Незапирливи 1903/87
Изгорен за Вардар
Жив е, мада при крај беше во сала, на еден конец остана...Жив е коњаникот?![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Жив е, мада при крај беше во сала, на еден конец остана...Жив е коњаникот?![]()
Ова е тоа гледам и ми се плаче,секоја чест
И после ова што да се кажеОва беше една утакмица во стилон на оние спортскине филмчиња, кога една екипа со многу хемија меѓу играчите, се враќа од изгубена утакмица и на крајот сепак губи, но и покрај се цела сала им станува и им аплаудира
Што гревои ќе бевме бе човече, кога се решава некоја утакмица на наш терен, се вака губиме.
Од каде да се почне, Спарта Прага, Бате Борисов, Магдебург, Загреб финале на СЕХА, Фленсбург...
Дај нека ги договараат реваншот на гости да се игра...
А денес се одеше кон тоа дека денов ќе биде одличен. Прво на фудбал имаше одлична атмосфера. Не се штедеше грлото воопшто и 90 минути грмеше на Градски, да се слуша до Борис
https://www.youtube.com/watch?v=nGD0kVlLncY&feature=youtu.be
За жал кога стигнавме во Борис Трајковски одново и одново се случува голем превид.
Јас стварно не знам кој е виновен, ама мислам дека вината е во редарските служби кои воопшто не ги гледаат картите, и пуштаат секој што ќе дојде саат време пред утакмица.
Фудбалот заврши во 15 и 55, ние бевме пред сала во 16 и 15.
Нашиот дел од салата веќе беше полн. Иако направивме секакви напори и им беше јавено дека се направени фалсификати и да ги пуштаат оние само оние кои покрај картата имаат и членска со нејзе, они пак си пуштале секого...
Страшна нервоза ме фати, кога видов дека ние уште не сме влезени а трибината ни е полна со изгубени фаци.
Набрзо се наредивме и ние, па покрај нас не се познаваше дека има многу индијанци. Којзнае колку луѓе имаше, маиците на сите ни беа жива вода, да земеш да ја исцедиш, три шишиња ќе наполниш...
Иако мислев дека нема да се навива добро, ради тоа што имаше 3-4 пати повеќе луѓе од капацитетот, сепак јас сум презадоволен од денеска.
Кој сака нека каже ама тоа што се случуваше во Борис денес, никогаш никаде не се случило на ракометен меч.
Цела сала скокаше цели 5-10 минути. Едно е само навивачка група да скока и навива, друго е кога цела сала е на нозе и навива заедно со навивачите. Не знам како издржа конструкцијата на Борис...
Тоа од што се плашев денеска и се случи.
Copy Магдебург, paste Фленсбург...
Страшно лош старт на мечот. Како по навика од атмосферата посисплашени се нашите ракометари отколку гостите. Значи на овие Швапскиве екипи ништо не им делува од старт... (понатаму паднаа). На нивното претставување имаше свирежи до небо. На почетокот од мечот спуштена кореографија на цела трибина со грмење на химната на Комити.
Вардар беше изгубен на стартот на мечот. Дибиров го имаа научено до даска, и Раул требаше и мораше многу рано да го извади.
Диви не беше толку лош, колку што не можевме да смениме во одбрана.
Јас гарантирам да го имавме здрав Петриќ дека сега ќе славевме убедлив пласман во фајнл фор
Па не искинаа по страната на Алекс во одбрана. Често не успевавме да смениме, бевме безидејни во нападот, освен повремени акции исклучиво по внатрешната линија и еден шут на Лазаров, ништо не можевме да изиграме. Првиот дел сите сакавме што побрзо да се заборави.
Некако мува не ме лазеше, не знам зошто ама убеден бев во враќање во мечот
Му спомнав и на @Незапирливи 1903/87 дека само мала серија фали за да се запали цела сала и да имаме враќање исто како со Фленсбург.
Разликата меѓу нас и Металург, е што овде навивањето не запре дури и на -6,7 разлика. Па сме грмеле ние и на поголеми разлики
Првите пет минути во второто полувреме одново бевме во сивило.
Знаев уште претходно кој ќе биде човекот на денот - Страхиња Милиќ.
Од кога се дерев да го пушти во игра, не знам само како можеше да си дозволи да го стави и да го остави долго време во игра, циркузантот Малумбрес.
Два гола во серија фалеа за Вардар да фати залет. Вардар сеуште губеше 4-5 разлика, а на трибините веќе почнуваше општо хаос. Серијата ако не се лажам почна од резултат 11-18. Секоја одбрана на Милиќ и наш гол во нападот, беше прославувана буквално како да сме дале гол за освојување на ЛШ во фудбал. Цела сала скокаше, грмеше Ајде ајде ајде Вардарееее, па Алеооооо Алеоооо, и мојата омилена Вардар ле але Вардаре Вардаре алееееееееее.... Конечно ми се оствари желбата да го видам цел Борис како ја пее последнава песна. И ѕидовите да беа живи ќе се наежеа. Не знам после кој гол беше, веројатно за 20-19 на Раковиќ, не може да се опише што се случуваше. Сите гушнати скокаат, паѓаат луѓе еден врз друг, сите несвесно влегуваат во шутки и на никој не му е гајле што ќе му се случи, само да продолжи делириумот.
