of ordinary folk that keep the darkness at bay. Small acts of kindness and love.

За глумата немам никакви замерки, еден од подобрите ансабмли на глумци во еден филм што прави филмот да е послаб бидејќи знаеме дека можат уште едно ниво погоре ако беа подобро искористени (освен Рејчел, таа изгази). За камерата мразам shaky cam но овде беше добро искористена за пореално доловување на Кенија како полудокументарен стил и ми се допадна.

Од мене оцена 8/10.

Ако ви се допанда ладната глума во го препорачувам A Most Wanted Man, според книга од истиот писател и една од последните улоги на Филип Сејмур Хофман, буквално изгази во филмот.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
6.021
Го имам гледано уште порано, а немам време да го репризирам.

Гледам тогаш сум му дал 3.5 на летербокс, па и сега ќе ја оставам истата.
Се сеќавам тогаш дека ми се допадна релјефот во Кенија. Малку беше тажно да ја гледаш сета таа разноликост, помеѓу луѓе што немаат леб да јадат, и оние кои можам да си го приуштат цел комфорт во светот, но, сепак на крај ниту едните, ниту другите се имаат можност да го променат овој свет, или макар да ја искоренат неправдата во неа.
Ралф не ми е меѓу омилените глумци, секогаш ми бил премногу ладнокрвен, без некои посебни експресии преку кои може да пренесе емоции на гледачот. Страшно ме потсетуваше неговата глума во The English Patient. Како да не можеше да излезе од чевлите, од таа улога.
Рејчел, од друга страна беше предобра.

За мене оценка за над просек ми е 7-ка, а овој филм ми е останат во такво сеќавање.
Убав, фин, но премногу линеарен, предвидлив и не успева да пренесе доволно емоции.
Сепак, далеку е од лош филм.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.562
Поени од реакции
10.129
The Constant Gardener (2005)

Интересен филм во кој се прикажува коруптивноста на фармацевската индустрија и што се спремни да направат за профит. Убаво го доловува интересот за правење профит на фармацевските корпорации преку експериментални лекови кои магично се појавуваат како решение на болести кои се појавуваат „неочекувано“, посебно во еден ваков период кога сме сред пандемија.
Филмот ми беше интересен и ми држеше внимание, кадрите ми се допаднаа, особено на сцените во Африка, глумата беше добра од Рејчел Вајс и другите, ама не и од Ралф Фајнс кој е одличен актер, но во филмов беше лош, ич емоции не покажа, очигледно е дека повеќе му лежат улогите како негативец. Единствено крајот не ми се допадна, премногу клише некако, требаше да одат со пореалистичен крај според мене. Филмов не беше некој masterpiece, ама не беше ни лош, мене ми држеше внимание и ми беше интересен до самиот крај, имаше интересна идеја и замисла со донекаде добра реализација.

Од мене, оцена 8/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Такво размислување имаше жена му, кога бараше од него да ги превезат братот на девојчето што почина и бебето, зошто имаа 40 км пешки до селото каде што живееја. Тогаш не ја послуша.
Да, ама и после во хеликоптерот он сакаше да спасат едно дете.
Дали мислиш дека мислењето го смени во чест на неа, поради нејзината смрт, или поради тоа што сфатил дека тој е dare I say правилниот начин на размислување?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.760
Поени од реакции
6.709
The constant gardener (2005)

Не ни очекував поинаку да биде прикажана фармацевтската индустрија. Се е помалку битно од профитот. И онака од вакви филмови имам впечаток дека Африка, со мал исклучок на земји, е test field за се и сешто што потекнува од западниот “развиен“ свет.
Со колоритот на снимката, филмот ми изгледаше како да е снимен во 70-те :) Сцените од афричките пејзажи одлични (y).
Што се однесува до глумата, дали тоа е некаков проблем за актерите со британско потекло? Нема шанса ;) Рејчел одлична. Крајот можеше да биде и поинаку смислен али ок. Можда да ја читав книгата, во умот поинаку би си го визуелизирал дејството. Вака, останавме на милост и немилост, како Меирелеш сакал да ја прикаже.
На крај, сепак една просечна 6-ка. Филмот е далеку од лош, али фалеше нешто плус за да биде троа погоре, што би се рекло со гик речник, во upper midrange сегментот :D.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom