Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Тука сме на форумов за да си помогниме за нешто, не мораш да се правиш паметен. Твојот пост ама баш никако не ми помогна. Кажи, шо треба како треба за програмава?

па добро сарказам не е за секого, а ова да таа е програмата али болје е од торент да се симне, но и ова би завршила работа, а што се однесува до исхрана , за тоа си има посебен подфорум и плус во тоа што го цитирав се прашуваше само за справа за стомачни а не за исхрана...
 
Сега јас ќе ви направам една мала дигресија.
Ако гејнерите беа лошо фрлени пари на додатоци, немаше да се произведуваат повеќе во светот.
Дефинитивно, белковините (протеини, амино киселини, како сакате крстете ги) се градивна материја.
Но, како што вие можете да направите домашен гејнер, истотака можете да направите и домашен протеин.
Зашто да фрлате пари за протеински додаток, кога пресметано со истите тие пари можете да купите повеќе грама на белковини?!
 
Збориме за истите состојки што ги има еден обичен гејнер, малтродекстрин/декстроза и веј концентрат.

Не сум овдека да судам за ничиј бизнис, ниту пак твојот, напротив веќе долго време правам реклама затоа што сум свесен дека постои квалитет кај производите кој ти ги внесуваш.
Но секогаш сум искрен, и факт е дека гејнерите (90% од нив) се голем скам во бизнисот со суплементи.
Да, постојат и такви "средени" што имаат 5 грама креатин од доза, 33% од секој поединечен витамин и минерал потребен за раст и развој, диететски влакна заедно со јаглехидратите, помалку шеќер, здрави масти, додаток на ензими за подобра дигестија и слично, но јас досега познавам само еден таков кој е внесен кај нас во македонија.
Секако, за оној кој може да си дозволи, гејнерот е поедноставен избор кога проблемот е зголемување на мускулната маса.
Но за сите оние кои сакаат да заштедат, декстрозата од BioTech и некој X протеин тука е многу поефтин избор.

А за прашањето околу протеинот, споредбата е премногу излишна.
Нормално дека можеш да купиш повеќе белковини, но не од ист вид, а сите знаеме колку се круцијални различните видови на протеини, поготово кога се работи за WHEY протеинот, како најбрзо разложувачки.
 
Далеку од тоа дека се исплашив за работата која ја работам :). Покрај гејнерите има во понуда и протеини.
Сепак, неможе така лесно да се каже дека гејнерот е фрлање пари. Тој во светот на додатоците во исхрана си има своја примена и намена. Така да, кај оние кои тешко ставаат на телесна тежина, а уште потешко на мускулна маса, гејнерот е многу подобар избор од чист протеин. Особено тинејџери кои лесно и брзо согоруваат се што ќе внесат во организмот. Гејнерот може да се искористи и како еден целосен оброк, негова соодветна замена.
Воопшто не се навредив од вашите коментари, но нема потреба и вие да се навредувате, ако некој има сосема поинакво мислење. Овде сме да дискутираме.
Конкретно за сурутката, WHEY, Која е актуелна кај сите кои помалку мрдаат по дома и се во филм на вежбање, јас лично на оние кои имаат потешкотии за зголемување на телесна тежина никогаш не би им ја препорачал. Поготово на оној кој има многу мал процент на мускулна маса на себе, а да не претерам 80% од вежбачите се во таа категорија.
Лесно е да се препорача кај некој кој е со долг стаж, кој има соодветна мускулна маса и кој знае да се храни, па во текот на денот со сигурност покрај белковините ќе внесе и соодветна количина на јаглени хидрати и масти.
Но кај почетник, особено оној кој има проблем со телесна тежина, дефинитивно гејнерот е избор број еден. Не само што тие сеуште не знаат да се храната правилно, не само што неможат тоа да го менаџираат во текот на денот, туку и фактот што конкретно кај нив соодносот на ЈХ и белковини е минимум 3:1 со цел да зголеми телесна тежина.
Но хард филинг ;)
 
Не, прашањето ми беше, која даска (значи обична даска, не зборувам за таа првата), е најдобра за почетници. Ова е пример 2100ден, ова е мислам поскапа малце, сигурно има уште неколку вакви различни даски...

Не верувам да има некоја голема разлика, но да си прашам јас. :icon_lol:

Иди на isohunt.com и пиши на search P90X...Ќе ти отвори таму едно од 4GB и симни го во него ти се вклучени сите вежби за тело кои можеш да ги правиш во домашни услови вклучувајќи ги и стомачните кои јас ги правам 4 месеци и има голем ефект...За да не луташ и да се чудиш што да вежбаш имаш и календар на распоредени вежби...Тоа е тоа не фрлај пари за такви справи,зошто можеш и без таа справа да го постигнеш посакуваниот резултат...Ти го зборам ова од искуство бидејќи и јас имав дома таква ја вежбав 3 месеци секој втор ден стомачни на неа и пепел ништо и тоа се килавев давав не 100,200% напор,додека со вежбиве за стомачни од P90X уште од првиот пат осетив разлика...:)
 
Може ли ова да се комбинира со теретана? Наскооро планирам да топам вишок на масти, ако е ефикасна програмата за тоа да ја пробам, плус во теретана би вежбал со тегови за да не ги загубам мускулите.
 
За сите пријатели на смеењето и бодибилдингот. Овие прават ремек дела :D

Ги следам веќе пола година.. доста добри совети даваат.. секој којшто сака да научи пореално за бодибилдингот браќава имаат доста информации а и резултати : )
 
Ги следам веќе пола година.. доста добри совети даваат.. секој којшто сака да научи пореално за бодибилдингот браќава имаат доста информации а и резултати : )

За тоа колку корисно инфо даваат е дискутабилно, и самите викаат дека споделуваат совети и трикови што дејстувувале кај нив, и не гарантирааат за никој друг.
Но за почетници е добро, да учат низ смеа.
 
Може ли ова да се комбинира со теретана? Наскооро планирам да топам вишок на масти, ако е ефикасна програмата за тоа да ја пробам, плус во теретана би вежбал со тегови за да не ги загубам мускулите.

Можеш зошто да не...Симни ја и види имаш многу вежби можеш да комбинираш...:)
 
Бен Пакулски? Некој повеќе инфо за него да знае, го следел некое време и слично? Разбрав бил меѓу топ 10 за најбрз напредок и трансформација нешто тој фазон.o_O
 
Може да ми кажите како има повеќе ефект од стомачни вежби, секојден или прекуден?
 
Може да ми кажите како има повеќе ефект од стомачни вежби, секојден или прекуден?

Кај мене најдобар ефект се покажа со 4 дена вежбање , пон-вто и чет-петок , среда и сабота не ги правам иако одам на тренинг.

Ама за стомачни најважно е исхраната и кардио вежбите ;)
 
-кој се поефективни протеини whey или isoflex?

-и ако може некоја ефективна програма со вежби за рамо и трапез за во еден ден и како да вежбам,пример 12 повторувања со помали тежини или 6-8 повторувања со максимална тежина или пак 12 повторувања со мак тежина
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom