Дали денес направив добро дело?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ankica
  • Време на започнување Време на започнување
Да, им го дадов пола фрижидер на едни гладни, мали девојчиња што ми тропнаа на врата. Срцки.:back:
 
Му дадив на циганите 12 денара(сето железо шо рѓосуваше во мојот џеб)
И после постоел универзален морал, сечовечка и безвремена добрина...како не.
За некој е добро дело и кога се ослободува од товарот на рѓата во џебот. Ај сега оспори му го тоа:nesum:

*реторички муабет, не замерувајте
 
Не е денес вчера беше али после ме казни бог оти бев толку добар со тоа што го сјеба времето и не можев никако да пристапам на интернет
А доброто дело? Па го изметев паркингот пред куќата. И предниот дел од дворот на баба ми. И после бог гледа. :pos:

Марфиев закон: Секое добро дело не останува неказнето.
 
направив добро дело...
имам другар кој ако не одговара физика до понеделник ке оди на полагање...па јас земав од учебник и на лист му напишав се што е важно да го научи и да добие двојка :helou:
 
работата ја завршив денеска без грешка и навреда ,не се скарав со маж ми и ја бакнав и изгушкав керка ми,ги прашав мојте родители како се?
можеби направив некое добро дело
 
Му кажав на еден другар кога го стана професорката и успеа да не расипи оценка:pipi:Не е некое големо дело но сепак мислам дека помогнав и добро ја изиграв улогата на другарка.
 
Денес не.
Инаку темава ме потсети на сцена од серијата Сопранови. Тони Сопрано ќе треба да донеси важна одлука во неговиот мафијашки бизнис, ќе се мисли што да прави и при тоа ќе пија виски. Следната сцена е во неговиот дом каде што Сопрано е во состојба ракета воздух-воздух, се сопнува од маси, столици итн. Кармела неговата жена се симнува по скали и му помага да легни на лежајот, притоа забележува дека човекот мириса на бочва и шишенцето со антидепресиви е празно (за оние што не знаат антидепресивите се убави апчиња кои што ги препишува психијатар и од кои се умира). Тогаш Кармела го кара поради лошата копмбинација, а Тони и додава Кармела јас сум добар човек денес не повредив никого. Крај на епизода.
 
Денес не направив, вчера вечерта кога си одев накај дома низ ГТЦ сакав да им дадам на едни циганчиња пари ама.......едното почна да ме тегне за ташна, другото да се мотка околу мене и за на крај да видам дека ми ја отвориле ташната арно ама не ми фалеше ништо, и ме фати инает кај сакаш да им дадеш некој денарн тие те тегнат , те мкнат:tapp:
 
Денеска добро дело ми е што спиев од 4 до 7 часот. Тоа го сметам за добро дело, бидејќи поарно да си се одспијам како што треба, и да бидам свеж, него ли тоа време да го поминам пред компјутер...
 
Им дадов по некој денар на едни ѓупчиња што секој ден дремат пред гимназија и после 10 минути забележав дека ми џапнале 100 ден. :tapp:

И купив на мама чоколада затоа што сабајлево ми рече дека и се јадело.

Бев кај баба на малку муабет, се израдува ептен, ми кажуваше приказни од нејзиното време.

Ситници, ама значајни... :pipi:
 
Да направив. Конечно и кажав на мама тоа што криев подолго време.. Ем себеси си олеснав ем прекинав да кријам од особата што ја сакам најмногу на свет тоа што не ни смеев да скријам. Ако не друго барем не ја лажам више :pipi:
 
Слабо некако...Слабо ми оди тоа добро дело...дали било денес или незнам кога,едноставно не ми оди.Си велам викендов бар ќе направам едно добро..:pipi:
 
Денес не направив, вчера вечерта кога си одев накај дома низ ГТЦ сакав да им дадам на едни циганчиња пари ама.......едното почна да ме тегне за ташна, другото да се мотка околу мене и за на крај да видам дека ми ја отвориле ташната арно ама не ми фалеше ништо, и ме фати инает кај сакаш да им дадеш некој денарн тие те тегнат , те мкнат:tapp:
Темава НЕ е за тоа кога не си направил добро дело, туку за кога си го направил истото, и зошто сметаш дека е добро.
Придржувај се во иднина до топикот.

Слабо некако...Слабо ми оди тоа добро дело...дали било денес или незнам кога,едноставно не ми оди.Си велам викендов бар ќе направам едно добро..:pipi:
Тоа значи дека се што правиш периодов го сметаш за лошо дело?
 
Денешниов ден им го посветив на сите луѓе што се болни од некој вирус ,се молев универзалната енергија да дојде до нив и да им помогне да се справат со вирусот без компликации ,наедноставно се молев за сите а не некој посебен.
 
Добро дело според која дефиниција. Јас секој ден си правам добро дело за мене, јадам спијам... тоа на моето тело и ум му е добро дело. И ми носи благосостојба, рамонотежа и срека. А верувам дека со мојата спокојна состојба им правам добро дело на мојата фамилија која што нема да мора да ме трпи намуртена, не расположена , болна... Така да сите правиме добри дела
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom