DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.147
Ја па на сосема трет начин го сфатив филмот. Го гледав како куќата да е светот во кој што живееме. Последните сцени, тие језиви, со терористите и со тоа кога луѓето беа заклучени во кафезите, после тие што го жртвуваа бебето и тие што се молеа на истото пред алтарот ги сфаќав како сите оние лоши работи кои што се случуваат предизвикани не само од самите луѓе, туку и од надворешните фактори како климатските промени, религијата и таквите работи.

Малце ми го еба филмот тоа што пред да влеземе во кино салата девојка ми ми даде мал спојлер или хинт не знам како да го наречам сеедно, во стил демек прочитала од интервју на Џенифер Лоренс кадешто кажала дека за да се разбере филмот гледачот требало да има некакво познавање од Библијата, поради ова во текот на филмот ме натера да гледам на работите од друга перспектива и моментот со сцената кога она почнува да му се дере во стил "ја на тебе се ти дадов, а тебе не ти беше доста, мораше да ги поканеш и нив" на крајот, ми кликна аха да, има логика она да е природата, он да е Господ и натаму да си го терам мислењето.

Се на се иако како што кажа @Corvus авторот стварно сакал да направи од филмов Не е за тебе, го направил и успеал во тоа. Факт е што мене ми се свиѓаше, уживав целосно во него, не ме остави да трепнам и го изгледав во еден здив, а на девојка ми апла ептен не и се свиѓаше, досаден и беше дури да беше сама сигурен сум дека на пола филм ќе си станеше и ќе си отидеше од кино.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.760
Поени од реакции
36.663
Се согласувам со @wot дека ова беше Love на годината, ама за разлика од Love на Ное, овде се согласувам (горе-долу) и со неговата оценка. Мене ептен ми се допадна. Може беше на моменти (особено во третата третина) - WTF, но ме остави два саати да не трепнам пред екран, и ме остави со подзината уста.

Што најмногу ми се допадна? Прво: баш тоа што е отворен за толкувања. Ве читав сите од погоре, и ви се восхитувам на секое едно размислување, особено на оние на @wot и @ob1 зашто држат вода, а искрено, не ни помислив на таква анализа. Јас го гледав на два начина: прво - токму како библиска алегорија, што е неоспорно. Има многу елементи: и Создателот, и мајката (природа, или мајката божја, сеедно, образецот е горе-долу ист), и Адам и Ева, Каин и Авел, и потопот, и цикличната природа на светот (создавање-уништување-и повторно создавање, што ме потсети и на обрасци од космогониско-есхатолошките митови од многу митологии, најмногу можеби од нордиската), и претставата на творецот како поет, и т.н. Второто мое размислување беше за уметноста, за креацијата на убаво, за тоа колку на уметникот му треба и инспирација, а и поддршка, и колку една уметност може да го промени светот во кој живееме - од убаво, мирно, идилично место, да го направи место во кое се водат војни, се убиваат невини, страдаат болни, гладни и жедни (а гледаш, во самото ова размислување се содржи и толкувањето на @ob1 , а јас не сум го увидел тоа). И обратно.

Е сега, иако имавме исто толкување, во едно нешто не се согласувам со @Corvus и @grande-juve - дека Аронофски бил претенциозен и намерно го направил ваков филмот за да не го разбереме. Напротив, мислам дека Аронофски го планирал филмот да изгледа баш како библиска алегорија. Знаеме дека веќе работеше на филм инспириран од библиски настани - Noah. Јас мислам дека ова му е некој вид продолжение, или втор (или дури може трет, ако се земе во предвид The Fountain кој беше филм за семоќната љубов, па ете, ако претпоставиме дека и за тој инспирацијата му била „Песна над песните“ од Стариот завет) филм од некоја негова планирана трилогија или серијал филмови со библиски мотиви. Who knows. Аронофски може да го нарачеме и чуден, и несекојдневен, и секаков, ама според мене, претенциозен - не. Еден од најгенијалните режисери на новото време, и еден од најпотценетите истовремено (ако не се лажам, освен за Black Swan и нема некои позначајни награди собрано).[DOUBLEPOST=1512672039][/DOUBLEPOST]И ова објаснува многу како и зошто го направил филмов:
Darren Aronofsky напиша:
It is a mad time to be alive. As the world population nears 8 billion we face issues too serious to fathom: ecosystems collapse as we witness extinction at an unprecedented rate; migrant crises disrupt governments; a seemingly schizophrenic US helps broker a landmark climate treaty and months later withdraws; ancient tribal disputes and beliefs continue to drive war and division; the largest iceberg ever recorded breaks off an Antarctic ice shelf and drifts out to sea. At the same time we face issues too ridiculous to comprehend: in South America, tourists twice kill rare baby dolphins that washed ashore, suffocating them in a frenzy of selfies; politics resembles sporting events; people still starve to death while others can order any meat they desire. As a species our footprint is perilously unsustainable yet we live in a state of denial about the outlook for our planet and our place on it. From this primordial soup of angst and helplessness, I woke up one morning and this movie poured out of me like a fever dream. All of my previous films gestated with me for many years but I wrote the first draft of Mother! (2017) in 5 days. Within a year we were rolling cameras. And now two years later, it is an honor to return to the Lido for the world premiere. I imagine people may ask why the film has such a dark vision. Hubert Selby Jr., the author of Requiem for a Dream (2000), taught me that through staring into the darkest parts of ourselves is where we find the light. "Mother!" begins as a chamber story about a marriage. At the center is a woman who is asked to give and give and give until she can give nothing more. Eventually, the chamber story can't contain the pressure boiling inside. It becomes something else which is hard to explain or describe. I can't fully pinpoint where this film all came from. Some came from the headlines we face every second of every day, some came from the endless buzzing of notifications on our smartphones, some came from living through the blackout of Hurricane Sandy in downtown Manhattan, some came from my heart, some from my gut. Collectively it's a recipe I won't ever be able to reproduce, but I do know this serving is best drunk as a single dose in a shot glass. Knock it back. Salute! [Aug. 2017]
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Предобар избор (y)
За жал нема паметен да ми биде постов пошто веќе се исцедив зборувајќи за филмов периодот кога го гледав (grande juve и Corvus може да сведочат за тоа :D ), али добро е да се читаат и други мислења (y)

П.С. Сак ит @Corvus[DOUBLEPOST=1512791646][/DOUBLEPOST]Уствари еве што имав пишано после гледање на филмов, горе доле ги сумира моите чувства и мислења за филмов одма после гледање на филмот без читање на рецензии или теории или што си помислил некој за филмот (а тоа е и убавото во филмот, сам да си го сфатиш без очекувања или мислења, малце го жалам ob1 и другите што читале рецензии and stuff за филмот, дел од искуството наречено "mother!" е сам да си дојдеш до заклучок што може одредена сцена да значи)

А ете убаво што Злате погоре цитирал од интервју на Дарен кај што вика дека за 5 дена го пишал сценариото. Баш тоа и јас сакав да го спомнам, сценариото е пишано во еуфорија на Аронофски, повеќе мисли, ставови и работи му се вртеле низ глава и се како што му доаѓало така го истурал врз сценариото што уствари значи дека има и други помали елементи освен
библиската приказна
кои што сигурно свесно или несвесно сакал да ги пренесе

Него да се вратам на поентава на постов...еве што пишав за филмов

Филмов има ептен чуден накај глуп фонт. Пробај да прочиташ имиња во кредитс и сфати што пишува...не дека некој би се обидел..али освен за насловот на филмот, за друго фонтов скоро и да не функционира.

Е вака... секој што ќе го гледа филмов мора да не очекува некој си нормален филм од ова. Подруго е кога ќе му влезеш со такви очекувања. Уствари најдобро ќе го опишам ова како ЛОСТ (ок , може да ви се свиѓа ЛОСТ а да не ви се свиѓа филмов...друга ми е паралелата). Ако ЛОСТ го гледаш очекувајќи дека на крај буквално се ќе ти е јасно....не ја глеј ЛОСТ нема да ти се допадне. Истово е и со филмов.

Аронофски ми е еден од омилените ако не и омилен режисер/сценарист. Така да од таму логично е што мене ми се допадна филмов пошто не знам можеби со одредени субјективни поени у старт му влегов на филмов.

Прво Аронофски е фантастичен режисер. 98% од филмов беше директно сконцентриран на Лоренс што во старт те тера да се соживееш со неа и целото бунило низ кое што поминува ликот. Друго...има чуден "вхс ефект" филмов..не знам како да доловам али некои сцени делуваат така олд скул, што додааат одредена "позитивна непријатност" во филмов.

Е сега..што значи Позитивна непријатност...ништо, пошто ја го измислив сега..али еве што сакам да кажам :D

Филмов е како да имаш ОЦД...ваљда :D

Знаеш кога гледаш нешто што е перфектно средено......и само една мала точка има негде горе што ти смета и те тера малце да се осеќаш непријатно? Недоволно да земеш да полудиш комплетно...али знаеш дека е таму и ти е шубе....

Е тоа шубе чувство го има во филмов. Цело време се осќеаш непријатно..ама тоа е позитивно бидејќи и тоа е целта на филмов. Да се чувствуваш исто како што се чувстува ликот. А штом се сочувствуваш со филмот ќе се сочувствуваш и со сите проблеми низ кои што поминува филмот. И успева. Кога се чуди "Зошто овој го прави ова?" истото го мислиш и ти..кога се чуди..ок да не продолжувам се сфаќа..

И цело време се креваат работите (мора да ми текне превод на stakes...облози?) ..од мала работа станува малку поголема...па поголема..па поголема....и сите тие мали проблеми што се зголемуваат..ти имаат логика...ама воедно и ти немаат логика....зошто? Ок..знам зошто...ама зошто? Буквално го имаш тоа чувство што го има и ликот на Лоренс во филмов.

Е сега тоа е горе првиот саат, саат ипол од филмот. Тоа е приказната. Ако тука си фатен и викаш "Хмм..ок....баш ме интересира што ќе се случи понатаму..ова ме фати на јамка и ок ми се допаѓа целокупниот филинг на филмот" ..онда филмот до крај ќе те вози. Бидејќи од тука натаму ти веќе си навлечен на филингот на филмот и се што се случува. Како слеп набљудувач гледаш што се случува и се сочувствуваш со Лоренс. Ако те фати филмот во првиот саат време тогаш до крај со срце го гледаш филмов а не со мозок.......ок, добро, лажам, со очи го гледаш...али ме сфаќaш :D

Ако после саат време си "Што кур се дешава? Чуден е филмов, не знам што е причата.." тогаш и те како ќе го хејташ последниот пола саат од филмов.

Ако првиот саат/саат ипол филмов е приказна... тогаш во последниот пола саат филмот оди balls out со ептен овер д топ работи што може да те остават велејќи "ШО КУР СЕ ДЕШАВА?!?"

Затоа и ја реков приказната со ЛОСТ......многу луѓе што сакаа да гледаат приказна за луѓе на остров рекоа "Ок, ај да не забегуваме" кога почнаа копчиња да се појавуваат, поларни мечки, црни облаци и слично..

Е сега. Во последниот пола саат филмов буквално те остава сам да си добиеш заклучок. Тоа и самиот филм го кажува индиректно "Доброто е во тоа што секој си го сфаќа на свој начин" или нешто слично е цитат од филмов. И богами....може да се анализира на милијарда начини филмов. Ова е филм за кој што дефинитивно сакаш да збориш со некого после гледање и да разменуваш теории и мислења и слично.

Уствари после филмов првото нешто што ми помина низ глава е "Ок...само Аронофски знае за што е филмов"....а убеден сум дека и тој би кажал Сфати си го како сакаш за секого е различно.

Забегува реално филмов со такви скриени значења и филозофии и такви срања, претерува и те како филмот со тоа. Особено крајот е ту мач, али тие последни 2-3 минути не ги ни мислев ептен пошто се што претходно се дешава те остава замислен пробувајќи да откриеш некоја си скриена поента на филмов.

Али сепак. Ако сакаш да доловиш некоја поента или некои филозофски ствари или "сам сфати си го ова" моменти...треба да имаш добра приказна и ликови што ќе те внесат доволно за да ти значат останатите работи. А филмов го има тоа.

Затоа и велам, ако не ви се допадне првиот саат време од филмов каде што уствари има и приказна и ликови и би рекол логика...тогаш последниот дел од филмов ќе ви понуди интересен луд трип и луда вожња со ептен овер д топ работи можеби на моменти (што значи сигурно нема да ве освои при крај)

Ма милион работи има што може да се анализираат во филмов..релгиија, мајчинство, творење, уметност, брак, медиуми, mob mentality, несебичност, љубов, фамилија, живот, себичност...милијарда......што уствари е ту мач да бидеме реални, можеше и по down to earth да биде Аронофски со ствариве...али да, мислам филмов има потенцијал да се аналзиира по филмски школи. И реално само веќе докажан режисер can get away со ваков филм, а цела среќа Аронофски е таков. Да беше некој небитен лик режисер, филмов нити некој ќе го сакаше ни гледаше..

Unsettling е најдобар опис за филмов.

И нормално, се чека филмов да излезе поторенти за да се читаат теории од повеќе луѓе по интернетов :D
[DOUBLEPOST=1512792327][/DOUBLEPOST]Инаку верувам сите приметивте на крај на кредитс (ако гледате кредитс :D ) дека ликовите немаа име на лик нели.....и тоа дека сите ликови беа пишани со мала буква....

Е нешто што не приметив се додека некој во рецензија по нетов не спомена е тоа дека
Ликот на Бардем е единствен со големо име во кредитс. Him. сите се mother, woman, man и слично со мала буква
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Јас додека го гледав филмов, чудно се осеќав. Како да поминувам низ некој период кога времиња не си спиел, па живееш ден за ден без душа, ко низ магла, изгубен, очаен, осамен, сам на светот... Тоа што го разбуди во мене беше нешто што ретко некој друг филм го направил. Како да е правен од најдлабоките делчиња на душата на Аронофски, ко да му патував во потсвеста, во мислите, низ некои мрачни патеки што едвај се држат да не се распаднат.. Не е ни битно што требаше да се сфати и што означуваше се тоа, битно е дека беше едно чудно искуство, не знам како тие со двојките не се поврзале вака и вака не се осеќале, ама ок различни сме сите. Филмов е да му го тупнеш на некој депресивен и анксиозен, некој што има таков период или некоја мрачна душа уметничка, тоа ќе му биде искуство за паметење. Поради овие работи, т.е филмови со кои лично сум се поврзала оваа година, овој можам да го сместам во топ 3 од сите 400 што ги изгледав. 8 му ставив, за 9 сега се премислив.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Мене после целото размислување и зборење за филмот ми остана онаа сцената каде и кажува на мајката дека сите луѓе што дојдоа различно и на свој начин му ја сфатиле книгата. И тоа е и најдобро објаснување за филмот, баш секој може на различен начин да си го сфати :D

Дур го гледав низ глава ми поминаа буквално бар сто теории кои до крајот паднаа во вода, и од кино излегов скроз збунет. Дефинитивно филм кој остава ептен јак впечаток (позитивен или негативен) и предизвикува дискусија долго откако ќе се изгледа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.760
Поени од реакции
36.663
сцената каде и кажува на мајката дека сите луѓе што дојдоа различно и на свој начин му ја сфатиле книгата.
Ова е уште една парабола за Библијата, според мене. Колкав број на религии, секти, движења, различни толкувања се базираат на тој еден ист текст - Библијата. И уште се бараат скриени значења во неа.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Мене филмот ме "изгуби" уше на почеток, пред да дојдат синовите на Харис и Фајфер. До таму само и така можеше да се сфати филмот, ко филм за врска и се околу тоа. Ме изгуби зашо инстантно почна да ме нервира и Лоренс со глумата, и ликовите, и сценариото, и како се насочени од режисерот, зашто целта беше низ суптилни некои потези да се прикажат проблемиве шо Лоренс и Бардем ги имаат, а резултатот на тоа ми беше многу лош и вештачки.. пример коа Бардем спомнува на гостиве дека сакал деца да имаат и Лоренс прави некои фаци и после му кажуе дека не и' го рекол до сеа тоа.. премногу шознам кринџ ми делуеше целата изведба. А ептен уживам во филмови со таа тематика и такви суптилни.. Кој се плаши од Вирџинија Вулф, Сцени од брак на Бергман, Force Majure..

Е после почнаа браќа да се убиваат, да се кршат забранети работи, пред тоа раната на Ед Харис па после одма се појави Фајфер, дефинитивно библиски работи, и токму ова шо го пишала корвус додатно ме исклучи од филмот


И до крај веќе немаше шанси да ме врати, не бев ни внесен ни нишо. Единствено можам да ги пофалам неколкуте преубави кадри што ги имаше посебно на крајот.
Исто, после сцената со синовите филмот ми стана безвезе и немав желба повеќе да продолжам да го гледам. Ќе му дадам уште една шанса деновиве кога ќе имам време.[DOUBLEPOST=1513285014][/DOUBLEPOST]
Мене филмот ме "изгуби" уше на почеток, пред да дојдат синовите на Харис и Фајфер. До таму само и така можеше да се сфати филмот, ко филм за врска и се околу тоа. Ме изгуби зашо инстантно почна да ме нервира и Лоренс со глумата, и ликовите, и сценариото, и како се насочени од режисерот, зашто целта беше низ суптилни некои потези да се прикажат проблемиве шо Лоренс и Бардем ги имаат, а резултатот на тоа ми беше многу лош и вештачки.. пример коа Бардем спомнува на гостиве дека сакал деца да имаат и Лоренс прави некои фаци и после му кажуе дека не и' го рекол до сеа тоа.. премногу шознам кринџ ми делуеше целата изведба. А ептен уживам во филмови со таа тематика и такви суптилни.. Кој се плаши од Вирџинија Вулф, Сцени од брак на Бергман, Force Majure..

Е после почнаа браќа да се убиваат, да се кршат забранети работи, пред тоа раната на Ед Харис па после одма се појави Фајфер, дефинитивно библиски работи, и токму ова шо го пишала корвус додатно ме исклучи од филмот


И до крај веќе немаше шанси да ме врати, не бев ни внесен ни нишо. Единствено можам да ги пофалам неколкуте преубави кадри што ги имаше посебно на крајот.
Исто, после сцената со синовите филмот ми стана безвезе и немав желба повеќе да продолжам да го гледам. Ќе му дадам уште една шанса деновиве кога ќе имам време.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Филмов исто као Black Swan коа го гледав прв пат, најпрво ме нервираше ама кога ми легна испадна дека сосема добар филм. Исто и со мајкава, вчера од такт ме извади а денеска еве ме тера да мислам и да читам теории, не е лош филм ама не е за мене некако, too much ми е. Не можам толку да мислам.

У право сте сите што сте пишале погоре, секој на различен начин може да си го сфати. Мене некако најблиску ми е на вот теоријата
У кратки црти, секако спојлери, за мене филмот немаше никаква библија, господ, природа ниту марии.
Обична метафора за врските и непроменливоста на некои луѓе, за едностраноста, за singlton врски.
Куќата беше трудот на лоренс која го вложува во врската, жртвувањето и колку некој истото не го цени туку го става во втор план.
Самодеструктивност во срж кај Bardem, повторувајќи го тој vicious cycle over and over again со други луѓе, притоа бидувајќи несвесно себичен и уништувајќи ги нив узпат. Го напраил у минатата врска, така почнувајќи филмот, го напраи на Лоренс, ќе го направи и на следната девојка ко што видовме на крајот. Искористувајќи ги за свое лично профитирање без преголемо емоционално вложување, туку фокусот му бидувајќи на, еве, кариерата.

I am I.

И такви се некои луѓе, но не треба да им се суди, преголемо себеинвестирање у врска е увек лошо, мора да си на иста фрекфенција прво.
, ваљда пошто немам поима од Библија и слични ствари - но држи вода и тоа на Корвус, морам да го спомнам и третиот начин на об1 секако.

Сите сте у право. :D
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
^Исто, најлогичен т.е. најблиско сфаќање ми е таа дисфункционална врска помеѓу Бардем и Лоренс. Never enough за копиљот и сцената каде што оваа му вика "you don't love me, you just love how much i love you" дава јасна слика за нивниот меѓусебен однос.
Сето тоа со Библијата е океј ама никако неможам да бидам на иста фреквенција бидејќи таа тема за мене е непозната територија.

Иначе одлично возење си е филмот, цело време тензијата што ја имаше го задржува вниманието до крајот. Хаотичниот дел во втората половина генијално, цело тоа all hell breaks loose е играње со емоции. or what Хоуп said. :D
Јас додека го гледав филмов, чудно се осеќав. Како да е правен од најдлабоките делчиња на душата на Аронофски, ко да му патував во потсвеста, во мислите, низ некои мрачни патеки што едвај се држат да не се распаднат.. Не е ни битно што требаше да се сфати и што означуваше се тоа, битно е дека беше едно чудно искуство.
(оценката му е една подолу од мене поради конфузијата што ми ја направи и сеуште неможам да оформам мислење)

И на крајот испаѓа дека филмов е за сите (пинг @Corvus :D ) поради сите теории и толкувања кои ги има за филмов.
Мора уште еднаш реприза за да легни филмов.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Мене после целото размислување и зборење за филмот ми остана онаа сцената каде и кажува на мајката дека сите луѓе што дојдоа различно и на свој начин му ја сфатиле книгата. И тоа е и најдобро објаснување за филмот, баш секој може на различен начин да си го сфати :D

Дур го гледав низ глава ми поминаа буквално бар сто теории кои до крајот паднаа во вода, и од кино излегов скроз збунет. Дефинитивно филм кој остава ептен јак впечаток (позитивен или негативен) и предизвикува дискусија долго откако ќе се изгледа.
Ама кажи кој те потсети за сцената а? а?? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom