Сакам да кажам нешто слично како Коњаникот Сабја, но од не-Комитска перспектива.
Влеговме во салата околу 4:15 и веќе беше прилично полна. Фросе ме позна (ја гледам после скоро 1 година, дури помлада изгледа

), а се запознав и со
@Клипче и
@Crazy in Love (мило ми е што конечно ве знам).
Вардарци веќе се загреваа, овие германциве уште на загревање ги свиревме. Дибиров уште на загревање како му сврте од крило една топка на оној Малумбрес, си помислив денес е денот на ќелавкото да му тргне. Кој скок го има човече, скока меѓу двете линии кај пеналот. Козлина МАГАРЕ, 2 на 2.
Почна и прво полувреме. Не ми се веруваше што се случува, абе како да гледав Металург - Кил реприза. Очајна одбрана, уште полош напад. Мислам дека беше 10 минута, имавме 3 гола дадено, од кои 2 пенала. На Дибиров да му се забрани да шутира пенали, Брумен е Балотели за него!
Мислам дека се отиде на пауза со резултат 15-10. Пола сала депресивни, само Комити грмеа.
Почеток на второ - истата слика. Браво за мудата на Гонзалес што го смени Дибиров и го стави Марковиќ. Може промаши на крај од ептен тешка позиција, ама кога највеќе требаше - погоди. Но некако се се смени со Џамбо и неговите одбрани. Како играчите да земаа повеќе залет заради тоа, не заради публиката. Видоа дека -6 се топи.
Тој период од -6 до +4 НИКОГАШ нема да го заборавам. Сум бил на разни спортски дешавки (и големи, и мали), ама ова денес е скоро, па неповторливо. Некаде до -3 пак се јадеше атмосферата некако, ама после не знам како БТ издржа, буквално цела публика у делириум. Ја бев у први ред на горните трибини кај оградата, не знам што ќе правев да имав други пред мене, ќе летав преку нив сигурно. Уште не можам да се смирам, уште сум нервозен како да сум ги гледал Баерн финале ЛШ како губат во живо (сите кои ме знаат, знаат дека Баерн е светиња за мене во навивање). Значи буквално како да бевме дел од некој филм каде добрата екипа се враќа од дебела негатива, но сепак на крај се усерува работата. Уште ме тресе нервоза!
За судиите - ПЕДЕРИ! Само тоа ќе кажам. Во прво полувреме пошто се браневме пред блокот кај што бев јас, му даваат жолт на Козлина за глупости. Му даваат две минути на Прибак мислам, за нешто што немаше ни фаул. Потод Диви одбрани една и топката отиде на крило, Душебаев се загради да му ја врати и судиите скапани ебени свиреа престап што го НЕМАШЕ! Исто и нивни 2 или 3 чисти пробивања не беа судени. За второ полувреме не можам да кажам пошто е малце подалеку, морам да гледам снимка.
За играчите - ИЗГИНАА (скоро сите, освен Дибиров и Лазаров).
Брумен - камо еден Дибиров да изиграше како овој дечко и камо да имавме такво крило во репрезентација, а не Манасков и Георгиевски. Најконстантен и на двата дуели.
Прибак -

Наклон од мене царе! Мислев дека не си добар како што се збореше за тебе (посебно по очајните настапи за репрезентација), ама ова денес што го покажа е доволно да се стави капитен! Која смиреност ја покажа кога цела сала се рушеше, како ги редеше играчите

Алекс - Не знам колку Вардар ќе успее да го задржи во наредните години, ама детето вреди злато. Во прво полувреме очајно, имам впечаток дека кога се заедно со Дибиров во игра и не му оди, и на Алекс му се дешава исто. Во второ изгина! Кои движења на телата ги прави, браво браво!
Џамбо - На загревањето како да му се позна дека денес му е денот, браво грамадо.
Карачиќ - дечкото е Вардаровиот Миркуловски. И сам не знае колку ќотек изеде денес, како лав се бореше со нивната одбрана.
Козлина - играше некако порезервирано откако доби ептен ран жолт, па во второ мораа да играат Прибак и Чипурин и одбрана и напад.
Марковиќ - ја утна можеби одлучувачката топка, но не може да му се замери пошто буквално беше фрлен во оган во второ полувреме и не разочара. Даде 3-4 гола кога резултатот се кршеше.
Чипурин и Тоскиќ - кечери
За навивачите и публиката - ненормални сте. Посебни Комити. Оној Капушевски треба да биде среќен што салата е уште цела.
За сите од темата што ми јадеа гомна пошто сум имал карти, а не сум бил навивач на Вардар - ПУШЕТЕ ГО СОСЕ ЈАЈЦА! И тоа на цела сала! Цела сала ве демантираше!
Изгинав денес, грлото ме боли како да имам 3 грипа, ушите ми зуеја до пред малце, нозите како да сум скокал во далечина, срцето ќе ми излезеше последните 20 минути. Позади мене видов едни штипјани, така ги немам видено да навиваат за Брегалница. Лево од мене имаше едни дечки, збореа на источњачки, ама беа со Вардар реквизити. Се дереа како ненормални во прво полувреме кога судиите не ебеа во здрав мозок.
За Комити - имате нов навивач на РК Вардар од Штип! Во ФК не се мешам
За РК Вардар - Алал да ви е. Штета што не сте во F4, ова е нереално. Со нови сили за наредната сезона, верувам дека разочарувањето денес ќе влијае најпозитивно. Како што Баерн се издигна како феникс полани за да наредната сезона им ебе матер на сите, најискрено верувам дека тоа му следува и на РК Вардар.
Догодина здравје сум многу почесто на трибини!!! РК Вардар заслужува да игра пред преполна сала.
ЕДЕН Е ВАРДАР!