the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Па нормално.
Ако Роџерс донесеше титула, се ќе беше поинаку. Сигурно ќе си загарантираше место до Шенкли и Пејсли и компанија. Ама не ја донесе.
Се сеќавам кога го пишував “рефератот“ каде што велев дека воопшто не е битна ниту една критика од моја страна кон Брендан.Ниту еден збор кажан, дури и моето псотоење на планетата не е битно, само тој нека ја донесе титулата.
Јас, ако сакаш, ќе се цитирам и самиот, четири или пет дена по неговото назначување, кај што велам “дај боже да сум во грешка, тоа воопшто нема да биде важно“.
И сеуште не е важно.
Знајш што е важно?
Роџерс не донесе ништо во Ливерпул. ни тогаш кога го пишав рефератот, ни пред, ни потоа.
Н И Ш Т О
Toa “најблиску до титула“ во последните 25 години е доволно за тим ко Фулам, кој патем беше многу блиску до освојување на Евро титула со Хоџсон, а сега е во втора лига, а Хоџсон го знаеме добро.
не е доволно за тим ко Ливерпул.
А Ливерпул беше на пат да биде тим ко Арсенал и Евертон, каде што тоа е доволно добро за менаџери да остануваат.
Ливерпул три години беше заразен со зериозна инфекција на релативизам.
Бренданизам да ја наречеме.
А сето тоа време, Вие, Роџерлаверс, го гледавте тоа, и до последен ден дававте поддршка.
Ако веќе го мериме pro et contra ефектот, на тие што “плукаа“ по Роџерс и чак имаа реферати кога тој можеше да донесе титула, а не донесе, или вие, кои го браневте, и пази, уште го браните, а три години НЕ ДОНЕСЕ НИШТО
@the_kop, тогаш, кои се твоите аргументи СЕГА за тоа што го бранеше Роџерс три години?
Моите знаеш кои се?
Исти се со оние на Хенри и Ајре. А и на 99 посто од навивачите.
Затоа и го избркаа.
Јас сега не го бранам Роџерс. Не знам дали и колку ме читаш ама јас уште во летото кога ги комплетиравме засилувањата, реков дека тие се топ и секој евентуален неуспех на Ливерпул оваа сезона ќе биде кривица само и само на Роџерс. Исто така не сум и против отказов. Отказот е заслужен, Роџерс не успеа со Ливерпул и тоа е тоа. Нормално дека ќе го бранам, кога во неговата втора сезона, Ливерпул ја имаше најдоминантната и највозбудливата сезона откако е во ПЛ. Како и вие така и јас тогаш велев дека е правиот човек. Ланската сезона беше топло-ладно, а првите симптоми дека 'треба да си оди' ги добив минатата сезона во последните 3 кола и нормално дебаклот од Стоук. Од оваа сезона сум задоволен само од воведните 3 кола и ништо повеќе.
Да резимирам: Аргументите заради кои го засакав Роџерс првично беше фудбалот кој го негуваше во неговите почетоци. Конечно му даде идентитет на Ливерпул и начин на кој Ливерпул ќе игра во иднина. За разлика од претходната сезона на Кени а и таа на Рој. Ливерпул под Роџерс (барем во првите две сезони кога и го оформив ова позитивно мислење за него) играше фудбал каков што не играше со години. Напаѓачки, доминантен, нормално имаше и грешки во одбрана, но да постигнеш 101 гол во 38 кола значи во најмала рака да му се восхитуваш.