Еве едно мое видување за ситуацијава околу Фабрегас.
Мислам дека нема нешто полошо од еден од омилените играчи да ти отиде во Барселона. Мислам, ми беше омилен до пред некое време, сега има третман како и сите останати цигани, нема да лажам, криво ми е поради неговиот трансфер во Барселона. Вака, отиде од клубот кога на Барселона им беше најтешко, тоа лето кога Барса беше шеста и требаше да игра во Куп УЕФА, а Арсенал тогаш беше мега-клуб. И сам веројатно си мислеше таа сезона "уф каков потег направив" кога Арсенал беше најдобриот тим во светот, во таа сезона на "The Invincibles", кога ја завршија сезоната без пораз но набрзо и сам виде каква грешка направи. Прво се врткаше околу Реал, и до ден денес се сеќавам на онаа негова изјава "Реал е голем клуб, кој не би сакал да игра таму ?" А потоа обиди да се привлечи внимание од Пеп и Лапортаа да не заборавиме дека го бакнуваше и амблемот на Арсенал. Сега кога сево ова ќе го резимираме, драго ми е што еден таков (не) човек не игра во Реал, имавме веќе еден таков (Робињо), и искрено се надевам дека во Реал ќе нема веќе такви играчи.
Фабрегас сега ? Мислам дека набрзо ќе свати што направи кога ќе почне да им ја грее клупата на Чави и Иниеста, а верувам дека и нешто ќе се поремети во концепцијата на Барселона по неговото доаѓање, па за неколку години кога ќе си замине од тимот ќе го говори истото она што го зборуваше и Ибрахимович за Пеп кога си замина.

Можеби јас зборувам глупости и можеби тоа нема да биде така ако се знае дека добија еден играч со огромни квалитети а покрај тоа и репрезентативец на Шпанија, додека ние ги купуваме Кедира и Сахин.. И да, замалку ќе заборавев, 90 000 луѓе кои до пред некое време пред пола година при неговото испаѓање од теренот го исвиркуваа, сега ќе го дочекаат со аплаузи.
п.с нејќев да го пишувам постов во фан-клуб Барселона, па мислам дека тука би му било најидеалното место..