Се согласувам дека се можни протекции и влијанија за изборот на Гарванлиев за претставник. Заев лично беше на неговиот неодамнешен концерт во Струмица. (Но во нормални држави не мора ништо тоа да значи) Но со сигруност можам да кажам дека е школуван на музички академии во странство (САД). Според снимките на интеренет е солиден вокал. И беше пратечки вокал на Тамара лани. Има искуство и некаква кариера не е натуршчик и поарно Васил отколку овие времени инстант ѕвезди од талент шоуата како Гиговска, Мартинијан и слично. Јас очекував во избор да влезат Лозано (беше со Есма во 2013), Сара Мејс ( со некоја чудна песна), Викторија Лоба, или пак некој албански изведувач се чудам како досега не побарале нивен претставник.