Фан клуб - РК Вардар

Најава за Нивес Целзиус :icon_lol:
 
Има уште некој буден на темава,или сите сме даун ?
 
Има уште некој буден на темава,или сите сме даун ?
Сите сме како потресени, во најлоша можна смисла, никој не знае уште што му се дешава, барем јас така се осеќам.
 
Сите сме како потресени, во најлоша можна смисла, никој не знае уште што му се дешава, барем јас така се осеќам.
Тоа е тоа ни се деси Магдебург,по не знам кој пат се покажа дека швабиве се инаети ко магариња и играат до смрт.Реално секој треба да е горд а ова што се деси,ваква атмосфера на некоја утакмица кај нас немало,ок може првиот дуел против Барса беше на исто рамниште,ама ова денеска беше лудница.Ок некој ќе рече догодина Вардар ќе биде трипати појак,и ќе атакува на ф4.Све тоа супер ама реално више никој нема да не гледа како аутсајдери,и нема да не земаат здраво за готово.А и послатко ќе беше оваа година да бевме на Ф4,али тоа е едноставно не не сака,штета.И тој вчера што ги спомна навивачите на Партизан како седеа сат време после изгубената утакмица на трибина,ДА ЗНАЕ ДЕКА Е НАЈГОЛЕМИОТ БАКСУЗ ШТО ПОСТИ НА ФОРУМОВ,и би го замолил у иднина да го одмине фан клубов,ништо лично.[DOUBLEPOST=1398558716][/DOUBLEPOST]Нешто ми фали дефинтивино,сега ја гледам и снимкава:facepalm:,или е ова носталгија за оваа еуфорија и атмосфера кој заврши за оваа година.
 
Последно уредено:
Не ми се верува уште дека испаднавме на гол повеќе во гости, и дека едно исто сценарио ни се повторува 100 пати. :facepalm::confused::(
 
Последно уредено:
Не ми се пишува ништо за утакмицата, не ми се ни чита, иако ги прочитав сите страни, утеха е добрата игра и играта со срце. Се кажавте претходно, Прибак :cuc:
Цел тим :cuc::cuc::cuc:

Судиите кога беа во напад Фленсбург си судеа прилично добро освен што 1-2 пати им дадоа шанса плус за напад, али сите пенали и исклучувања беа чисти. Додека на другата страна чисти удари за исклучувања не беа свирени.

Штета, баш штета... Шансата мораше да се искористи, не е така лесно да се стигне толку блиску до пласман на ф4.
 
Не ми се верува уште дека испаднавме на гол разлика, и дека едно исто сценарио ни се повторува 100 пати. :facepalm::confused::(
Море глупо правило ми било ова од увек,која е логиката да дадеш повеќе гола од нив у реваншот и да отпаднеш,не е ова фудбал.убоо си се знае,ако е два разлика продуженија и крај на приказната,а не вака бес веза у курац:mad:.
 
:drk:
phoca_thumb_l_DD1_1723.JPG

Ко Супер Марио е облечена :D :D
 
Сакам да кажам нешто слично како Коњаникот Сабја, но од не-Комитска перспектива.

10274259_10202932424844142_1451620214276035633_n.jpg


Влеговме во салата околу 4:15 и веќе беше прилично полна. Фросе ме позна (ја гледам после скоро 1 година, дури помлада изгледа :D), а се запознав и со @Клипче и @Crazy in Love (мило ми е што конечно ве знам).
Вардарци веќе се загреваа, овие германциве уште на загревање ги свиревме. Дибиров уште на загревање како му сврте од крило една топка на оној Малумбрес, си помислив денес е денот на ќелавкото да му тргне. Кој скок го има човече, скока меѓу двете линии кај пеналот. Козлина МАГАРЕ, 2 на 2.
Почна и прво полувреме. Не ми се веруваше што се случува, абе како да гледав Металург - Кил реприза. Очајна одбрана, уште полош напад. Мислам дека беше 10 минута, имавме 3 гола дадено, од кои 2 пенала. На Дибиров да му се забрани да шутира пенали, Брумен е Балотели за него!
Мислам дека се отиде на пауза со резултат 15-10. Пола сала депресивни, само Комити грмеа.
Почеток на второ - истата слика. Браво за мудата на Гонзалес што го смени Дибиров и го стави Марковиќ. Може промаши на крај од ептен тешка позиција, ама кога највеќе требаше - погоди. Но некако се се смени со Џамбо и неговите одбрани. Како играчите да земаа повеќе залет заради тоа, не заради публиката. Видоа дека -6 се топи.
Тој период од -6 до +4 НИКОГАШ нема да го заборавам. Сум бил на разни спортски дешавки (и големи, и мали), ама ова денес е скоро, па неповторливо. Некаде до -3 пак се јадеше атмосферата некако, ама после не знам како БТ издржа, буквално цела публика у делириум. Ја бев у први ред на горните трибини кај оградата, не знам што ќе правев да имав други пред мене, ќе летав преку нив сигурно. Уште не можам да се смирам, уште сум нервозен како да сум ги гледал Баерн финале ЛШ како губат во живо (сите кои ме знаат, знаат дека Баерн е светиња за мене во навивање). Значи буквално како да бевме дел од некој филм каде добрата екипа се враќа од дебела негатива, но сепак на крај се усерува работата. Уште ме тресе нервоза!

За судиите - ПЕДЕРИ! Само тоа ќе кажам. Во прво полувреме пошто се браневме пред блокот кај што бев јас, му даваат жолт на Козлина за глупости. Му даваат две минути на Прибак мислам, за нешто што немаше ни фаул. Потод Диви одбрани една и топката отиде на крило, Душебаев се загради да му ја врати и судиите скапани ебени свиреа престап што го НЕМАШЕ! Исто и нивни 2 или 3 чисти пробивања не беа судени. За второ полувреме не можам да кажам пошто е малце подалеку, морам да гледам снимка.

За играчите - ИЗГИНАА (скоро сите, освен Дибиров и Лазаров).
Брумен - камо еден Дибиров да изиграше како овој дечко и камо да имавме такво крило во репрезентација, а не Манасков и Георгиевски. Најконстантен и на двата дуели.
Прибак - :cuc: Наклон од мене царе! Мислев дека не си добар како што се збореше за тебе (посебно по очајните настапи за репрезентација), ама ова денес што го покажа е доволно да се стави капитен! Која смиреност ја покажа кога цела сала се рушеше, како ги редеше играчите :cuc:
Алекс - Не знам колку Вардар ќе успее да го задржи во наредните години, ама детето вреди злато. Во прво полувреме очајно, имам впечаток дека кога се заедно со Дибиров во игра и не му оди, и на Алекс му се дешава исто. Во второ изгина! Кои движења на телата ги прави, браво браво!
Џамбо - На загревањето како да му се позна дека денес му е денот, браво грамадо.
Карачиќ - дечкото е Вардаровиот Миркуловски. И сам не знае колку ќотек изеде денес, како лав се бореше со нивната одбрана.
Козлина - играше некако порезервирано откако доби ептен ран жолт, па во второ мораа да играат Прибак и Чипурин и одбрана и напад.
Марковиќ - ја утна можеби одлучувачката топка, но не може да му се замери пошто буквално беше фрлен во оган во второ полувреме и не разочара. Даде 3-4 гола кога резултатот се кршеше.
Чипурин и Тоскиќ - кечери :D

За навивачите и публиката - ненормални сте. Посебни Комити. Оној Капушевски треба да биде среќен што салата е уште цела.

За сите од темата што ми јадеа гомна пошто сум имал карти, а не сум бил навивач на Вардар - ПУШЕТЕ ГО СОСЕ ЈАЈЦА! И тоа на цела сала! Цела сала ве демантираше!
Изгинав денес, грлото ме боли како да имам 3 грипа, ушите ми зуеја до пред малце, нозите како да сум скокал во далечина, срцето ќе ми излезеше последните 20 минути. Позади мене видов едни штипјани, така ги немам видено да навиваат за Брегалница. Лево од мене имаше едни дечки, збореа на источњачки, ама беа со Вардар реквизити. Се дереа како ненормални во прво полувреме кога судиите не ебеа во здрав мозок.

За Комити - имате нов навивач на РК Вардар од Штип! Во ФК не се мешам :sneaky:

За РК Вардар - Алал да ви е. Штета што не сте во F4, ова е нереално. Со нови сили за наредната сезона, верувам дека разочарувањето денес ќе влијае најпозитивно. Како што Баерн се издигна како феникс полани за да наредната сезона им ебе матер на сите, најискрено верувам дека тоа му следува и на РК Вардар.

Догодина здравје сум многу почесто на трибини!!! РК Вардар заслужува да игра пред преполна сала.

ЕДЕН Е ВАРДАР!
 
