Dexter

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Исто и јас. Засега е топ, шо би се рекло квалитетно, макар шо не сакав да се чепка повеќе во Декстер, пошто последните сезони беа тежок засер. Ама ова е добро.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Да, ама во преден план, сега, е ставена и емоционалната страна на Декстер, нешто кое не можеше да се воочи претходните сезони.

А ми се допаѓа и тоа што Дебра го замени Хари. И тука има интересен психолошки момент во односот Дебра-Декстер и оној кој го имаше со Хари.

Убаво се гради серијата, да не уништувам со спојлери, ама трошките ветуваат многу. Сега за сега ми се допаѓа, ги изгледав двете епизоди.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Мене ми е топ. Посебно па како немам друга серија да гледам. А и ми фалеа монолозите на Декстер. Последнава сеуште не ми е гледана, а минатата некако многу очигледно заврши...не ми штима.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Ептен е добра сезонава.

Sent from my M2007J3SY using Tapatalk
6та еп вчера ја гледав. Најдобра досега. Серијава вкупно досега е топ со еден мал минус... досадуваат со Деб на секое. Ај да се појави еднаш во еп, ок, ама цели дијалози по неколку минути и неколку пати во епизода. Како и да не е умрена испаѓа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
6та еп вчера ја гледав. Најдобра досега. Серијава вкупно досега е топ со еден мал минус... досадуваат со Деб на секое. Ај да се појави еднаш во еп, ок, ама цели дијалози по неколку минути и неколку пати во епизода. Како и да не е умрена испаѓа.
Мене ми се допаѓаат, неговите конверзации со Хари ѝ дадоа посебен карактер на серијата, тој беше и разумот и грижата на совест на Декстер. Хари беше смирен и сталожен. Во неговите очи имше топлина, тој беше фигурата на татко. Дебра, пак, и дава сосема друг карактер, поенергична и побунтовна, но се брат и сестра т.е. оние се на исто рамниште. Градацијата на нејзиниот гнев зависи од околноста во која се наоѓа Декстер.

Харисон поминува низ фазата која поминувал Декстер како дете, кога убивал животни, вклучувајќи го и кучето на соседите. Хари бил со него, му дал дом и семејство, родителска грижа, но и го научил како да ги прикрива трагите, како да ги насочува нагоните кон оние криминалците кои успеваат да се протнат неказнето и му го дал Кодот. Тој му е моралниот принцип, по него се води. Само Харисон ја нема таа рационалност.

Интересна е сцената кога правеше реконструкција на нападот на Харисон во училиштето. Тоа беше долга сцена и е доказ дека тој не само што разговара со неа, туку тој и ја гледа! Тоа е сосема друг психолошки момент.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Пред години, да знаев дека ќе има уште 2 сезони немаше да го прочитам крајот (според книгите). :(
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Повторно некако сум разочаран и од вториов финиш иако беше подобар од првиот но мислам дека сепак логично беше вака да заврши.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Oд 8.9 на 8.6 падна на IMDB после последнава епизода... И надолу ќе оди.

Инаку крајов можеше и поинаку да се изведи...
Во секој случај горе долу целокупно ок остварување шо вреди да се гледа.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Јас изгледа сум единствен што смета дека крајот е идеален и дека секаков друг крај би бил катастрофален. Да не откривам за тие што немаат гледано, ама добро што не направија некој смешен крај ко крајот на на регуларните сезони, вака ем и порака си има и си се комплетира кругот на најдобар можен начин. Иначе позитивно ме изненади, квалитет на песни 10ка чиста, амбиент и сценарио исто одлично, ниедна епизода не беше промашена, сите ми држеа внимание, очекував да е нешто слабо како серијава после 4та сезона ама не беше така. И песничево си вози цела недела, на Курт песната. :)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom