Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Па нормално.

Ако Роџерс донесеше титула, се ќе беше поинаку. Сигурно ќе си загарантираше место до Шенкли и Пејсли и компанија. Ама не ја донесе.

Се сеќавам кога го пишував “рефератот“ каде што велев дека воопшто не е битна ниту една критика од моја страна кон Брендан.Ниту еден збор кажан, дури и моето псотоење на планетата не е битно, само тој нека ја донесе титулата.

Јас, ако сакаш, ќе се цитирам и самиот, четири или пет дена по неговото назначување, кај што велам “дај боже да сум во грешка, тоа воопшто нема да биде важно“.

И сеуште не е важно.

Знајш што е важно?

Роџерс не донесе ништо во Ливерпул. ни тогаш кога го пишав рефератот, ни пред, ни потоа.

Н И Ш Т О

Toa “најблиску до титула“ во последните 25 години е доволно за тим ко Фулам, кој патем беше многу блиску до освојување на Евро титула со Хоџсон, а сега е во втора лига, а Хоџсон го знаеме добро.

не е доволно за тим ко Ливерпул.

А Ливерпул беше на пат да биде тим ко Арсенал и Евертон, каде што тоа е доволно добро за менаџери да остануваат.

Ливерпул три години беше заразен со зериозна инфекција на релативизам.

Бренданизам да ја наречеме.

А сето тоа време, Вие, Роџерлаверс, го гледавте тоа, и до последен ден дававте поддршка.

Ако веќе го мериме pro et contra ефектот, на тие што “плукаа“ по Роџерс и чак имаа реферати кога тој можеше да донесе титула, а не донесе, или вие, кои го браневте, и пази, уште го браните, а три години НЕ ДОНЕСЕ НИШТО

@the_kop, тогаш, кои се твоите аргументи СЕГА за тоа што го бранеше Роџерс три години?

Моите знаеш кои се?

Исти се со оние на Хенри и Ајре. А и на 99 посто од навивачите.

Затоа и го избркаа.

Јас сега не го бранам Роџерс. Не знам дали и колку ме читаш ама јас уште во летото кога ги комплетиравме засилувањата, реков дека тие се топ и секој евентуален неуспех на Ливерпул оваа сезона ќе биде кривица само и само на Роџерс. Исто така не сум и против отказов. Отказот е заслужен, Роџерс не успеа со Ливерпул и тоа е тоа. Нормално дека ќе го бранам, кога во неговата втора сезона, Ливерпул ја имаше најдоминантната и највозбудливата сезона откако е во ПЛ. Како и вие така и јас тогаш велев дека е правиот човек. Ланската сезона беше топло-ладно, а првите симптоми дека 'треба да си оди' ги добив минатата сезона во последните 3 кола и нормално дебаклот од Стоук. Од оваа сезона сум задоволен само од воведните 3 кола и ништо повеќе.
Да резимирам: Аргументите заради кои го засакав Роџерс првично беше фудбалот кој го негуваше во неговите почетоци. Конечно му даде идентитет на Ливерпул и начин на кој Ливерпул ќе игра во иднина. За разлика од претходната сезона на Кени а и таа на Рој. Ливерпул под Роџерс (барем во првите две сезони кога и го оформив ова позитивно мислење за него) играше фудбал каков што не играше со години. Напаѓачки, доминантен, нормално имаше и грешки во одбрана, но да постигнеш 101 гол во 38 кола значи во најмала рака да му се восхитуваш.
 
Добро почна лошо заврши Роџо, тотално просечен менаџер. Нешто и налик на тимов, сакаме да признаеме или не. Ако сакаме да сме big club, не е за тука. За ниво на Свонси, океј е. Се плашам само дека нема да е Клоп/Анчелоти изборот туку нешто полошо, е тек тогаш ќе бидеме fucked.
 
Само да знаете Клоп е ретардиран, а Анчелоти не се снаоѓал најдобро во ПЛ во минатото


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Абе, мене ме прашвиш? :D

пошо искрено не знам од кај го откопа прашањево и контекстот.

Инаку, не. После тој гол и уопште не сум мислел кој треба а кој не треба да биде менаџер. Било каде.

Не ми влечете дискусија сега бре. Ако до вчера имавте бар некој аргумент да го браните Роџерс, или целата ера на Роџерс, не верувам дека денес има нешто такво.

Човекот си замина како еден од најмалку успешните менаџери во Ливерпул. Се разбира, во сооднос со времето поминато во клубот.

И не, “највозбудлива сезона“ не е аргумент. Ниту “за малку први“

“Или јеси, или ниси ЛАВ“
images
 
ancelotti-roma.png

:D[DOUBLEPOST=1444017037][/DOUBLEPOST]
We THINK we are big club, but at the moment, we are NOT!

Бодо, коментар?


Според критериумите на Кара, Ливерпул од 90та навака, тешко кога може да се нарече голем клуб.

Лиеврпул Е голем клуб, кој потфрла. Over and over and over again.

Кара ми е во топ омилени личности воопшто. Ама морам да му одам ОСТРО контра на ова :)
 
Последно уредено:
На 90min.com пишува дека Клоп прифатил да биде менаџер на Ливерпул! Ајде аирлија ако е вистина :)
 
Koj и да ви дојде тренер не можете одма да барате да постигне резултат, додека да си го развие он начинот на кој што работи ќе треба време. За тоа да си бидете јакички и со среќа нека ви е.
 
Само да знаете Клоп е ретардиран, а Анчелоти не се снаоѓал најдобро во ПЛ во минатото


Sent from my iPhone using Tapatalk

Колку што се сеќавам, Анчелоти освои Премиер Лига со Челзи, а "ретардираниот" Клоп две сезони освојуваше Бундес Лига покрај ваков моќен Баерн, освои два купа (мислам дека беа два) на Германија, и играше финале на ЛШ кое несреќно го загуби во 90-та минута. Тешки сите ретардоси да беа вака успешни. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom