Јас само би додал дека штета е што проработи американското во нив, онаа желба да се удоволи публиката, притоа бркајќи и зграбувајќи го секој дел од профитот, ненаситноста. Кај англичаните е друга логиката, вадат колку што е замислено и зацртано, некоја сезона и чао пријатно заклучуваат и завршуваат. До четврта со се четврта сезона, феноменална серија, дефинитивно една од најдобрите, но потоа ја опаднаа и постана онака........со некои клише моменти, повторно интересна за гледање донекаде, но неколку класи опадна. Како и да е со сигурност ќе го обележи времево во кое живееме како една од најдобрите.Обично после секоја серија го викам ова, ама ајде нека биде. НАЈДОБРА СЕРИЈА ЕВР! Добро, серијата можеби не, ама ликот на Декстер дефинитивно. За финалето немам некои замерки, освен тоа што сакав Декстер да се самоубие, ама вака што остана жив го прави уште посуров и посебичен, правиот стар Декстер без чувства. Жал ми беше за Дебра, најдобро одглуми од сите во серијата, многу се соживеала со улогата.
А, да, серијава ја гледав 4 месеци, намерно, зошто од првите неколку епизоди осетив колку е добро и намерно ја успорував затоа што не сакав да заврши.
Сега со секоја нова сезона си ги намалувај очекувањата, зошто ако ти се преголеми, ќе се разочараш од финалетоbla bla
Знам бе, прво кога барам серија пред да почнам да ја гледам, отварам да видам имдб колку рејтинг има финалната епизодаСега со секоја нова сезона си ги намалувај очекувањата, зошто ако ти се преголеми, ќе се разочараш од финалето![]()