Зајакнавме игра во одбрана. А нормално клучно беше влегувањето на Марковиќ во одбрана
Во нападот Брумен беше убедливо најдобар поединец на двата меча. Секоја чест мајсторе, не бев многу оптимист со неговото форсирање на почетокот, ама човеков злато вреди
Нападот го размрда и Прибак, Душебаев ги имаше своите пет минути на крај, а на Карачиќ му ебаа мамата, го скршија од ќотек...
Со наква екипа без бекови шутери, да бидеш на чекор до фајнл фор е голема работа. Е од идна година кога ќе дојде Горбок, Лацковиќ, а се надевам и неој шутер од десна позиција, веќе ќе биде друга работа.
Германците тотално се изгубија, не знаеа кај се наоѓаат, ја фрлаа топката во аут (го погодија камерманот директива), а единствените голови ги даваа од пенали преку Егерт.
Ама и Милиќ два пати му ја спушпти ролетната, еднаш по зицер од крила и по еден пенал.
Не само што преминавме во овдство, туку набргу им направивме 24-20.
Серија 13-2 ако убаво избројав и тоа за 15 минути.
Многу рано некако ја почнавме серијата, многу рано го дадовме завршниот удар.
Прво Карачиќ мислам дека си направи одлична акција, но утна на крајот, па они брзо реализираа и одма осетив дека може да се случи сценарио Магдебург.
Гостите го надминаа притисокот, а нашите како едвај да чекаа да измине времето. Едноставно прерано го дадовме завршниот удар и тоа е тоа
Не може никој да се обвини тука...
Алекс ги избуши 2-3 пати во овие моменти, ама овие летаа само што дававме голови не матираа за две секунди.
Тоа копилето Гландорф одново беше клучен
Само он и Егерт ги извадија...
Гландорф изнуди исклучување кое за жал на крај беше решавачко. Подолго време се мислеа судиите, на крај му дадоа две минути.
Раул се налути ептен, го имаше ливчето за тајм аут во рака и само го дрецна од земја, прв пат да го видам да покаже некаква емоција.
Имаа минута и пол до крај, и мораа да дадат 2 гола пошто резултатот беше 27-23.
За жал Гландорф се крена на шут и лесно ја спука во стилот на Вујин против Металург...
Тргнавме во напад со минута до крај. Напад кој ќе зачеше фајнл фор ако го реализиравме.
Веќе беше тешко да се навива, цела сала на нозе, аплаудира, измешани погледи, некои сигурни во победа, некои во страв за повторување на сценариото со Магдебург.
Германциве како да тргнаа на се или ништо, паметно оставија место да нападнеме по крило, за да не ја гњавиме многу топката, Марковиќ доби топка од тежок агол, се крена и јас веќе почнав да прославувам, а топката уствари испадна дека не била ни блиску до голот...
Е сега за мене само ова беше спорно. Марковиќ беше задржан за топката кога се крена, нели имаше блокада за пенал?
Малце чудно беше ништо да не се досуди во оваа ситуација.
Останаа 35 секунди до крајот, а нивниот тренер побара тајм аут...
Тргнаа во напад проследен со огромни свирежи, и за жал извадија пенал.
Кој да го брани беше дилемата. Мислам дека Диви тргна, или бар публиката го бараше, но откако Милиќ претходно му фати пенал на Егерт, остана на голот. Егерт прелесно, не му ни даде шанса на Џамбо да мрдне, за секунда го матираше...
Останаа 8 секунди за нас, но топката се заглави во мрежата, па уште толку си течеше времето со што не ни дојдовме до ситуација за шут...
Многумина овде зборат за судијата. Не знам, според мене неправилни се овие коментари. Во прво полувреме не се согласував со скандирањето ЕХФ мафија со оглед на тоа што повеќето одлуки беа на место. Имаше некои чисти пробивања за кои публиката се бунеше, чисти пенали за кои се буневме. Нормално имаше и грешки особено за доволувањето на преостра игра врз Карачиќ. Е веќе кон крајот на мечот неколку судиски одлуки не ми се допаднаа и тоа е тоа.
Настапи момент на шок... Барем на нашата трибина.
Се чувствував исто како и против Магдебург и особено против Загреб кога сам останав уште 45 минути на трибина
Гризење блузи, солзи во очите, неверување за тоа колку бевме блиску, но сепак далеку...
Но тоа не беше ништо во споредба со тоа како се чувствуваа играчите. Ниеден немаше храброст да остане пред нас, целите беа под шок, повеќето се повлекоа во соблекувална. Особено Џамбо, Карачиќ и Брумен беа најпогодени...
Карачиќ не можеше да се помири со поразот.
Но нашата трибина ги извади од соблекувална откако уште половина час се навиваше како да сме победиле. Играчите излегоа на терен и сите заедно отпоздравивме како за крај на овој ден кој за жал заврши тажно за нас.
Сепак јас сум презадоволен од ракометната претстава. Покажавме дека сме тим со душа, со голема хемија меѓу публиката и навивачите. Фала им на играчите за одличниот меч, и чиста десетка за сите што беа во сала. Се плашам само дека ова психилошко паѓање на нашите играчи може да влијае во домашното првенство. За неколку дена не очекуваат мечевите со Металург. Се надевам ќе бидат доволни за враќање во нормала.
Напред Вардар![]()