Дали денес направив добро дело?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ankica
  • Време на започнување Време на започнување
Денес сум многу поубав од вчера, а многу помалку од утре!
Направив добро дело денес. Келнерон Кадмо ме части пијачка, Љупче од Феникс ме части пинерла.
Све ми одеше добро денес, ко Бен Стилер во Meet the Fuckers.

Направив добро дело затоа што си дозволив еден подарок кон себеси - да си купам литар боза.
Неверојатно чувство, мислиш дека го пијаш оној еликсир на младоста. Затоа што и после 7 години пијам боза од кај истиот Чичко Коцо.
Си дозволив уште еден подарок кон себеси - смислив една убава идеја, знаеш... Најдобро е некогаш да си креативен. И да, секако дека ќе бидам успешен во тоа што го смислив.
Денес направив добро дело со тоа што им се насмевнав на многу луѓе и им го разубавив денот. Денес направив добро дело затоа што изгледав секси вечерва.
Направив добро дело што му реков на гитаристон од Твистерс да ја свирaт You shook me all night long.

Сега ќе направам уште некое добро дело. Ќе изненадам некои личности со смс.
Колку добри дела, а колку краток ден. Утре е ден за повеќе добри дела! Утре е ден каде мојата креативност ќе излезе на виделина.

Ама утре е дури утре... Така?
 
Му поклонив на брат ми маица, која уште е класифицирана како нова. :back:

Аиде, со здравје да ја скинеш. :back:
 
ѓи пропуштив скоро сите на пешачките премини и надвор од зоната низ градот. :)
 
На еден човек му помогнав да ја турка колата да запали:vozbud:
 
Si kupiv leb , pomognav da trgne makedonskata ekonomija
 
Видов две кутриња сред улица, гладни изнемоштени претепани (незнам како некој може да мава со камења по мали кученца :( ) им купив млекце ги ставив во кутија во која претходно имаше покривач. И бев пресреќна :)))))))
 
Ги спакував алиштата кои што ми се здрави а мали, и му ги дадов на татко ми за да ги однесе на тие на кои што им е потребно.
 
Им пратив писма (да вистински у коверт) на сите што не сум ги видел одамна, што ми значат и што се далеку, неможам да го опишам чуството кога ќе видам коверт од некој што го сакам, (да олд скул сум) знам дека и они исто се осеќаат. Можеби не е некое посебно добро дело но е убав гест! :)
 
Зависи кој како го подразбира добри дела... Јас ништо цел ден лежам или сум на нет... За човек да направи добро дело потребно е многу пред се вера а останатото доаѓа само по себе. Како што делата без вера се мртви така и верата без дела е мртва.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom