Добар пласман добивме ради жирито, али се виде дека народот не ја есапи многу... 58 поени се на се од публиката.
Фала богу да прочитам еден асален коментар.
До сега секој коментираше. И оној што знае и оној што врска нема од евровизија. Не украле, па сме требало да победиме.
Како не, Мало сутра победа. Кога 10 песни имаше сигурно поубави од нашата.
58 поенти од телеволтинг и 12 место е повеќе реалноста. Песната толку и вредеш. За повеќе да бидеме искрени не.
Промената е сега што во етер се пуштаат сите 40+/- земји и тие ги соопштуваат гласовите од жирито кое е новина од последниве 4-5 години, за разлика од порано кога 40-те земји ги соопштуваа гласовите од телеволтинг гледачи.
Секако ова второто е многу поважно и ако се соопштуваа во етер тие гласови ние ќе си бевме 12ти, без никогаш да допреме до првото место.[DOUBLEPOST=1558825422][/DOUBLEPOST]
Норвешка со право имаше голем број на гласови од публика и стварно незнам зашто од судии добија многу малку гласови ако ја слушаш претпазливо феноменални перформанси имаа на настапот а ја приметив во полуфинале дека ке има висок пласман( ок се обложив на неа пошто заради и ова глеам евровизија) во финале кога почна песнава доста од публикава го знаеше текстот а и трендовска е
Холанганите предосеќав дека ке тепаат од причина шо букмејкериве имаат инсајдери внатре па коефициентите се движеа во таа насока после 2те полуфиналиња
Да многу јака песна и многу труд посветено. Да се пее на некој си јазик стар илјадници години не е мала работа.Стварно труд посветено.
Годинава имаше стварно јак избор и голема конкуренција, но Норвешка некако беше најкомплетна и искрено ми е криво што не беше барем меѓу првите 3 во Генерален