Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Во бодибилдингот има два термина за намалување на телесната тежина.
Конфекциски и Билдерски.
И во двата термина на крајот на вага губиме одредена телесна тежина.
Кај првиот паралелно доаѓа до намалување на постоечките ткива во организмот. Мускулно и масно. Но, на крајот визулениот изглед и покрај успехот во намалувањето на телесната тежина е идентичен како ина почетокот. Нема облини, а има можност и понатаму да имате целулит и мек изглед.
Кај билдерите целта е што е можно повеќе да се задржи мускулното ткиво а да се намали само масното. На тој начин добиваме облини и цврст изглед, мускулест. Тоа се постигнува само со правилно избалансирана исхрана (внес на сите три хранливи намирници во потребен сооднос) тежински тренинг (како цел да се одржи мускулниот тонус) и додавање на кардио тренинг (каде кардио тренингот се дозира по потреба и правилно, да не се изгорат тешко стекнатите мускули).
И за крај, потењето не преставува согорување на вишокот масно ткиво и губење на вишок килограми.
 
И за крај, потењето не преставува согорување на вишокот масно ткиво и губење на вишок килограми.
Точно, ова мора да го посочиме бидејќи очигледно многу луѓе пак го поставуваат истото прашање.
 
--- надополнето: Jun 12, 2011 7:29 PM ---

неможеш да стаиш 2-3 кила мускул

Се ладев другарче :D

Користел ли некој ALLWHEY протеин ...
Што читав ривјуа квалитетен е ама ме интересира дали некој има искуство со него ...иначе 908 грама е а кошта 1750ден.
65b4b518871302a1603724ff1798c212.jpg

Според цената изгледа за квалитетен, но не секогаш цената е мерило за квалитет, па за тоа барам совет. :)
 
Ми треба некој да ми помогне xD.Вежбам веќе 3 месеци па сметам дека ми е време да земам и ја некое суплементче.До сеа пиев и ќе продолжам со пиење на Omega3 и протеин Whey-http://www.califit.com.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=59.
Ама сакам да доземам уште нешто како на пример амино киселини,топач или нешто слично.Работам на дефиниција па би ве замолил да ми дадете некој совет што да доземам :):D
 
Ако веќе користиш протеин од сурутка, немаш потреба од аминокиселини дополнително.
Топач може само кога ќе го искористиш својот максимум во топење без него и заглавиш некаде на пат.
 
dali odi trening za noze so trening za grb vo ist den?

ako odi kazete nekoja vezba za noze :)
 
Денес вежбав бицепс и гради али дечки едно не ми е јасно...коа вежбам гради дали да правам вежби само за горни или долни,средни???!?!?! тоа не ми е јасно....и исто така и за грбот...долен горен?? како ке оди тоа?
И уште едно дали ке оди оваа програма?
Понеделник: Бицепс,Гради
Среда:Трицепс,Рамо
Петок:Нозе,Грб,стомачни??

или нешто не е во ред?
 
трицепс и рамо ти се помали групи а нозе и грб се поголеми... вежбај трицпс-грб, нозе рамо боље
 
Точно, ова мора да го посочиме бидејќи очигледно многу луѓе пак го поставуваат истото прашање.

Не е точно.

Прво телото се труди да одржи 37 степени целзиусови. Зголемено потење не е ништо друго туку одбрана со која организмот исфрла вода за да ја намали внатрешната температура да не прегрее (над 37степени). Оваа вода не испрува тек така, туку организмот ВЛОЖУВА енергија за да ја исфрли преку потните пори и тоа ПОЛОВИНА КАЛОРИЈА ЗА СЕКОЈ ГРАМ НА ПОТ бидејќи ова настанува со активен транспорт. Согласно тоа ---->

ШТО ПОВЕЌЕ СЕ ПОТИТЕ организмот ТРОШИ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ

Истото се случува и ако пиете ладна вода пример од 10 степени. Организмот ќе ја затопли на 37 степени И ЗА ОВА ЌЕ ПОТРОШИ ЕНЕРГИЈА, а енергијата мора од некаде да ја добие (масно ткиво или шеќери најчесто). Се на се ова можеби се минимален број на калории но сепак СЕ ТРОШИ енергија.
 
Здраво на сите :) Јас сум почетник во овие води, па сакав да прашам за некој совет. Денес почнав да одам во теретана, па ме интересира како и со што треба да се исхранувам. Висок сум 180cm и тежок 76kg. Имам малку салце, кое сакам да го нема :) Планирам да вежбам цело лето, па за понатаму ќе видиме.​
 
изминативе неколку месеци го намалив стомакот... но сакам уште сега од ко се распуштивме... на вечер играм фудбал(во деновите кога не сум во теретана) по 1-2 саати, и дали би било добро да трчам и надење покрај тоа што тренирам во теретана?
 
Не е точно.

Прво телото се труди да одржи 37 степени целзиусови. Зголемено потење не е ништо друго туку одбрана со која организмот исфрла вода за да ја намали внатрешната температура да не прегрее (над 37степени). Оваа вода не испрува тек така, туку организмот ВЛОЖУВА енергија за да ја исфрли преку потните пори и тоа ПОЛОВИНА КАЛОРИЈА ЗА СЕКОЈ ГРАМ НА ПОТ бидејќи ова настанува со активен транспорт. Согласно тоа ---->

ШТО ПОВЕЌЕ СЕ ПОТИТЕ организмот ТРОШИ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ

Истото се случува и ако пиете ладна вода пример од 10 степени. Организмот ќе ја затопли на 37 степени И ЗА ОВА ЌЕ ПОТРОШИ ЕНЕРГИЈА, а енергијата мора од некаде да ја добие (масно ткиво или шеќери најчесто). Се на се ова можеби се минимален број на калории но сепак СЕ ТРОШИ енергија.

Јас незнам зашто луѓето воопшто се потат. Повеќе енергија ќе потрошат за затоплување, отколку ладење.
Не филозовирајте без потреба. Некој ќе дојде до заклучок дека е потребно да излезе на пладне на сонце и потејки се да ја достигне посакуваната телесна тежина. А некој ќе помосли дека е доволно да разговара (уште еден од начините на трошење енергија) и да ослабне.
Има начин и правило како ќе го активирате вишокот на масно ткиво како извор на енергија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom