Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Имаме играчиште у Нванери, ја би му дал и поголема минутажа против Лестер.
 
Иначе голманов Портер што бранеше денес е 16 години, роден на 15 јули 2008, чисто за паралела тоа е 4 дена откако Насри потпишува за Арсенал и 1 ден откако Хлеб го продаваме во Барса. Како лета времето, тоа е чудесна работа.

Патем, тој стана втор најмлад фудбалер кој некогаш заиграл за клубот, по Итан Нванери и влезе во историјата како најмлад стартер во дресот на Арсенал досега во историјата.
 
Зарем е возможно вакви три црвени картони да направат за неколку кола?
Возможно е, еве веќе неколку сезони.
Иаку oва сезона се некој нов левел во судењето против Арсенал.
Не може никој да ме убеди дека ФА не зимаат пари и не судат селективно, ова ги поминува веќе сите граници на разумно и нормално.
 
Што се случува со Мартинели една од одликите што го красеше беше високиот процент на реализација на шансите во последно време и тоа не му оди и наместо да водиме ние во ваква тешка утакмица ние сне на чекор до пораз.
 
Покрај црвениве што ги прават секое коло, превидентно е дека титула не се освојува со втора постава на ранг на Беса Добри дол. Нема замени за Одегард и најмалку за Сака, а богами и за дефанзивциве. Овој Кивијор е бетер од Холдинг.
 
Црвен картон е ова, не треба да се буниме. Нека учат од грешките.
 
Се надевам не е вкрстен за Калафиори, а така изгледаше иако нормално излегуваше. У курац сезонава и у курац тоа интернационалните
 
Како не е пенал ова? Баш ме интересира што ќе продаваат од ФА за ова. Не допре топка Конате, не беше во движење кое не може да го исконтролира, го собра Мартинели пред гол.
 
Утакмицава иде на душа на Артета. Се повреди Габриел, не бевме со црвен сепак за вака да се затвориме.
 
Утакмицава иде на душа на Артета. Се повреди Габриел, не бевме со црвен сепак за вака да се затвориме.
Цела одбрана ни беше отсутна Тимбер,Калафиори,Габриел,Салиба што очекуваш да направи со одбрана која прв пат игра заедно. Неверојатно колку немаме среќа оваа година со повредиве и тоа во најзгуснатиов и најтежок период.
 
Што очекуваш на одбрана која прв пат игра заедно?
Очекувам во утакмиците како пример некња со Шахтјор, Кивиор и останатите да добиеа шанса од прва минута.
А не секогаш кога е нож до коска, да очекуваме добро да изиграат играчи кои ги немаат одиграни 90 мин фудбал да бидат во натпреварувачки ритам.
Повредата на Калафиори со Шајтхор оди на душа на Артета, од 20 опции на лев бек тој го стартува Калафиори кој знаеме каква историја на повреди има и играч кој ги изигра 2те утакмици за Италија....
Мора малце повеќе да верува на резервите и да му дава шанса во некои послаби утакмици, Нванери даде 2 гола и го замрзна од тогаш а ужасно ни фале креација.
 
Вечер нема да се пренесува никаде натпреварот по Арениве така?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom