Ф
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Страшен вокал, студираше во Беркли америка, се надевам дека ке испеат песна во која ќе има македонски мелос, тоа најмн му одговара.Кој е овој бе? Што учи? Што работи?
Се согласувам дека се можни протекции и влијанија за изборот на Гарванлиев за претставник. Заев лично беше на неговиот неодамнешен концерт во Струмица. (Но во нормални држави не мора ништо тоа да значи) Но со сигруност можам да кажам дека е школуван на музички академии во странство (САД). Според снимките на интеренет е солиден вокал. И беше пратечки вокал на Тамара лани. Има искуство и некаква кариера не е натуршчик и поарно Васил отколку овие времени инстант ѕвезди од талент шоуата како Гиговска, Мартинијан и слично. Јас очекував во избор да влезат Лозано (беше со Есма во 2013), Сара Мејс ( со некоја чудна песна), Викторија Лоба, или пак некој албански изведувач се чудам како досега не побарале нивен претставник.
Прошлите си ги шетаа нивните, сега овие си ги шетаат нивните. Мене само не ми е јасно колку треба да си цреп од 0 до 10 за од такви средини и со такво образование да се вратиш тука и да се лакташ со Заев и Коста Петров.Пак самите меѓу себе си се бираат.
Евровизија медиокритетен настан?Апсолутно во вода му паѓа и „предобриот“ глас и талентот за музика и тоа што е алумни на Беркли, кога на крај снима вакви потпросечни песнички (особено Патувам) како овие погоре. А, тоа што после студии на такви реномирани универзитети учествуваат на медиокритетни настани како Евровизија е уште една енигма.
Incoming ликови како оној на темата за Дупер кога се убаци со муабет демек ако не ни се свиѓале Дупер, да сме слушале 2бона и српски бљувотини што прв пат ги прочитав таму.
Каква кариера имаше Кајмаковски кога го пративме? Бетер. Дупер можеа да спремат добра песна ама не се толку популарни после скандалот со Мартина. Препотентното створење Илчо не можам да го сварам.Од авион се гледа дека има тука ургенции, врски и политика. На никој нема да му текне баш да го прати Гарванлиев „из чиста мира“. Точно дека е музички школуван и има добар вокал, ама до сега нема направено никаква кариера ни па се има докажано како поп пејач. Дали е добар избор ќе видиме, ама во никој случај не е логичен. Повеќе логика ќе ми имаше Дупер да ги пратиме место него искрено...