Прееска успеав некако да смогнам сили и да пишам во темана за ЛШ, само во кратки црти. Намерно не влегов во фан клубот, оти ќе се разочарав уште толку. Мислам дека се деси најголемата спортска трагедија во поновата македонска историја, кој што сака нека збори ова е болно, ова боли, и ќе боли се додека Вардар не се пласира на завршниот турнир, или пак додека не го освои истиот. Абе у пичку матер нека идат и Шваби и Скандинавци и се, како пишано да ни е од горе дека мора од овие да го јадеме у секој ебан спорт на најбруталниот начин, во последните секунди од средбите. Јас последно што памтам каде сме имале среќа да не го погодат завршниот шут против нас е против Литванија на ЕП во кошарка. Е тогаш Јасаитис утна за победа, уште таму фалеше да погоди и да извршиме колективно самоубиство како народ.

Прво сакам да прокоментирам за судиите, онакво очајно судење како во првото полувреме јас немам видено одамна. Дури и дебилно делуваа на моменти, онака не верував дека може да прават такви аматерски грешки. Факт е дека Вардар беше прочитан и дека играше слабо, ама Флензбург ја направи разликата и со помош на судиите. Да ги немаше тие 4-5-6 спорни одлуки во корист на Флензбург, којзнае, можеби помала ќе беше разликата, а можеби сега ќе пишувавме од плоштад и ќе постиравме слики со ракометарите со шалови од Вардар. Во второ малце се стабилизираа али пак имаа некои глупи киксови, Карачиќ го убија, го откостија човекот и требаше бар 2 исклучувања да досудат од стартовите над него. Ако добро запамтив во корист на Вардар имаше само 2 одлуки, т.е. 2 пати ни прогледаа низ прсти.

Околу мечот што да кажам, се е кажано во претходните постови, сите го видовме истото, во првото полувреме слаб и очаен Вардар, во второто како да настапи некоја Виша сила на теренот и истата како да им даде крила на ракометарите кои почнаа да играат како во транс. Секако, за тоа заслужни беа и неверојатните Комити, каква само атмосфера направија, не се опишува со зборови. :cuc: Боли што не погоди Карачиќ за +5 разлика, боли што дозволивме да примиме брз гол после тоа промашување, боли што она на Марковиќ не влезе, боли што копилето Егерт преку пенали се прослави, мамицата негова. Од сеа немој некој да видам да ми збори за швапски менталитет оти ве ебав сите до еден, да им се намочам у тоа лингурите, у прво полувреме додека водеа 5 разлика се смееа на теренот, не гледаа со потценување, како да ни се исмеваа, а кога им го распукавме газот во второто полувреме бараа на секои 5 секунди да се брише подот, да се стопира времето.

И за крај, публиката. Нека дојде некој со факти да ми докаже дека имало некогаш подобра атмосфера и подобро навивање на некој ракометен меч. Ова беше нешто невидено, 8000 луѓе присутни во Борис Трајковски беа во делириум, 8000 грла навиваа со 110% од своите гласовни способности. Не најискрено, сум бил на милион мечеви во земјава, што кошарка што фудбал што ракомет, али ова до сега е невидено. Обично се делат луѓето, Комитите си грмат, а останатите си навиваат нормално, со ракоплескање, свирење и слично, али денес сите заедно урлаа, ги пееа навивачките песни на Комити... Нека учи Европа од најдобрите!!!! :cuc::cuc::cuc::cuc:

Фала ви за се момци, лоша и болна е глетката со вашите натажени фаци кои нималку не го заслужија тоа, али од секој пораз произлегува некоја поука, се надевам дека следната сезона ќе биде дупло подобра од оваа и дека ќе им вратиме на Германциве. Т.е. 1000% сум сигурен дека еден ден ќе платат за ова, и они и оние хермафродитине дански.

НАПРЕД ВАРДАР!!!!!!!

П.с. Ќе заборавев за малце, Перо да ти ебам тоа баксузот кретеноиден, абе само ако те видам негде низ Ченто има да ти објаснам како се чекираат карти за Келн, ебате тоа пророкот скапан. :mad::mad:
 
Последно уредено:
Во сала, мртов разочаран на полувреме со трошка надеж(море и помалце од трошка). ....

На 5 минути до крај....во глава ми се врти дека ова е утакмицата на животот мој. Еј од -6 доаѓаме на +4 и идеме во Ф4. Нема боље, а тешкo и да има. Жива вода, више без глас, атмосфера невидена... и ТРАС на крајот.

Ми се врти низ глава...Магдебург, Данска, Русија
Си викам ајде имавме..Илиевски,Хамбург...

Ама ЏАБЕ...

Утакмицата на животот за малце ми кидна(да на мои 26 год.)..совршено сценарио, од -6 до +4(3) против Флензбург(еј Флензбург, ало) и пласман во Ф4 во Лига на ШАМПИОНИ...ц ц ц

Мамата....
 
Пресот на Филип Лазаров,емоции капитенски,браво мајсторе:(:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom