W
wicked_1
Гостин
Незнам точно дали на пола филм ама имаше уште доста за гледање, цела сала знаеше каков расплет ќе има а уште не им беше решен проблемот, па и на крај таткото коа излезе така од нефокусиран кадар, surprise.Се сложувам освен со се освен делот со крајот. Јас сфатив што се случува во сцената каде што и објаснуваше на ќерка и дека ќе биде вечна покрај езерото.
Филмот не изгради воопшто тензична/интимидативна атмосфера, дури со одвишетокот музика изгледаше исфорсиран на моменти обидувајќи се да дигне темпо и гледачот да чека со нетрпение што ќе се случи следно.
Пак, проблемот е што не нуди ништо ново/егзибиционистичко. Кај филмови на жанров елементарно е да има манипулации со закони на физика, space & time маневри,запознавање со вонземска култура/однесување/перцепции за димензионалност, вонземско искуствување и сл.
Кај овој филм е сето тоа минимизирано и занемарено на сметка на морализирање кај главните ликови.
Lead ликовите додуша глумеа добро за у романтична драма, ама тука требаше да бидат научници кои ќе се расфрлаат со факти и хипотези со кои ќе решаваат проблем. Наместо тоа тие флертуваа меѓу себе цел филм, со еден куп cringefest муабети.
Начинот на кој што го решија проблемот при крајот во најмала рака беше сценариски исечок од филм на Шварценегер.
Не е филмот потфрлање - солиден е, ама 94% на RT и 8.5 на имдб?
Последно уредено: