Network
Кога цел филм размислуваш колку грозни заби има Фаје тогаш не е на арно. Добра глума али што беше тоа у устата не знам, ми стоеше ко да има комплекс цел филм и многу ретко може и ич не се смееше со заби. Али добро изглуми, она и Питер беа одлични.
Досаден ми беше, од време на време добри дијалози/монолози али не ми беа доволни за да ми ја подобри целосната слика.
Романсава помеѓу Макс и Дијана ама баш ич не ме допра, ни малце. Ако би морал да издвојам еден момент од филмов, тогаш со сигурност тоа ќе биде монологот на Џенсен.
Последниве пола саат од филмов ме воспалија. Поарно да продолжев да си нуркам и копкам по карпите у Subnautica.
5/10