Dark

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.318
Поени од реакции
57.777
Мене ме напнува серијата.
Добро, ама искрено, малку и ти не напнуваш сите нас на темава :D

Мој совет за сите кои се жалат дека не можеле да сфатат ова или она, е да успорите малку. Серијава не е за бинџање преку викенд. Направете си фамилијарно стебло ако ви помага, не е срамота. Така беше и со ГоТ, почна со 7 фамилии и едно чудо ликови, па се правеа мапи и фамилијарни стебла за полесно следење.

Компарацијата со шпански серии е нормално шега, некој да дојде прв пат на темава, никогаш нема да ја почне серијата, ќе помисли дека е некаква сапуница.

Уште еднаш ќе речам, фала Богу што не и направија dumb down на серијата. (И тоа што ме направи атеист.) Напрегнете ги мозоците малку, нема некаква штета од тоа.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
15.094
Поени од реакции
16.467

Ок де, јас си дадов мислење за серијата можи ќе ја изгледам оти не е многу долга а и ми остана сезона и пол за гледање.
Да беше како ГОТ со повеќе сезони немаше шанса да си го тупам мозокот.
 
THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
699
Поени од реакции
975
Ремек-дело е серијава, после целиот хајп што ја доби очекував многу, подобра и од тоа испадна :cuc:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Предобра серија. Ептен ми е драго што последната сезона не ми го расипа впечатокот иако според мене беше нешто послаба од претходните две. Како и да е добро ја склопија приказната. Немам некои поголеми забелешки, општиот впечаток ми е одличен и знам дека во иднина ќе ме фаќа носталгија секогаш кога ќе ми текне на серијата.

Некаде 3-4 епизоди пред крајот искрено за прв пат се изгубив малку низ тајмлајните и универзумите па требаше да се потсетувам на претходни сцени. Затоа малку ме фаќаше страв дека финалето ќе биде или лошо или нејасно/отворено за интерпретација. Ама за среќа последните две епизоди се маестрални. Колку само работи се споија со претпоследната епизода... За финалето нема што да се замери. Не очекував дека вака ќе заврши, ама е логичен крај на приказната. Не остави некои големи неодговорени прашања а и за ваква серија беше релативно лесно за следење. Емотивниот дел секако беше тука.

Единствено мислам дека серијата ќе имаше многу поголем импакт па и фан база ако не одеше на Нетфликс и сите епизоди во сезоната не излегуваа одеднаш. Друго ќе беше да излегуваше по една епизода неделно, па меѓу тие две епизоди да можевме фановите да измислуваме теории, да дебатираме, да забележуваме детали... Токму овие работи помогнаа Lost да стане култна серија, па сигурен сум дека исто ќе беше и со Dark.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.725
Поени од реакции
13.336
Ја гледав првата сезона уште кога искочи и до денеска никако да почнам со втора, иако ептен ми се свиѓаше првата.

И конечно се решив и малку ми фалеше да почнам да удирам со глава во ѕид. :D Многу работи сум заборавил, а кој знае и тогаш колку ми било јасно. Па пуштив едно-две клипчиња, отворив некоја страна, семејно стебло и сега сум спремен.

Добро е што е излезена и третата, да требаше да чекам, пак се ќе заборавев. :)
 
Член од
15 јули 2018
Мислења
39
Поени од реакции
48
Mnogu jaka serija, izgledav 4 5 epizodi i me bendisa prikaznata epten ama mnogu likovi ima teski se za pamtenje

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom