Dexter

Е добро де, топ, шо. Топ шоп. Извини шо не ти ја возвишив доволно :D
А чек, која беше сезоната со Дик од 3 камен од сонцето?
 
Spoiler Alert!!!

Не го гледајте ако немате стигнато до 4та сезона. Добро фан мејд клипче со доста погодена песна.
 
fxgbJ0Y.jpg
 
Обично после секоја серија го викам ова, ама ајде нека биде. НАЈДОБРА СЕРИЈА ЕВР! Добро, серијата можеби не, ама ликот на Декстер дефинитивно. За финалето немам некои замерки, освен тоа што сакав Декстер да се самоубие, ама вака што остана жив го прави уште посуров и посебичен, правиот стар Декстер без чувства. Жал ми беше за Дебра, најдобро одглуми од сите во серијата, многу се соживеала со улогата.
А, да, серијава ја гледав 4 месеци, намерно, зошто од првите неколку епизоди осетив колку е добро и намерно ја успорував затоа што не сакав да заврши.
 
Обично после секоја серија го викам ова, ама ајде нека биде. НАЈДОБРА СЕРИЈА ЕВР! Добро, серијата можеби не, ама ликот на Декстер дефинитивно. За финалето немам некои замерки, освен тоа што сакав Декстер да се самоубие, ама вака што остана жив го прави уште посуров и посебичен, правиот стар Декстер без чувства. Жал ми беше за Дебра, најдобро одглуми од сите во серијата, многу се соживеала со улогата.
А, да, серијава ја гледав 4 месеци, намерно, зошто од првите неколку епизоди осетив колку е добро и намерно ја успорував затоа што не сакав да заврши.
Јас само би додал дека штета е што проработи американското во нив, онаа желба да се удоволи публиката, притоа бркајќи и зграбувајќи го секој дел од профитот, ненаситноста. Кај англичаните е друга логиката, вадат колку што е замислено и зацртано, некоја сезона и чао пријатно заклучуваат и завршуваат. До четврта со се четврта сезона, феноменална серија, дефинитивно една од најдобрите, но потоа ја опаднаа и постана онака........со некои клише моменти, повторно интересна за гледање донекаде, но неколку класи опадна. Како и да е со сигурност ќе го обележи времево во кое живееме како една од најдобрите. :)
 
Само што ја завршив. Ги гледав сите сезони наеднаш (во период од неколку месеци, но сепак...).

Прва сезона просечна, но добра ко за почеток.
Втора најлоша и најдосадна.
Трета најсмешна (океј, не сезоната туку имаше многу смешни моменти во неа особено од Масука).
Четврта најдобра (of course).
Петта и седма ми се малку послаби од четврта но генерално одлични.
Шеста ќе беше исто со нив да не го тупеа со религија во првата половина од серијата.
Осма просечна, со финале што никој не го очекуваше, но тоа е што е.

Сé на сé - одлична серија. Следна на листа - Сопранови.
 
До 6та сезона сум. Кога почнав да ја гледам првите две епизоди не ми се виде ништо специјално, ама па и не беше лоша, втф ми беше причата. Си реков што може да понуди интересно, нејќам да гледам како во секоја епизода различни убива, но тоа што ме задржа да гледам и понатаму беше таа врска меѓу Рита и Декстер. Ептен ми беше јако како тоа може да функционира, како на сите страни крие, и тоа ми беше момент на одлука да продолжам да гледам. Првата сезона топ беше до крај, иако мене лично втората со црнецот и кога средуваше се за да не го откријат ми беше појјака од првата со брат му. Ама и двете беа страшно квалитетни. Третата некако добра беше, ама не како првиве две, не ми беше интересна толку. Веќе четвртата појјака ми беше доста, со Тринити, крајот на сезоната беше нешто најнеочекувано во живот што имам гледано. Понеочекувано од Usual Suspects на крајот, огромен шок, здрвен останав. Почеток на петтата сезона првите две епизоди ептен тага ме фати, со грутка во себе едвај гледав. После понатака се навикнуваш на Лумен и новата прича, океј ми беше, нешто со интересно како трета сезона. Е веќе 6та некако не е досадно, ама ми е доста под другиве, ќе видам финалето какво ќе е. Досега од 1-5, петтата најтапа финале имаше, глупо малку. Топ серија во глобала (y)
 
Сега со секоја нова сезона си ги намалувај очекувањата, зошто ако ти се преголеми, ќе се разочараш од финалето :D
Знам бе, прво кога барам серија пред да почнам да ја гледам, отварам да видам имдб колку рејтинг има финалната епизода :icon_mrgr: Свесен сум, ама ајде дури има уште малку мора да се догледа, па после ќе се бара ново
 
И јас ја изгледав. Јасно е дека квалитетот падна после 4та сезона, почна да има многу клишеа, дури во последна сезоана гледав работи што ги имам веќе видено во други филмови и серии, и ми го кршеше впечатокот, но сепак барем мене ме држеше интересно и во ниеден момент не ми беше досадна. Крајот од една страна ме разочара, од друга страна го сфаќам. Декстер не сакаше да повреди уште некој во животот, бидејќи сфати дека со Деб сите блиски ги повредува, и затоа така беше крајот, ама дрвосечач е премногу глупост и аматерски. За сезони од најдобра кон најлоша вака ми се: 4>2>1>3>7>5>6>8, и онаа 6тата сезона со религијата глупостите многу нелогичности и глупости имаше. Од типкиве Рита и Хана ми беа убави, Лумен и онаа енглезот не ми праеа кејф. И така, ми вредеше гледањево, супер серија се на се, штета што не задржаа квалитетот до крај или што не успеаа да заврши работата со 5 сезони, но како и да е супер ми беше. Ќе ставам чат пат по нешто од серијата сликиче или видео, да не дреме мртва темава :noze:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom