1.Забранета продажба на алкохол по 19 часот
Го подржувам законот за малолетниците да не смејат да конзумираат алкохол, но овој закон не го поджувам многу. Прво е донесен заради финансиска придобивка. Секој што сака да продава алкохол ќе си плаќа секоја година. Но од друга страна алкохолот е штетен и нашава држава е преполна со алкохоличари така да има и позитивна страна.
2.Забрането пушење во затворен простор
Пушењето сите знаеме е штетно. Јас сум непушач и многу мразам ќе отидам во дискотека и не можам да гледам од димот, го мразам.
Можеби со овие закони и се поголемата цена на цигарите ќе се намали бројот на пушачи. Ова е секаде низ светов вака за строги закони за пушачите.
Е сега пушачите се против, али па зошто непушачите да трпат и да се трујат од нив.
За отворен простор не е проблем ама за затворен треба да има забрана.
3.50 еврулиња за плукање по улица
Многу паметно. Ај сите ќе плукаме на улица. Грозно.
И поскапо од 50 евра нека е.
4.По 1.000 денари месечно ако не сте во брак
Ова е шпекулација. Во ова современо општество никој нема да не натера да се венчаме ако не сакаме. Така да не верувам дека ќе се воведе ова.
5.Забрана за емитување квалитетни филмови и серии
За целосна забрана не треба. Но може да ги даваат во доцните часови.
Знам едно комшивче има 5 години и вика абе кажете ми знам дека децата се прават во кревет ама кажете ми како. Сум гледал на телевизија малку знам.
Па има насилство има секс тоа не е за децата. Сексот и градот го прикажуваат во 18 часот. Убаво им кажале може после 22 дозволено е. Значи не станува збор за комлетна забрана.
Има и цртани филмови со насилство. Треба да се има една програмска шема. А не да си даваат филмови, серии кој како сака.
6.Кампањи за перење мозок
Секаде го има и секогаш ќе го има.
Не само во Македонија него секаде во светот.
Значи не е само Македонија.
Ова се некои работи кои ги има во Европа и низ светот и почнуваат да се регулираат и кај нас. Но ние не сме навикнати на забрани и многу закони и се ни е чудно.
Но секое чудо за три дена ќе се навикнеме некогаш.
Далеку е од диктатура.
Едноставно општеството отиде толку далеку со насилство, вулгарности, девијации да мора тоа да се регулира.