Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Добар ли е Раја, со што го хранат, го тестира ли некој за допинг. Ова е нереално. Јас бев прв што лани викаше “е со ваква одбрана дури и голмани ко Раја можат златна ракавица да земат“, како ли само сум бил грешка, сега се ежам од секој настап на Раја сезонава. Ова рефлексиве ко одбраната на Симан во фа купот со Шефилд...
Автоматски споено мислење:

Формата на Мартинели е како Жервињо/Пепе во најлоши денови.
 
Последно уредено:

Нека форсира некое дете од академија, може ќе го биде. Неможам да го гледам веќе Мартинели, страшно лош.
 
Иако не пишувам немам непрочитан пост. Само Ве надгледуам

Еј брату, мислев си испарил од форумов, али жив си бил.

Треба да договориме една собиранка за некоја утакмица овој фан-клуб. Знам дека е тешко изводливо зашо сите сме кнап со време, ама треба да се обидеме барем.
 
Не не тука сум читам редовно немам пропуштено пост али некако не ми се пишува многу... За собир фудбал тешко не сум во мк веќе 6 год. Едино блиц преку лето кога доаѓам или зима.
 
Добра утакмица нема жалење второво полувреме го одиграа во еден здив пофалба за сите играчи Раја мајстор за задрживање на време за да земат здив колку толку тоа е идеме дајле .
 
Маестрално одигран натпревар, следната 11 на 11, без циркузантски судиски одлуки, наши ќе се нема кај да бегаат.
 
Каква прилика, дали ќе жалеме за овој примен гол во последната минута на крајот на сезоната со оглед на тоа што знаеме каков финиш на сезоната имаат?
 
Каква прилика, дали ќе жалеме за овој примен гол во последната минута на крајот на сезоната со оглед на тоа што знаеме каков финиш на сезоната имаат?
Нема што ние да жалиме, со играч помалце против најјакиот тим во светот цело полувреме. Јебига не не посака до крај ама бод под вакви околности е огромен ко планина.
 
Нема што ние да жалиме, со играч помалце против најјакиот тим во светот цело полувреме. Јебига не не посака до крај ама бод под вакви околности е огромен ко планина.
Не се Сити ни приближно толку јаки како што беа тие годините кога со Ливерпул се бореа до крај и освојуваа со 100+ поени. Целата игра им е ориентирана кон еден играч. И оваа година како и минатите две титулата ќе зависи само и само од нас, ако победуваме тогаш и ќе освоиме ако киксаме ко лани од Фулам два пати и прехлани од Брајтон и со кој уште не се посравме на крај, тогаш Сити ќе ја земе титулата. Сити ќе си кикса преку година тоа сум прилично сигурен, ама дали и ние ќе киксаме тоа ќе е интересно прашање (делуваме подобри во одбрана, но и поограничени во напад, ако ги анулираме корнерите што се како пенал на тимов, вака од контра или позиционен напад сме доста штури, без Одегард уште толку).
Автоматски споено мислење:

Иначе Мартинели душа остави денес дефанзивно, се гледа колку му значи клубот, ептен сакам такви играчи, не е битно на кој начин можеш да придонесеш, само придонесувај :)
 
Последно уредено:
Многу дефанзива брка Мартинели, + од лани го нема Џака кој му беше подршка на левата страна. Со здрав Мерино во тимот, мислам дека повторно ќе ги видиме добрите партии напред на Мартинели. :pistoldz:
 
Не ми се веруе што гледам по медиумиве, па и македонскиве, сите ни јадат гомна оти сме се бранеле и задржувале време, сме користеле DARK ARTS. Па и наводно клубовиве во ПЛ се жалеле дека сме користеле DARK ARTS хахахах

Се е ненормално, сакаат на 1-2, со играч помалце, кај најјаките во светот отворено да играме. :D
Автоматски споено мислење:

Стрим за утакмицава?
 
Последно уредено:
desnovo bekce posle utakmica doma mleko ke cica
Автоматски споено мислење:

Стрим за утакмицава?

инсталирај brave броусер

на vipleague.im ке најдеш стрим
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom