Better Call Saul

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
И така немав време да ги гледам и Walking Dead и оваа у ист ден
 
Скроз заборавив на оваа, дури година поминала. Молчи им текна. :anco:
 
Некој ако има време нека напише во кратки црти што важно се дешаваше минатата сезона и како заврши истата :D
 
Ја па стваро мислев ќе ја раскаже за 1 мин :D

Подзаборавена ми е малце, еве сега дури го пишувам ова пробувам да се сетам и појма немам што беше последната епизода
 
И Breaking Bad многу ја сакав, ама BCS е нешто друго. Секогаш со ќеф ја гледам и секоја епизода одма ми врви. Стандардните 40-минутни епизоди на АМС се ептен кратки, па се надевам дека ќе има повеќе епизоди од лани.

После првата сцена пак ќе морам да го изгледам Nebraska. Вob Odenkirk е одличен, супер би било да има плус такви сцени за контраст на животот како Џин и Џими. Инаку, Ким е срцка. :love:

А типот шо го закрпија со текилата бил и во Breaking Bad. И тогаш имал лоша среќа.

Исто и текилата била во BrBa.
NS9WEmV.jpg


Во глобала епизодата беше супер, вака само нека продолжат. Не барам ништо на ниво на BrBa, туку нека си тераат по свој пат како досега. Вака се прај prequel приказна.
 
Очекував многу повеќе, сепак чекаме цела година и епизодава ми беше меххх онака под просек. Некако пребавно се одвиваше.. Ок чекаме наредна сега :)
 
Е многу ми се јаки тие детали како текилата и типот со слушалките што бил и во BB и во BCS.

Епизодата онака, ништо посебно не се случи, освен што јас морав на википедиа да исчитам што се случуваше во прва сезона оти заборавено ми беше бар пола од дејствието.

Веројатно е дека Џими ќе има некоја поврзаност со типот со глупите патики (и Хамерот) и Начо. Логично би било приказните на Мајк и на Џими пак да се здружат некаде за да дојдеме до Саул Гудман од BB.
 
Веројатно е дека Џими ќе има некоја поврзаност со типот со глупите патики (и Хамерот) и Начо. Логично би било приказните на Мајк и на Џими пак да се здружат некаде за да дојдеме до Саул Гудман од BB.

Да се самоцитирам, не беше тешко да се претпостави.

Малце споричка беше епизодата, сеуште нема некое големо јако дејство што ќе ја мрдне приказната.
 
Според моја препоставка сезонава ќе ја тераат малце поспоро, можно е да има ситни ствари шо Џими ке ги прави, како мали прекршоци во законот, што ке си имаат свое дејство на неговиот карактер.
 
Мене ми дојде идеја на ГуставоУ Фринг, ама испадна Far Cry работава :)

Ќерка му у закон, изглеа лудичка е малце :D

Ќе биде интересно да се види што ќе бидне со Џими и Стиф наредна епизода, дали и како би се искарале.
 
Многу добро ја тераат засега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom