Сега јас ќе ви направам една мала дигресија.
Ако гејнерите беа лошо фрлени пари на додатоци, немаше да се произведуваат повеќе во светот.
Дефинитивно, белковините (протеини, амино киселини, како сакате крстете ги) се градивна материја.
Но, како што вие можете да направите домашен гејнер, истотака можете да направите и домашен протеин.
Зашто да фрлате пари за протеински додаток, кога пресметано со истите тие пари можете да купите повеќе грама на белковини?!
Збориме за истите состојки што ги има еден обичен гејнер, малтродекстрин/декстроза и веј
концентрат.
Не сум овдека да судам за ничиј бизнис, ниту пак твојот, напротив веќе долго време правам реклама затоа што сум свесен дека постои квалитет кај производите кој ти ги внесуваш.
Но секогаш сум искрен, и факт е дека гејнерите (90% од нив) се голем скам во бизнисот со суплементи.
Да, постојат и такви "средени" што имаат 5 грама креатин од доза,
33% од секој поединечен витамин и минерал потребен за раст и развој, диететски влакна заедно со јаглехидратите, помалку шеќер, здрави масти, додаток на ензими за подобра дигестија и слично, но јас досега познавам само еден таков кој е внесен кај нас во македонија.
Секако, за оној кој може да си дозволи, гејнерот е поедноставен избор кога проблемот е зголемување на мускулната маса.
Но за сите оние кои сакаат да заштедат, декстрозата од BioTech и некој X протеин тука е многу поефтин избор.
А за прашањето околу протеинот, споредбата е премногу излишна.
Нормално дека можеш да купиш повеќе белковини, но не од ист вид, а сите знаеме колку се круцијални различните видови на протеини, поготово кога се работи за WHEY протеинот, како најбрзо разложувачки.