Ф
Страшен вокал, студираше во Беркли америка, се надевам дека ке испеат песна во која ќе има македонски мелос, тоа најмн му одговара.Кој е овој бе? Што учи? Што работи?
Се согласувам со тебе. Јас немам ништо против него, секоја среќа му ја пуштам но покрај што има моќен вокал Васил нема харизма (според мене). Сценска. За на Евровизиската сцена не се бара само "страшен" вокал туку и сценски настап како и самата песна. Прерано е да судиме (барем лично јас) но мислам дека ќе треба да се коментира откако ќе излезе песната и видеото. И покрај многуте негативни критики дека он ќе не претставува оваа година, така беше и за Тамара но ете видовме и самите што направи. Само едно нешто ќе ми е криво доколку со него не влеземе во финале (можно е да се случи) дека веднаш нашиве мак "патриоти" што се маваат во гради, ќе коментираат на работи како на тоа што сме поминале со Тамара минатата година само поради промената на името.Се согласувам дека се можни протекции и влијанија за изборот на Гарванлиев за претставник. Заев лично беше на неговиот неодамнешен концерт во Струмица. (Но во нормални држави не мора ништо тоа да значи) Но со сигруност можам да кажам дека е школуван на музички академии во странство (САД). Според снимките на интеренет е солиден вокал. И беше пратечки вокал на Тамара лани. Има искуство и некаква кариера не е натуршчик и поарно Васил отколку овие времени инстант ѕвезди од талент шоуата како Гиговска, Мартинијан и слично. Јас очекував во избор да влезат Лозано (беше со Есма во 2013), Сара Мејс ( со некоја чудна песна), Викторија Лоба, или пак некој албански изведувач се чудам како досега не побарале нивен претставник.
Прошлите си ги шетаа нивните, сега овие си ги шетаат нивните. Мене само не ми е јасно колку треба да си цреп од 0 до 10 за од такви средини и со такво образование да се вратиш тука и да се лакташ со Заев и Коста Петров.Пак самите меѓу себе си се бираат.
Евровизија медиокритетен настан?Апсолутно во вода му паѓа и „предобриот“ глас и талентот за музика и тоа што е алумни на Беркли, кога на крај снима вакви потпросечни песнички (особено Патувам) како овие погоре. А, тоа што после студии на такви реномирани универзитети учествуваат на медиокритетни настани како Евровизија е уште една енигма.
Incoming ликови како оној на темата за Дупер кога се убаци со муабет демек ако не ни се свиѓале Дупер, да сме слушале 2бона и српски бљувотини што прв пат ги прочитав таму.
Каква кариера имаше Кајмаковски кога го пративме? Бетер. Дупер можеа да спремат добра песна ама не се толку популарни после скандалот со Мартина. Препотентното створење Илчо не можам да го сварам.Од авион се гледа дека има тука ургенции, врски и политика. На никој нема да му текне баш да го прати Гарванлиев „из чиста мира“. Точно дека е музички школуван и има добар вокал, ама до сега нема направено никаква кариера ни па се има докажано како поп пејач. Дали е добар избор ќе видиме, ама во никој случај не е логичен. Повеќе логика ќе ми имаше Дупер да ги пратиме место него искрено...