Каков аматерски крај, мајко мила. Прво трупон српски на десен бек се испичка са заврши за победа, па Ќосе покажа дека не е за европски натпревари, му се стресоа мудата на зицерот.
Ајде помина тоа, примаме гол и имаме 8 секунди. Додека ја фрливме напред, па не можеа да изведат, отиде времето. Сосема доволно време имаше бар да шутнеме од пристојна позиција.
Она што го зборуваме од почеток, многу не кине тоа што сме трагедија на десен бек. Пет класи е полоша позицијата од другите бековски. Томи ќе беше 10 пати покорисен играч.
Немаме ни некои класа крила, освен Тузларот, што е така солиден играч.
Ни треба Борозан бајаги и во напад и во одбрана. А најголем проблем е што го немаме Мечка, ама во старата форма. Не знам кога ќе се врати и во каква форма ќе биде, ама очајно ни фали.
Малус конечно почна да покажува знаци на она што се очекува од него. Боно исто добар, Хориха нема потреба веќе да го коментирам.
Слаб натпревар во кој Валах не држеше во игра, штета што не го искористивме за да дојдеме барем до бод. На моменти личевме на Кил, на моменти на Јехона Гостивар. Очекував поголем пораз искрено, ама овие па ептен камења биле. Треба да ги згазиме во Скопје, ама убаво ќе беше да земевме бод од психолошки аспект.